Можеби погрешно се изразив. Не дека Macedalien употребува вулгарности туку спротивно. Сакав да кажам дека не треба вулгарности како што Macedalien се обиде со факти да докаже ама не успеа. А кога веќе пишувам да го кажам и моето мислење по однос на
резолуцијата од ЕУ. Со таа резолуција не се решава нашето прашање за името туку само се одложува и на крај пак ќе треба да направиме некој компромис само џабе губење време и водење инает ќе ни остани. Патем да ги прашам badluckquy и Insomniac по што заклучија дека јас сум предавник и со кој инструмент го мерат тие патриотизмот? Реков предходно дека сум Македонец но и дека ништо помалку мене не ме прави Македонец тоа што имам научено дека македонската историја не е ексклузивно право само на оние кои денес живеат во нашата држава бидејќи, ако погледнеме реално, доста е опширна таа историја и секако опфаќја и други народи. Само да наведам една небулоза којашто се провлекува во нашите истории. Се вели дека цар Самоил бил Македонец и покрај тоа што сам се нарекол цар на Блгарите, а умрел откако видел дека Византискиот цар Василиј II Македонецот којшто е познат како (Бугароубиец) ја поразил неговата војска.
Сакам само да кажам дека многу од нас не си ја знаат историјата и што е уште посрашно не размислуваат со својата глава и не истражуваат дали навистина е тоа така туку веруваат слепо во она што им го сервирале овде во Макдонија без при тоа да мрднат некаде на страна и да видат дека Македонија и не е центар на светот туку дека има и други народи и други држави. Кога луѓето патат од недостиг на идентитет сакаат да си препишат се што е успешно од историјата како би биле победници во секоја смисла. Па затоа по потреба сме од Александар Макдонски, а кога е во прашање словенската писменост и просветлувањето на Словените кажуваме дека сме не тој народ од кој излегле Светите Браќа Кирил и Методиј, кога е успешен цар Самоил наш е, но и Византијци сме кога е во прашање раскошот на Византиските Цркви и фрескописи. По потреба сме Југословени но и чисти Македонци. Се на се ние сме најуспешната нација која некогаш постоела на планетата. Само што тоа другите сеуште не го знаат или пак ние сме во заблуда:icon_ques Дајте луѓе да се освестиме еднаш и да размислуваме зрело и трезвено а не на инает. Ќе кажам уште една анегдота за Крали Марко. Кога го прашале Крали Марко дали би се потурчил тој „категорично” одговорил НЕ, освен од инает. Има многу такви во нашиов народ. Утре ако се речи дека ние не сме способни да бидеме друг народ одма ќе му го докажеме спротивното бидејќи, како што гледaм, инаетот преовладува а не здравото размислување. Затоа нека си биде кој како се чувствува во оваа Македонија, дали Славомакедонец или Антички.
Уште еднаш на крај извинување до Macedalien бидејќи јас погрешно се изразив. И благодарам за советите за буквар и речник. Буквар веројатно нема да ми треба, ама речникот на секој може да му затреба.
Еве го твојот цитат каде велиш дека имаш „бујна имагинација”:
Macedalien напиша:
Евва Евва, бујна имагинација имам утринава
а за вулгарности рака на срце нема, а и не мислев дека има само погрешно се изразив.
Поздрав на сите :smir: