Нови регистарски таблички од 01-01-2008

dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
ova tablicive izgleda ce otidat u istorija, isto kako imevo nase :jaj:

Od RM sto trebase na tablicive ni M nema da ostane :tapp:

Aj ce cekame nov zakon, za nekoi so ( Skopje ) u zagrada izgleda :baeh:
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
еве го од Службен весник ... официјално

:uvo: сакале-нејќеле , добиле...

Тц тц тц тц... што не пробвахте да са на кирилица? Ние поне не сложихме буквите U,R,S,V,W,G... Е, а това с Штип е врха... аз не помньа, по времето на Jугославиjа, табелите ви на латиница ли беха?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Да, на латиница беа. Исто латинично писмо и фонт, низ цела Југославија.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
И што испадна со табличкиве ? 2010 уште малку ќе доjде,еееее Македониjо! :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Се чека решавање на спорот со името... па ако дојде нож до коска, да пишува северна Македонија или незнам каква...
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Хахахаха.:vozbud:
North Macedonia изгледа сакаат да напишат односно кратенката NMK, едноставно немам коментар.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Хахахаха.:vozbud:
North Macedonia изгледа сакаат да напишат односно кратенката NMK, едноставно немам коментар.
Јебига, поарно така отколку да ги смениме сега, па по 3-4 години пак наново.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Конечно стигаат новите, има уште една две теми за истава работа, не можам да ги најдам, спојте ги
Нема обврска за замена на старите таблички



НОВИТЕ ТАБЛИЧКИ ЧЕКААТ ТЕНДЕР
Нема обврска за замена на старите таблички
На предната табличка може да се испише натпис по желба на сопственикот, составен од три до девет црни букви и броеви. Може да се стави и тире наместо една буква или бројка. Натписот не може да биде провокативен, неетички или спротивен на правниот поредок на Македонија, предвидува Правилникот


Новите регистарски таблички ќе стартуваат откако ќе заврши тендерот за нивна набавка, што деновиве ќе го распише Министерството за внатрешни работи. Граѓаните не треба да се грижат, порачуваат од МВР, зашто комбинации од букви и бројки за постојните таблички има за до крај на година.
"А дотогаш ќе заврши тендерот, по што ќе се знае и цената на новите регистарски таблички", вели Иво Котевски, помошник-министер во МВР.
Сепак, Министерството си дало фора од шест месеци за да ги применува новите таблички. Во Правилникот за формата, содржината и начинот на издавање на табличките, објавен во "Службен весник" од 10 август, стои дека ќе почне да се применува по шест месеци од влегувањето во сила.
Со Правилникот не е предвидена обврска за замена на старите со нови таблички.
"Доколку граѓанинот со стари таблички сака да ги замени постојните, може, но задолжително, нови таблички следуваат при прва регистрација на моторно и приклучно возило, при промена на регистрационо подрачје - на пример, ако автомобилот има таблички од Прилеп, а се регистрира во Струмица, како и при замена на изгубени таблички", објаснуваат во МВР.
Новите таблички наместо како досега три ќе имаат 4 бројки и две букви, со што десетпати се зголемува можноста за комбинирање. Ќе бидат стандардизирани со табличките што се употребуваат во земјите на ЕУ, што значи ќе имаат поголема заштита и сигурност од фалсификување.
По барање на сопственикот, на предната табличка може да се испише натпис по желба, составен од три до девет црни букви и броеви. Може да се стави и тире наместо една буква или бројка. Натписот не може да биде провокативен, неетички или спротивен на правниот поредок на Македонија, предвидува Правилникот.
Иако се најавуваше воведување нови ознаки за неколку града, списокот на ознаки е непроменет и содржи ознаки за 17 регистрациони подрачја.
(А.С.)

Празно местото за ознаката на ЕУ

Правилникот предвидува металните таблички да бидат прекриени со ретрорефлектирачка фолија во бела боја, на која со црни букви и броеви се испишани регистрационото подрачје на латиница, регистарскиот број од 4 броеви и две букви на латиница. Табличката содржи сино поле во кое во долниот дел е испишана националната автоознака за Македонија, а во горниот дел е оставен празен простор за ознаката на Европската унија. Помеѓу ознаката на регистрационото подрачје и регистарскиот број е поставен црвена правоаголна подлога на која со жолти букви се испишани регистрационото подрачје и буквената ознака, на кирилица.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Што бидна со табличките од Службениот весник? Дали сите региони посебно ќе се изделат или не? И кога ќе заврши тој тендерот?
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Нови регистарски таблички за 1200 денари од понеделник 20.02.2012 - менувањето не е задолжително.

Повеќе тука и тука. ;)
 
М

Мартин`

Гостин
Новина е што се воведуваат регистарски таблици означени на поинаков начин по барање на сопственикот. Тие ќе може да содржат најмлаку три, а најмногу девет црни букви и броеви, при што натписот немее да биде провокативен, неетички или спротвен на правниот поредок на Република Македонија. Ќе се прицврстуваат на предниот дел на возилото. Цената за овие таблички е 1.200 евра во денарска противвредност.
Кој ненормален ќе даде 1200 евра само да му пишува некоја бројка/буква плус ? и да знае некој дали се плаќаат волку поскапо за разлика од стандардните и во останатите држави или само кај нас колку да фатат пари.. зошто во Турција секоја втора кола имаше табличка со име. И кај можеме да видиме асална слика од табличкиве како ќе изгледаат оти гледам (префикс_за_градот) (грб_на_градот) (4бројки) ..
 
П

Паспарту

Гостин
Новиве визуелно се многу подобри од овие сегашниве. Инаку само будала ќе фрли 1200 евра за да го има името на таблица, некој да не знае која е цената во САД за истата оваа работа со имињава?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Тц тц тц тц... што не пробвахте да са на кирилица? Ние поне не сложихме буквите U,R,S,V,W,G... Е, а това с Штип е врха... аз не помньа, по времето на Jугославиjа, табелите ви на латиница ли беха?
Јас не сваќам како оди работава со бугарските таблици. Кои букви ви се на латиница? P (П) мислам дека е на латиница ако не се лажам. И кои други беа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom