Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Закони се за луѓе, не за стока.
Он топик= Претераа со овие срања, мислам време е да ги менуваме.
Ете, мора некои родители да се казнат за ова, каде виделе 6 год. на јавен форум?
После викате власта е лоша...
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Совозачот да „седи мирен“

Лицето кое се превезува со возило, не смее на било кој начин да го попречува возачот во управувањето со возилото, да влијае врз возачот да управува со возилото на начин со кој се намалува безбедноста на сообраќајот, ниту да презема дејствија со кои ја загрозува сопствената безбедност или безбедноста на другите (отворање на врата, наведнување преку прозор, скокнување, искокнување од возилото и слично. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно на одредбата од ставот на овој член.

Не смее да се игра на коловоз
На коловоз не смее да се игра, лизга, скија и санка, како и да се вози тротинет, ролери, скироли и друго.

На тротоар или друга површина определена за движење на пешаци, не смее да се игра или подолго време да се оставаат предмети, ако со тоа се попречува движењето на пешаците.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 30 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно на одредбите.

Слепите лица да носат бел стап
Слепите лица, кога самостојно учествуваат во сообраќај како пешаци, задолжително треба да носат бел стап-како знак за распознавање.

Возилото што е направено со него да управува лице чии екстремитети суштествени за управување со возилото се оштетени, на барање на тоа лице може да биде обележано со посебен знак.

Посебниот знак од ставот на овој член, го изработува правно лице овластено од министерот за труд и социјална политика, кое ги исполнува условите во однос на соодветна материјално-техничка опрема и стручен кадар за изработување на посебниот знак.

На правното лицe кое го изработува посебниот знак без овластување од министерот за труд и социјална политика ќе му се издаде прекршочен платен налог со глоба во износ од 1 000 евра во денарска противвредност.

За подетално тука:

http://www.akademik.mk/novi-kazni-i-zabrani-vo-soobrakajot-ne-igraj-na-kolovoz-ne-postavuvaj-spomenik-na-javen-pat-nosi-shlem-no-ne-shetaj-zhivotno-dodeka-vozish-velosiped

 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Дај нека забранат возење со точак по улица по главниов град,нека возат по тротоар или кеј,или ако им се возат долги стази нека возат накај некој рурални средини,села и слично,после моторчињата со 30 на саат,старците кои го ослободиле Скопје и се шетаат ко на корзо на сред булевар,и пишувачите на статуси за состојбата во сообраќајот,и точациве прават огромни проблеми по и онака малите улиците на кои едвај се разминуваат 2 возила,уште и точак по страна,а што е најстрашно во 90% од случаевите имаат ебен тротоар на кој можат да возат !
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Друже, кажа дечкото погоре, имало случки кога по сообраќајна несреќа се закочува појасот, и ако ти го спасил животот, може и да ти го одземе. Плус има еден куп клаустрофобични што се препотуваат кога ќе се врзат. Ако јас сум решила да ризикувам, тоа не знам зашто треба да го тагира и Петко и Станко. На крајот од краиштата, новиве автомобили титкаат иритабилно на одреден временски период ако не се ставени појасите напред така да ако страдаш од мигрена и висок притисок ќе го ставиш појасот. Па и да се треснам во некого не гледам како ќе му наштетам. Знам дека некој сега ќе направи аналогија со кацига на мотор ама ич не е исто, моторот нема воздушни перничиња.
И 1000 други работи кои се тука за твоја поголема безбедност може да откажат и место да работат за тебе да се случи обратно, ама не значи дека треба да се откажеме од поголема безбедност. Ако задолжителното врзување со безбедносен појас придонесе за поголема безбедност во сообраќајот I could not care less за клаустрофобичните шо се препотувале.
Коа ќе бидеш ти единствениот учесник во сообраќајот може и ќе те послушам за тоа „ја шо сакам ќе си правам со животот“, арно ама не си.
Ако се непотребни појасите тогаш зошто титкаат поновите коли ?
Не сите коли што се возат во државава имаат воздушни перничиња, ама дури и да речеме дека секоја кола во Македонија ги има, воздушните перничиња не секогаш може да те заштитат од секоја опасност. Башка што праиме ако не се отворат ?
Ете пример и Тоше имаше world class лимузина па не се отворија перничињата...

Да, безбедносните појаси се проблемот у законов...

Дај нека забранат возење со точак по улица по главниов град,нека возат по тротоар или кеј,или ако им се возат долги стази нека возат накај некој рурални средини,села и слично,после моторчињата со 30 на саат,старците кои го ослободиле Скопје и се шетаат ко на корзо на сред булевар,и пишувачите на статуси за состојбата во сообраќајот,и точациве прават огромни проблеми по и онака малите улиците на кои едвај се разминуваат 2 возила,уште и точак по страна,а што е најстрашно во 90% од случаевите имаат ебен тротоар на кој можат да возат !
Точаците се проблем у сообраќајот ?!?! :facepalm:
Па за да се качиш на тротоар треба со жичара да ги искачиш ивичњаците, башка што на тротоариве има испопаркирано коли...
Ако правиме муабет за возење накај руралните средини, таму па е уште полошо, зошто тротоари нема !
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И 1000 други работи кои се тука за твоја поголема безбедност може да откажат и место да работат за тебе да се случи обратно, ама не значи дека треба да се откажеме од поголема безбедност. Ако задолжителното врзување со безбедносен појас придонесе за поголема безбедност во сообраќајот I could not care less за клаустрофобичните шо се препотувале.
Коа ќе бидеш ти единствениот учесник во сообраќајот може и ќе те послушам за тоа „ја шо сакам ќе си правам со животот“, арно ама не си.
Ако се непотребни појасите тогаш зошто титкаат поновите коли ?
Не сите коли што се возат во државава имаат воздушни перничиња, ама дури и да речеме дека секоја кола во Македонија ги има, воздушните перничиња не секогаш може да те заштитат од секоја опасност. Башка што праиме ако не се отворат ?
Ете пример и Тоше имаше world class лимузина па не се отворија перничињата...

Да, безбедносните појаси се проблемот у законов...
Другар, која безбедност во сообраќајов кога појасот е за мене ставен таму? :) Иначе секогаш ставам појас јас, навика ми е, да не мислиш дека ескивирам но сепак мислам дека е без врска да се казнува за појас. Поопасно е штоп светла ако нема некој или ако фаровите не работат отколку појас ако не носи. Тука директно влијаеш и на другите, необележан си и движечка опасност си, буквално.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.592
И ТОА НЕ Е СЕ!
ЗА САМО 999 ЕВРА ОД КУПЕНА КОЛА ЛАНИ, ДОБИВАТЕ КАТАЛИЗАТОР ГОДИНАВА!



Министерствата за економија и за животна средина прават анализи (ЧИТАЈ ИСПЛАНИРАЛЕ) али автомобилите со еколошки стандард Еуро 1 и Еуро 2 ќе мора задолжително да стават катализатори, објави Алсат-М.

Во емисијата „Економски магазин“ министерот за економија Беким Незири открил дека доколку анализите покажат дека загадувањето од овие автомобили е големо, тогаш најверојатно ќе се бара на овие автомобили задолжително да бидат поставени катализатори.

„Поставувањето на филтрите е минимален трошок (ЧИТАЈ 529 ЕВРА НАЈЕФТИНО), но во моето објаснување не бев категоричен дека сме донеле одлука. Во континуитет го следиме загадувањето, и ќе зависи од резултатите што ќе ги добиеме од Министерството за животна средина. Се разбира дека и на министерството за економија главната цел е да се заштити животната средина, но и заштита на граѓаните на Македонија, и се надеваме дека ако имаме ефективни резултати нема да има потреба да се преземат дополнителни мерки, но ако резултатите се негативни и загадувањето е на високо ниво тогаш ќе се преземат мерки за да ги заштитиме нашите граѓани“, вели Незири.

Владата неодамна одлучи порано да го стопира увозот на половни автомобили со поникси еколошки стандарди во земјава. Увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард ќе може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31-ви декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид автомобили кои се веќе започнати.

Возилата со ЕУРО 3 стандард на моторот, пак, ќе може да се увезуваат најдоцна до 30-ти јуни 2015 година. Од 1-ви јули 2015 година увозот на автомобили ќе биде можен само доколку истите ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.

Таман ние обичните смртници зедовме троа поарни коли од Голф 1, 101 и Југо ајде сега удри по тиква, катализатор требало?! А прво фабриките да ги средеа, да не остани ниту една без филтер?! Што ќе загадат по помалите градови 2-3000 коли жити се? :facepalm:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Другар, која безбедност во сообраќајов кога појасот е за мене ставен таму? :) Иначе секогаш ставам појас јас, навика ми е, да не мислиш дека ескивирам но сепак мислам дека е без врска да се казнува за појас. Поопасно е штоп светла ако нема некој или ако фаровите не работат отколку појас ако не носи. Тука директно влијаеш и на другите, необележан си и движечка опасност си, буквално.
Не ги мешај сеа штоп светлата :D
Ваљда и твојата безбедност е дел од безбедност во сообраќајот, башка државата е задолжена да воведе правила кои ќе ја гарантираат безбедноста на сите учесници во сообраќајот што значи и тебе.
Друга работа, помали повреди за тебе = помали трошоци при евентуално твое лекување :D
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.281
Поени од реакции
4.689
Дај нека забранат возење со точак по улица по главниов град,нека возат по тротоар или кеј,или ако им се возат долги стази нека возат накај некој рурални средини,села и слично,после моторчињата со 30 на саат,старците кои го ослободиле Скопје и се шетаат ко на корзо на сред булевар,и пишувачите на статуси за состојбата во сообраќајот,и точациве прават огромни проблеми по и онака малите улиците на кои едвај се разминуваат 2 возила,уште и точак по страна,а што е најстрашно во 90% од случаевите имаат ебен тротоар на кој можат да возат !
Абе се убаво кажа точно е дека ние велосипедистите го загрозуваме сообраќајот не викам не. Ама што правиме што вие со автомобилите се паркирате на тротоарите и пешачките патеки па нит има пешаците каде да се движат нит па ние велосипедистите каде да возиме, извини ама кога ќе научиш зашто служи велосипедска патека и ќе ми ја ослободиш да можам јас да се движам со мојот превоз по неа тогаш и јас ќе се тргнам од твојата патека. Друго дали си видел како изгледаат велосипедските патеки во државава? Еве ќе ти доловам, козјите патеки на планиниве кој се едвај проодни за пешаци а не за велосипед личат на автопат споредено со пешачка патека во главниот град. Да не зборам дека тоа што си влегол во автомобил и го управуваш истиот те става на исто рамниште на Бог а може и малку повеќе од него па на во близина на пешачки не да застанете да поминат пешаците и велосипедистите вие убрзувате и дури и свирите доколку пешак/велосипедист ви помине на пешачки зашто нели ние треба вас да ве пропуштиме а не вие нас. Исто каде ви е културата да внимавате кога врне, наместо тоа вие имате натпревар кој ќе испрска повеќе пешаци. Пред да почнеш да напаѓаш одредена категорија која учествува во сообраќајот биди сигурен дека твојата категорија не прави ниеден прекршок, а не како во случајов баш твојата да е причина за другите да прават прекршоци.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Има едноставно решение за сето ова, продајте ги автомобилите. На робовите по индустрискте зони не им требаат возила, имаат платен превоз.

Нема автомобил, нема казна. Исвен ако немате деца под 10 години кои возат велосипед. Ако имате, продајте ги и децата, секако се трошок.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Откако мојот професор жив изгорел во кола после сообраќајка а не можел да излезе од возилото затоа што неможел да се ослободи од безбедносниот појас , моето мислење за неговата употреба тотално се смени. И воопшто има ли некои сериозни истражувања со конкретни податоци за користа од него ?
А ова со законот , не знам ! На крај , Орвел ке треба да се прогласи за светец .
Можит и го казнаја за неносење пепе апарат.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите ќе треба да плати 100 евра....


:facepalm:

а колата смее да седи непрана недела дена или еден слој прашина да има директ зандана сами да се одвеземе?
Ма није сме како Швицарска, инфраструктурата ни цутит па и многу нормално е да не казвнат нас сељаниве.[DOUBLEPOST=1412634195][/DOUBLEPOST]Ногу инспиративни закони ни носат, мојт утре ќе се почешаш за дупот и за то ќе те казнат.
 
Последно уредено:

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
овие за некоја година и за кал под ноктите ќе почнат да казнуваат, 2000 евра за раце, 4000 евра за кал под нокти на нозе, и 29.500 евра казна за лицето кое не на јадење ќе седне со пола тон земја под ноктине синќир гробот си го копал...
Недај боже налакирани, ауууууууу затвор! 5 до 29.5 години тешка робија!

Море да се сотрат дабогда на нос да им излезат сиве овие глупости уште утре...

Казна од 50 евра за лицето кое ќе го задева возачот за време на возењето :facepalm:
Се рамниме со најглупавите амерички закони да дааааа...
 
Последно уредено:

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
i pak isto ,pominaa izborite ,i pak "dzandar zbira",e glubo makedonce ako ti e pak da gi glasash !....i sega ke si lapkaat se do slednite izbori i koga ke im trebaat povtorno glasovi ,pak pred slednite izbori ke ne zezaat i ke se tupurdisaat na TV i ke ni se pofalat deka gi namalile kaznite ,pak ke gi glasaat ,i pak posle ke si gi zgolemat kaznite ,ama ova samo kaj nas "viree " ovaa napravija narecena "glupoka "samo kaj nas moze da ima ekspanzija ,nikade na drugo mesto ...
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
За ова јас лично би вовел казни да сум на власт. :D
А и за небањање. :D
Ќе дават Грујо и субвенци за неискапени.
Стикчиња за под мишка(Ало Мишко?), дав сапунчиња за заплаквење(глицерински) и по некое шампонче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom