И јас од Black Flag директно на Origins скокнав.
Не знам... Origins е одлична игра, немам така некои значајни забелешки искрено, но играта после неколку саати сама ме оддалечи. Не знам зошто но секој нов клик на иконата на десктоп ми беше се помлитав и помлитав со секое ново пуштање на играта.
Сајд квестовите не беа доволно добри, но варијабилноста на оружја беше сосем доволна. Одлично имплементирани нови механики (таргетирање, комба и сл), а графичките подобрувања нема потреба да ги спомнуваме. Реков "нови механики" бидеќи како што кажав, последно што имав играно од франшизава беше Black Flag а таму ги немаше тие механики.
Не дека не успеав да навлезам во играта, поминав доста, ако добро се сеќавам завршив едно DLC но не влегов повторно и почнав Вичер 3.
Играта едноставно ми здодеа, за жал. Истото ми се случи и со претходната, а сакав со вузбида да ми биде исполнето секое ново превлегување во играта али не, јбг.
.....
Очекувам многу од новава која ја спремаат искрено. Според мои и за мои преференции сметам дека оваа тематика ќе биде далеку повозбудлива и како голем фанатик на нордската култура не се соменвам дека ќе имам more immersive experience.