Нови дела од македонски автори

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Член од
8 септември 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Промовирана и трета книга од Коста Петров...
https://www.kniga.mk/index.php/news/promoci-a-na-tretata-kniga-na-kosta-petrov-nasheto-posledno-kafe.html
Книгиве му се просечни, накај потпросечни, но гладен сум за вакви книги од наши автори и (за жал) повторно ќе купам негова книга, кога веќе нема подобро.
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=32709
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Сага за несреќната љубовница Македонија

"Љубовница" е насловот на романот на Ката Мисиркова - Руменова,
"Љубовница" е поврзан за Македонија и македонштината, но на поинаков, метафоричен начин. Романот е интимна приказна за една Македонка, која судбината ја носи меѓу туѓинци и којашто се труди да си ги зачува животот и достоинството, притоа станувајќи љубовница на многу луѓе. Од тројцата синови што ги раѓа, двајца и земаат, а и останува само едно дете што ќе го крсти Јанидокем, име што упатува на Македонија.

Насловот "Љубовница" е метафора, како што е метафора и целиот роман. Според писателката, тоа што му се случува на главниот женски лик во романот и се случува и на нашата земја која кокетира со сите, а на крајот во загуба е самата таа.
Во романот има еротски сцени и пасуси набиени со сензуалност.
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
301
Поени од реакции
1.626
Расказите на Виолета Танчева-Златева би требало да се интересни, главно е позната како поетеса, а ова се собирани раскази што ги пишувала уште од раната младост.
raskazi_od_minatiot_vek-3_1.png

И оваа книга раскази ми изгледа интересна, откако ќе ја прочитам, ќе кажам мислење.

pred_crkovnite_porti_1.png

Агрон Усеини пишува научна фантастика. Овириум (помеѓу светови) е продолжение на Овириум (отаде смртта), објавена 2021 г.

ovirium_-_pomegu_svetovi_1.png

ovirium_1_1.png
 
Член од
11 ноември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Денес го завршив романот „Синовите на Адам“ од Михајло Свидерски. Ивонреден роман за детската проституција во Скопје. Деца се искористуваат во елитни места за забава. Приказната е тажна, раскажува дете, потресно и моќно. Дејството не остава да се испушти книгата од раце.
Сега ќе ја читам следната негова книга, Последниот Ханс, ја има у Браќа Миладиновци сте ја читале?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.772
Поени од реакции
33.515
Сега ќе ја читам следната негова книга, Последниот Ханс, ја има у Браќа Миладиновци сте ја читале?
„Последните денови на Ханс“* е романот. Издание на Или Или од 2019. Беше финалист за Роман на годината на Фондација „Славко Јаневски“. Таа година наградата ја освои „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова. Инаку, не, ја немам читано „Последните денови на Ханс“. Прочитај ја, па кажи ни дали вреди, па би ја ѕирнале, зошто да не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom