Интересна ми се виде, мада веќе се заситува пазарот со такви игри инспирирани од таква култура и колку што ми е познато ќе биде без одбирање на тежина.
Главниот лик чиста копија ми се виде на Monkey King од Dota2
Напротив, кинескиот пантеон/фолклор едвај дали има загребано низ западните интерпретации, со исклучок вака преку некој соло обид ко Вуконг, што им е можда и најголем ентертејмент експорт(да го има и во Дота,ЛОЛ,Ворфрејм... Гоку е базиран на него исто), освен ако не ги сметаш за исто со јапанскиот и корејскиот.
Овие иначе почнале ко микро, сеа се веќе медиум студио со екс Тенсент вработени, до крај на играва ќе се мејџор.
Ова и уште некои што им се во девелопмент е многу можно да потегнат засилена експанзија на трипл еј кластери кај нив и полека да ги пребродат смешните мобајл нокофи што им се главен аутпут.. ко и во се останато, насобраа доволно дата преку имање удел во сите поголеми западни студија/издавачи/сервиси и сеа агресивно ќе надоместат за тоа што влагаат во играта подоцна.