Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.096
- Поени од реакции
- 34.093
Здраво,
Како што знаете, во тек е организација на програмата на нашето интернет радио - Кајгана радио!
Бидејќи тука сме си наши и не глумиме „Холивуд“, како добри домаќини редно е да им дадеме предност на нашите членови и млади изведувачи кои сакаат да ги презентираат своите дела во нашата програма. Знам дека на форумов има доста талентирани автори кои имаат големо творештво позади нив, но голем дел од тие дела најчесто само „дремат“ во фолдерите на компјутерот и чекаат да бидат чуени од публиката. Чат-пат презентација на Јутуб и Фејсбук, многу тешко на домашните радија и ТВ станици.
Доколку сакате да ја збогатиме базата на песни кои ќе ги стримуваме до нашите слушатели, ослободете ги вашите дела и споделете ги со диџеите (форумџиите) за почесто да ги вртиме во нашата програма. Емпетројките може да ги закачите на некој од сервисите за споделување (како на пример SoundCloud или WeTransfer - тука може да закачите цела зипувана архива од вашите дела) и испратете го линкот во темава или кај мене во директна порака.
Знам дека на членовите како Кискино Cyber Knightи тн. (особено од рап и електронската багра) ќе имаат нешто да споделат. Во план е да организираме и посебни емисии посветени на македонските автори, затоа што тие го заслужуваат тоа. Ако имате идеи или знаете некој форумџија кој би сакал да ја сподели својата музика со слушателите на нашето интернет радио, слободно тагирајте го или дајте му го линкот до темава
Поздрав!