Може да пишете некоја интересна понуда од земјава, но и од/за странство. Лично јас сакам некаде низ Македонијава да бидам, па пишете ако наидете на било каква понуда.
Еве една релативно евтина понуда од штипска агенција за Будва. На 31-ви настапува Чолиќ, на 1-ви Џибони.
http://crvoexpress.com.mk/index.php/ponudi/novoggodisni-patuvanja/item/76-ng-budva
Еве што ќе има низ Белград
http://www.gdeizaci.com/docek-nove-godine-2016-beograd
Лани за скопска агенција ја водев турата што одеше за Будва.
1. Не можеш да правиш разглед на Св. Стефан од проста причина што е затворен за туристи од Септември до Мај, додека пак во периодот кога ќе можеш да влезеш на островот, се прави тура од 4-6 луѓе, со локален туристички водич и чини (ако добро се сеќавам) 25 евра од човек, така да, шкртај го тоа.
2. Со тоа што ќе изгубите време од патот да се симнете до Св. Стефан и да се качите горе (пешки, њама бус) ќе изгубите време да го видите стариот град во Будва (сум бил повеќе пати, мизерија ми е искрено, Котор е далеку подобар) затоа што додека се сместите во хотел (или што и да е) ќе ве фати веќе темцина, еуфорија за дочек бла бла и ништо и од тоа.
3. Дочекот е супер, лани беа Бјело Дугме и Бреговиќ ако добро ми текнува, забава до 5-6 сабајле, одлична температура, лани беше 15 степени и нема смрзнување на плоштад.
4. Доаѓа заебаниот дел, наутро, пола нема да станат, пола ќе бидат против факултативата за Дубровник и Котор (тоа што ми се случи мене) и автоматски патувањето се откажува, затоа што ќе треба да ви земат по 50 евра од човек за да ве однесат и доаѓаат заебаните работи, расправии итн итн, нешто што би ти препорачал да го заобиколиш и да одиш да уживаш низ градот. Некако, не се надевај на одржување на факултативата.
5. Гледам дека за Острог исто се доплаќа, што значи дека мала е веројатноста да се оди и до таму (во мојата тура беше гратис), така да ќе го имате веројатно и втори како цел ден низ Будва и ќе си фатите пат по дома околу 4-5 за да пристигнете во рани утрински во МКД. Доколку одите за Острог, би ти препорачал да не фаќаш превоз од паркинг до манастирот, туку поубаво е да испешачиш нагоре, нема повеќе од половина час.
Совет, фатете си такси и одете барем до Котор, доколку не си бил, мене ми е далеку поубав стариот град, него во Будва. Исто, качете се до горе, до тврдините, има многу убав поглед, подоле ќе ти ставам слика, занемарија мојата лоша брада :Д
Позитива е што станува збор за Словенска Плажа, перверзија хотел, на сам брег и на почеток на шеталиште
Ова чисто беше како совет, за да не се очекува премногу од овие тури, поготово каде што 2/3 се факултативни излети кои 90% не се одржуваат, што поради финансии, што поради мрза итн итн