Нови возачки дозволи

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од marija aleksova, 20 април 2007.

  1. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    76.593
    Допаѓања:
    158.436
    Да, мислам 30 евра беше.
     
  2. MD_

    MD_ Гостин

    Можат
     
  3. Gladiatorized

    Gladiatorized

    Член од:
    11 ноември 2015
    Мислења:
    229
    Допаѓања:
    49
    Може да Ве казнат, бидејќи согласно законот обврзани сте да ја носете со себе (заедно со собраќајната и картончето/книшката од возачката за внесување казнени поени) доколку Вие го управувате возилото. Доколку, пак некој друг управува со возилото, а Вие сте на совозачкото или на задните седишта од возилото, тогаш сообраќајниот полицаец од Вас може да побара само лична карта за идентификување доколку се работи за рутинска контрола, а пак од управувачот на возилото и лична карта и собраќајна дозвола и возачка дозвола и картончето/книшката од возачката за внесување казнени поени. Во секој случај, тој што управува со возилото, а притоа ги нема понесено со себе соодветните документи, тогаш со сигурност му следува казна (соодветна на прекршокот) + доколку при рутинскиот преглед не имате врзано сигурносни појаси и на двајцата ќе Ви следува казна од (мислам беше 20 евра). Затоа, друг пат поголемо внимание и понесете се со себе и ставете сигурносни појаси.;)
     
  4. Spell Caster

    Spell Caster

    Член од:
    19 август 2010
    Мислења:
    956
    Допаѓања:
    1.864
    Друштво, видов дека го препорачуват Кекец како автошкола во Аеродром (Железничка).
    Има некој што бил во Виза, исто таму?
     
  5. neonka21

    neonka21

    Член од:
    21 јули 2010
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    320
    Каде можам да извадам крвно картонче во Скопје во Центар ??? За обновување на возачка дозвола ми е, од стара во нова
     
  6. LionHeartMK

    LionHeartMK

    Член од:
    23 јануари 2018
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Има ли некој искуство со полагање на испит за добивање "Сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки" т.е. впишување на код 95 во возачката дозвола. Во мојот случај имам Б, Ц и ЦЕ но без впишан "информациски код"
     
  7. Black Hok

    Black Hok CRUISE

    Член од:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2.332
    Допаѓања:
    1.194
    Jas imam. 6.200 denara vo Amerit. Obicen zolt list, toj Dejan od Amerit vikase koga go pokazuvas na granica vo EU ti se smejat, ne vredi nisto, ama mora da go imas. Jas vozam Makedonija-Srbija-Ungarija do sea sum nemal problem vo ovie nekolku mesecna shoferska kariera. Vazi 5 godini. Za kod 95 treba da imas Evropski dokumenti ako ne se lazam.
     
  8. LionHeartMK

    LionHeartMK

    Член од:
    23 јануари 2018
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Беше ли на обука "часови" , и како иде процедурата со полагањето. Прочитав дека електронски се полага, во Министерство за транспорт и врски.
     
  9. Black Hok

    Black Hok CRUISE

    Член од:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2.332
    Допаѓања:
    1.194
    Гледаш на интернет кога има термин за обука. Одиш на терминот, само обуката трае 3-4 часа, не е за брзо, бидејќи е само еднаш.После обуката одиш во канцеларија да ти ги дадат тестовите. Од кога ќе ти ги дадат тестовите имаш термин на Америт кога полагаш, ние полагавме на УКИМ-Правен факултет мислам беше. Испитот трае 60 минути, и имаш луфта 70% од тестот да ти е точен. Значи од 100 прашање ако точно одговориш на 70 минеш. Така беше лани, сеа може е сменето нешто.
    Се полага електронски, на компјутер. Задолжително да си носиш лична карта. Влегувате да полагате, пред секој компјутер имаш шифра, ја пишеш шифрата се логираш и започува испитот. Резултатите ти ги кажуваат одма дали си или не си положен. Ако си после 10-тина дена се јавуваш во Министерство за транспорт, тоа беше едно баракиче на плоштадот, памтам имаше некој факултет таму, дали за театар глума или нешто имаше, ти кажуваат дали ти е готов сертификатот, треба да уплатиш во банка и да ти го дадат уверението и тоа е тоа.
     
    На LionHeartMK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Great Dragon

    Great Dragon

    Член од:
    21 октомври 2016
    Мислења:
    229
    Допаѓања:
    243
    Тоа не е код 95

    Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
     
  11. LionHeartMK

    LionHeartMK

    Член од:
    23 јануари 2018
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Цитирам:
    "Министерството за транспорт издаваше хартиена форма на сертификат кој покажуваше дека возачите имаат завршена обука, меѓутоа со ваква возачка дозвола која што ја признава Германија веќе ќе може да се запише кодот 95. Формата и обликот на возачките дозволи е усогласен, меѓутоа бидејќи постојат раздвоени ингеренции на Министерството на транспорт и на Министерството за внатрешни работи, за да биде комплетно внесувањето на код 95, бидејќи такво поле веќе постои во возачките дозволи, потребно е само пропишување на процедури врз основа на што возачите ќе докажуваат дека го положиле испитот за професионална компетентност, за во МВР кога ќе им ги издаваат возачките дозволи да им се впише и код 95“, вели Биљана Муратовска – Асоцијација на здруженија на превозници „Макам -транс"
     
  12. Бавареец

    Бавареец

    Член од:
    14 октомври 2017
    Мислења:
    84
    Допаѓања:
    15
    Здраво, некој да ми ја објасни процедурата за вадење на сите документи за возачка дозвола "Б" категорија пред да почнам со обука. И дали некој знај во Прилеп кај се вади Црвен Крст?
     
  13. Alfista

    Alfista

    Член од:
    22 декември 2018
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    5
    Прво ќе си извадиш лекарско уверение, тоа почнуваш во таа зградата наспроти медицинското училиште во пп и ќе те упатат нагоре ваму таму да си прошеташ, после бираш авто школа си се нацртуваш зависи колку ќе ти побараат за обука, црвен крст се полага одма тука до паркот кај судот, во таа голема зграда со бела ограда.
    За малку ќе заборавев ти треба и сведителство за завршено најмалку основно образование, заверено на нотар.
     
  14. tigrica92

    tigrica92

    Член од:
    13 март 2014
    Мислења:
    630
    Допаѓања:
    125
    Здраво на сите...тие што имате положено, од кој пат градска положивте и колку пари ве фати се на се ? :) И дали по извесно време се опуштивте да возите по други градови,,, мене многу ми е страв на автопат како ќе се снајдам..
     
  15. kicodarker

    kicodarker Гостин

    Вози си со искусен што знае да ти објасни. На автопат е побрзо но поедноставно и ќе научиш контрола на возилото на поголеми брзини. Не е страшно,само пак, имај искусен човек за да знаеш дали ти е океј возењето или не.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: