Нови дела од македонски автори

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Бидејќи некако не им посветуваме доволно внимание на домашните автори, дали од недоволна информираност, неможност да се информираме или едноставно послаб интерес, темава нека служи за известување за новите дела (романи, раскази, поезија сеедно) и промоции што излегуваат и се одржуваат кај нас.

Ќе започнам со вториот роман на Лидија Димковска - „Резервен живот“.



„Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност. Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 година од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја.

„Приказната се одвива од 1984 до 2012 година што значи дека опфаќа еден голем период во кој се случија многу промени на општествен план не само во Македонија, во земјите од бивша Југославија, туку и во светот и сите тие промени секако се одразуваат на животот на главните ликови во мојот роман. Се работи за една актуелна приказна која можеби и повеќе од „Скриена камера“ го отсликува животот како таков. Е, сега прашање е дали имаме и резервен живот, ама на тоа секој читател ќе мора сам да си одговори откако ќе го прочита романот.“

Романот е издание на издавачката куќа Или-Или.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Фина тема, ај ако има уште вакви ставете.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Добра тема навистина. А каде можам да го најдам романот што е погоре?
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Ќе пишам за 2-3 нови македонски романи.
1. Ермис Лафазановски - Историја на луѓето кои умреа од страв.
Еве што викаат за делото и авторот - Дејството се случува во седумдесеттите години во Скопје и е поврзано со секојдневниот живот на неколкумина странци, кои се привремено сместени во една распадната барака на периферија на градот. Тие се, главно, емигранти и политички бегалци, кои чекаат да биде решен нивниот статус и да го продолжат својот пат.

- Романот изобилува со интересни ликови чии меѓусебни односи градат една колку веројатна, толку и неверојатна слика за духот на времето, во кое ликовите ги доживуваат најголемите премрежиња, но и ситни радости. Антропологијата на стравот, манипулативните стратегии што го користат стравот како секојдневно оружје за затапување на сетилата за објективност е една од клучните теми што преовладуваат во овој роман, информира издавачот „Магор“.

Ермис Лафазановски (1961) е раскажувач, романсиер, историчар и теоретичар на литературата. Доктор е по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Член е на ДПМ од 1994 година. Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои „Стале Попов” на Друштвото на писателите на Македонија и „Прозни мајстори” на фондацијата „Македонија презент”.

2. Томислав Османли - Зад аголот
Ова е роман за играта на судбинското и на случајното. Сложената приказна се преплетува со голем број ликови, перипетии, динамична нарација и промена на времињата и на местата на случувањата. Во неа се меша современоста и историјата, фантастиката и реалноста, длабејќи го наративот за парадоксалниот геометризам на изненадата што демне зад првиот свијок.

Таа го чека и Питагора, древниот мудрец од сјајните антички градови Самос и Кротон, и Никола Кокиновски професор по геометрија од современо Скопје, и младиот надежен, невработен компјутерски експерт Гордан Конев кој електронски се допишува со својот интернет-пријател Џозеф Ковачек, исто така експерт за компјутери, но мобилизиран во НАТО-базата Авијано со задача да ги надгледува и да ги регистрира бомбардирањата на територијата на некогашна СР Југославија...

„Зад аголот“ е монтажно, мултимедиски, филмски, на места и стриповно, ирониски, но и емпатиски, во секој случај крајно возбудливо раскажан роман за играта на судбинското и за случајното; за љубовта и за предавството, за војната и за изневерата, за залудноста на занесните алтруистички проекти и за надвладувањето на егоизмот низ текот на вкупната човекова историја, за носталгијата како отпор кон расточувањето на здржаните вредности, под суровиот удар на новите времиња и системи, за суровиот глобализам и задржувањето на локалниот културен идентитет и повест за спората, продолжена еднодецениска смрт на една голема земја, на еден систем на вредности и цел еден светоглед на неколку генерации - што се одвива на самиот крај од 20 столетие...
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
(y)

„Се гледаме на врвот“ - Коста Петров
достапна во книжарница ТРИ од 1-ви февруари.



http://www.facebook.com/pages/Се-гледаме-на-врвот/186773511465480

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D26E17160D0A33418850BF9AF425523A
Значи нешто подосадно на фејсбук од "Во бестрага" моментално е оваа книга.
Мене ми се чини дека е префорсирана, еве некој ако ја има прочитано нека ме убеди во спротивното.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Значи нешто подосадно на фејсбук од "Во бестрага" моментално е оваа книга.
Мене ми се чини дека е префорсирана, еве некој ако ја има прочитано нека ме убеди во спротивното.
Насловов ми личи нешто као овие self-help / мотивациони книги. Такво нешто е?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Значи нешто подосадно на фејсбук од "Во бестрага" моментално е оваа книга.
Мене ми се чини дека е префорсирана, еве некој ако ја има прочитано нека ме убеди во спротивното.
Јас ја читав, се чита брзо, ама ако ми беше за фалење ќе си напишев сам книга :) Добро е тоа што е од македонски автор, пишува за својот живот, пишува за неговите неуспеси и како тие го воделе до поголеми успеси. Низ текстот се провлекува и тоа дека тој е следбеник на Кабалата, ама никаде не пишува како станал дел од неа, потоа за неговата случајна средба со Мадона (и колку е таа прекрасна, а не како што ја прават медиумите), синот на Доналд Трамп со кој е во постојан контакт, но сепак не се најдобри другари на светот. Запознаен сум со неговата фирма, точно е дека организираат настани на кои учествуваат вработени од доста силни фирми од цел Свет, вака на хартија станува збор за одлична фирма во која секој млад би сакал да работи, не знам каква е реалната ситуација. И стварно не ми е јасно како ја заборавил својата музичка кариера, кога веќе пишувал за себе. Песната изгледа е избришана од сите места кај што ја имало, ама трагите на интернет тешко се бришат.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И стварно не ми е јасно како ја заборавил својата музичка кариера, кога веќе пишувал за себе. Песната изгледа е избришана од сите места кај што ја имало, ама трагите на интернет тешко се бришат.
Делот од неговата биографија за кој веројатно дечково не е многу горд, па да го лупне во книга (која цели да биде успешна, и да говори за неговите успеси).
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
"И официјално го најавуваме објавувањето на третиот роман на нашиот омилен писател, Винка Саздова."

Еве нешто и за љубителите на "Последниот чај" и "Полиња со диви нарциси". Мене не ми се прочитани.

vinka sazdova.jpg
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
(y)

„Се гледаме на врвот“ - Коста Петров
достапна во книжарница ТРИ од 1-ви февруари.



http://www.facebook.com/pages/Се-гледаме-на-врвот/186773511465480

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D26E17160D0A33418850BF9AF425523A
Се распродало првото издание на книгава и од вчера е во проджаба второто издание со ново поглавје и нов епилог.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=091FB4487498864683098F095B2B4042
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Давор Стојановски, млад книжевник. Вечерва во 20:30 во МКЦ се одржува промоцијата на неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“.



Во продолжение интервјуто од Нова Македонија.

Интелигенцијата и среќата се разминуваат

Брзото пишување е очекувана последица на поп-културата, која очигледно е навлезена и во литературата. Така може да се пишува само дневник или споменар, но не и роман, расказ или поезија, вели Стојановски, чиј прв роман, „Ненасловена месечева соната“ доправа ќе стигне во рацете на читателите.

Во овој свет на брендови сѐ, па вклучувајќи ја и книжевноста, претставува реклама и се продава како продукт. Јон, како и книгите што ги сакам, се држи настрана од гласот на мнозинството, повеќе е интимен и има некој посебен шарм, специфична убавина. Тој нема име во почетокот од својот живот, а и кога добива - за него имињата остануваат само формална обвивка, само нешто незначајно, со кое се претставуваш пред светот. Затоа, доколку е принуден, тој би одбрал друго име за себе, поописно. Името не е предодредувач на судбината, но немањето име дефинитивно е, вели 26-годишниот Давор Стојановски за темата што се проблематизира во неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“. Вечерва, во 20 часот, во МКЦ книгата ќе ја промовира Венко Андоновски. Досега за своето пишување Стојановски ја добил наградата „Ана Франк“, а пред две години беше и еден од лауреатите на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“.

Романот се смета за најтешка и најделикатна книжевна форма. Како се одлучивте на ваков подвиг?
- Тоа што имав да го раскажам, како и начинот на кој требаше да се вклопи во целина, најмногу одговараше да се преточи во роман. Од друга страна, си поигрувам со некои од концепциите на оваа книжевна форма и на романескните постмодернистички техники. Сепак, обемот на делото не е секогаш показател на вештината или деликатноста на писателот. Најважно е напишаното да биде квалитетно. Некогаш една страница е многу подрагоцена од десетина.

Колку долго работевте на него?
- Осум години работев на формата што постои денес, а уште две години претходно, кога постоеше само првичната замисла и кога си замислував што сѐ треба да се случи до крајот. Многу работи се сменија од почетокот, а последнава варијанта е, инаку, трета по ред.

Кога ќе ја земат читателите книгата в раце може ли во неа да препознаат некој познат писател?
- Ова е тешко прашање ако треба јас да го одговорам. Тоа би можеле најдобро да го кажат самите читатели. Стиловите, приказните и зборовите што еднаш сме ги воспримиле, засекогаш остануваат да постојат во нас и ние не можеме, а и не смееме да се ослободиме од нив. Имам многу книжевни „учители“ во тој поглед. Би сакал читателот да ги открие.

За главниот лик Јон велите дека е интелигентен и многу несреќен. Дали тој спој е вистински рецепт за градење главен лик, одат ли овие две работи рака под рака?
- Интелигенцијата и среќата се обратнопропорционални. Но со интелигенција употребена на вистински начин, доблесно и корисно, може да се достигне нешто што личи на среќа. Ликот на Јон е граден во неколку дијаметралности, но колку и да беше несреќен, тој мораше да достигне и нешто што го смета(ме) за среќа. Јон е нешто меѓу скитник и благородник, и го сакаш и го мразиш. Почитувајќи едно аристотеловско начело, не дозволив да биде премногу несреќен. И покрај маркираноста тој сепак ја наоѓа својата Сандра. Тој е приказна што мора да се раскаже и да заживее во нечие тело.

По години објавувате роман, но постојат писатели што објавуваат книга еднаш годишно. Што мислите за таквата пишувачка хиперпродукција?
- Романот, се разбира, е покапитално дело. Но и за кратка проза, времето, за среќа или за жал, е неопходен критериум за неговата успешност. Доколку не постои самокритичност и скепса кај авторот, доколку напишаното не подлегне на барем една, но и на повеќе ревизии - тогаш не сме искрени пред себе. Дури ни поезијата, која е поинстантен изблик од прозните жанрови, не смее да се сведе на брзо пишување или на скрибомански подвиг. Постои нешто надвор од временските и просторните рамки што го диктира пишувањето. Секако, брзото пишување е очекувана последица на поп-културата, која очигледно е навлезена и во литературата. Така може да се пишува само дневник или споменар. Мислата е најнедофатна кога мора да се материјализира во збор. Затоа треба да ѝ се посвети време, таа го заслужува тоа. Во поп-културното општество тешко е да се распознае квалитетот, затоа што отсуствува критериум за естетска вредност. А и во секоја уметност и во секој дел од живеењето владее феноменот на царевото руво.

Квалитетното пишување е како одлежано виски

Пишувањето ќе го споредам на овој начин. Од една страна постои кафеанска „брља“, а од друга страна постои долго одлежано виски. И двете можат да ја достигнат саканата еуфорија, но вкусот и последиците од нивното консумирање се мошне различни. Но дури и да ви се сервира старо и долго одлежано виски, за да процените дека тоа има исклучителен квалитет, сепак ви треба научено или истренирано непце. Мишел Фуко вели дека секој автор е писател, но и дека секој писател не е автор. Ако смеам да се изразам со неговата синтакса, тогаш би рекол дека она што ѝ треба на книжевната продукција во Македонија (а и во светот), не се пишувачи ниту писатели, туку повеќе автори.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Најубавата вест која денеска ја прочитав. Радован Павловски, принцот на метафората, мојот омилен лик, утре на 4 декември во Матица ќе ја промовира својата поезија собрана во три тома. Истата ќе се состои со предговор на поетот и литературен критичар Раде Силјан. Се надевам дека за кратко време неговите дела ќе бидат сместени на некои од моите полици.


Инфо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom