Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ете читам дека општината чека предлози за споменици на албанци.
- Очекуваме нови барања за споменици и тоа за познати личности Албанци од нашата заедничка историја. Има барања од некои невладини организации. Чекаме уште од некои. Сигурно ќе има три-четири споменици во централното градско подрачје на истакнати Албанци и ќе има околу пет, можеби на новиот мост, на личности од нашата уметност и историја - изјави Тодоровиќ.
не е страшно, напротив, живееме на една черга. Прашање е бошњаци, срби, роми...ако има нека дадат предлог...ама ако има. Само не некој како Бабунски.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Луртз сакаш да ми кажеш дека ќе има место за сите на плоштад?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Малку за споредба и како идеја. На пример како градоначалникот на Струмица Зоран Заев им одава почит на личностите од Македонската Историја.(Паднати Бранители мислам дека се)

Значи се служи со нагласен Еротизам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Луртз сакаш да ми кажеш дека ќе има место за сите на плоштад?
За место ќе се погрижат оние кои се стручни за уредување на просторот, но штом се согласуваат сигурно мислат и на тоа.
Може да се тргне и онаа зграда што штрчи (како е поставена Бог знае и одговорните за ДУП-от) Лумикс. Како што се вметнаа некои згради во одредени реони од градот (и центарот), така сигурно ќе му најдат место и на овие скулптури.
Само оваа карта на меѓунационално...не е баш време за подгревање, а секако дека ќе се најде место за истакнати личности од историјата и културата на овие простори.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добра беше идејата зградата на Камчев да се урне,ќе има место за сите.Се надевам ќе видат каде треба да рушат,вака како што е и Ацета во средина не ми се верува дека ќе ги сместат.
Шо гордеење ќе биде тоа по по,сите гушнати ќе плачеме од радост на плоштад:)))
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Уште Малку Постмодернистички Историски Споменици во Скопје...И колку не го бива тој стил.

На ова место се наоѓала куќата во која Покраинскиот комитет на КПЈ за МК донело одлука за кревање на востание и поради тоа е подигнат овој споменик.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52

На ова место се наоѓала куќата во која Покраинскиот комитет на КПЈ за МК донело одлука за кревање на востание и поради тоа е подигнат овој споменик.
Ова повеќе личи на јавно WC отколку на споменик.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Последниве слики се доста грди, навистина кога вака постирате гледам што се се поставило низ градот и шуто и рогато, језив смисол за уметност
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Ги читам коментариве и не можам да останам рамнодушна, а да не коментирам.
Ок, разбирам донекаде ако нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Бошњаци... се противат на проектов, иако воопшто не треба да се бунат со оглед на вниманието кое се посветува и кон нив и нивната историја, култура, религија овде (правам паралела со правата на македонските малцинтва надвор од нашата територија, но тоа е друг муабет), меѓутоа да се крене толкава галама од родени Македонци за чие денешно постоење и живеење во слободна и самостојна држава се заслужни токму тие великани, е стварно не можам поинаку да го сфатам освен да се помирам дека тоа е оној македоски синдром на раздор, жалење и самоуништување кој изгледа никако не може да се искорени.
Можеби за некого проектов е задоцнет, можеби перидов не е најповолен, можеби е прескап, можеби од естетска гледна точка спомениците не се совршени, но ако постојано кукаме, се самосожалуваме или обвинуваме некој друг тогаш што сме постигнаме? Онаа што е најважно и што некои не го сфаќаат (иако сигурна сум дека покасно ќе го сфатат), проектов е од национален интерес, треба да донесе сплотување на духот на народот, потсетување на тоа кои сме ние, и во крајна мера зголемување на самопочитта и свеста. Сите знаеме дека Македонија не е вчерашна, иако некои сили во земјава и светов свесно се обидуваат да го испреврат сето тоа и да ни го исперат мозокот и може да се види дека успешно го прават тоа знаејќи го македоснкиот синдром што погоре го спомнав, ама ако успееме да го овековечиме физички сето тоа минато верувајте ќе се зголеми самопочитта, разумноста и свеста на народот.

Како и да е крајот делото го краси, и јас не се согласувам 100% за сите градби и споменици, за потрошената сума која се шпекулира (иако и неможам многу да се осврнам на тие податоци со оглед на тоа што истите се исполитизирани), за распоредот низ плоштадот...но таа духовна исполнетост која ќе ми ја донесе реализација на проектот, а која навистина не може да им се објасни на оние кои во моментов се противат, е многу многу посилна!
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Само уште ова да го видите Панко Брашнаров ,Велес 2008
Комбинација на Духот Каспер и Патрик Свејзи. Катастрофа е премал збор. Какви грдосии од склупури на Историски Личности поставиле во последните 7-8 години тоа е чудо.

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223

Како шо можите да забележите, ве остајвме да си се полните во душичките на темава, и да коментирате за тоа какави лепоти се дешаваат низ плоштадов денес.

Ама...

Немој да ми плукаш по скултури кои имаат права уметничка вредност, кои се дела на етаблирани македонски автори и универзитетски уметници. Не затоа шо сам се правиш „интелектуално возвишен“, туку затоа што ми го навредуваш името на под-форумот.

Глејте си работа, убави ви се спомениците, фалете ги. Немој да ќудиш нешто, на кое не му знаеш ни историја, ни вредност. Ти, и останатите вие... познавачи на историјата македонска...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само уште ова да го видите Панко Брашнаров ,Велес 2008
Комбинација на Духот Каспер и Патрик Свејзи. Катастрофа е премал збор. Какви грдосии од склупури на Историски Личности поставиле во последните 7-8 години тоа е чудо.
Абе Рефус еден,дај барем еден милион од овие што ги фрлате како да растат на гранка,па да направат Велешани поубав.И не е само овој на Панко Брашнаров има уште еден кај општината.
Стави го и на Кочо Рацин од пред Гимназија слободно,само ќе те разочарам,не вреди 10 милиони евра!
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Како шо можите да забележите, ве остајвме да си се полните во душичките на темава, и да коментирате за тоа какави лепоти се дешаваат низ плоштадов денес.

Ама...

Немој да ми плукаш по скултури кои имаат права уметничка вредност, кои се дела на етаблирани македонски автори и универзитетски уметници. Не затоа шо сам се правиш „интелектуално возвишен“, туку затоа што ми го навредуваш името на под-форумот.

Глејте си работа, убави ви се спомениците, фалете ги. Немој да ќудиш нешто, на кое не му знаеш ни историја, ни вредност. Ти, и останатите вие... познавачи на историјата македонска...
Извини Кире навистина мислиш дека Кубистичко-Таласестата Склуптурата со Главата на Панко Брашнаров во Велес од Томе Серафимовски “има права уметничка вредност“ или се работеш за иронија? Навистина не те разбрав....Без Навреда те Молам.

Абе Рефус еден,дај барем еден милион од овие што ги фрлате како да растат на гранка,па да направат Велешани поубав.И не е само овој на Панко Брашнаров има уште еден кај општината.
Стави го и на Кочо Рацин од пред Гимназија слободно,само ќе те разочарам,не вреди 10 милиони евра!
Не зборувам за цената зборувам за ететиката на Гемиџиите и на Панко Брашнаров. Кочо Рацин исто на Томе Серафимовски не е толку лош додуше во Ала Тито Поза...Исто така Коњаникот во Велес е Добар.

Поентата ми беше дека Пост-Модернизам не е соодветен стил за Споменици на Историски Личности
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Извини Кире навистина мислиш дека Кубистичко-Таласестата Склуптурата со Главата на Панко Брашнаров во Велес од Томе Серафимовски “има права уметничка вредност“ или се работеш за иронија? Навистина не те разбрав....Без Навреда те Молам.
Ич без навреда, иако по стоти пат се колнам дека ќе прекинам да коментирам на темава, ќе ти одговорам. Најкултурно што можам.

Прво грешка си во стилот. Овде нема кубизам. Примеси негови можеби, али далеку од тоа дека може да се дефинира како кубистичка скулптура ова.

Како второ, не мислам дека има уметничка вредност - знам дека ја има. Томе Серафимовски, иако последните дела му содржат мала доза на површност, е еден висококвалитетен академски уметник. Значи, уметник кој учел, и кој ја познава уметноста. Запознај се и проучи ги неговите дела, па ќе сфатиш (можда) која ми е поентата.

Уметничко дело е парче творештво, во кое има развиена мисла и авторска порака. Тоа е дело во кое уметникот ја дава својата точка на гледање, и дозволува на перцепиентот истата да ја сфати, или да ја протумачи на негов сопствен начин.

Понатаму, што се однесува до (за вас) безвредните дела од времето на Доцната Модерна: во светот, насекаде, тој е период кој, после Ренесансата е прогласен за најреволуционерниот период од аспект на архитектурата и уметноста. Тие дела кои вие ги претставувате се отслик на тоа време, на време во кое почнува да се велича чистата форма, едноставниот изглед, ненаметливоста, елеганцијата на минималното. Затоа, често е кажано: немој да ја критикуваш уметноста, ако не знаеш истата што претставува.

Само едно, крајно ќе ве замолам. Не мора да ви се допаѓаат некои работи, како што не мора ни мене. Ствар на вкус, прифатлив стил или наметнато мислење, како и да е. Но, за последен пат - немојте да го навредувате тој период од творештвото со зборот „комуњарски дела“. Се плукајте, како сакате навредувајте го и тој систем, и кој сакате друг. За нив не ми е ама баш ич гајле. Немојте да ги навредувате делата, етикетирајќи ги толку плитко.

Фала.
 
Нема врска ни со Идеологија ни со Пари ни со ништо...
Анархо-Либерлаен сум а модерна ми е од најомилените стилови.Но, си има свое место и намена. Еве некој од поасалните во тој стил во Скопје

Kajgana Shop

На врв Bottom