Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Некаде по светот (ќе) не спомнуваат во некоја статија за најбизарни закони и казни.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Бидете сигурни, се е под контрола!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Внимавајте: Ова е датумот кога ќе започнат со снимање камерите на крстосниците во Скопје!

Камерите кои бе поставени на семафорите низ Скопје од први Јануари ќе почнат со работа. Проектот за кој многу се зборуваше ќе има две функции. Едната ќе биде превентивна, а другата истражна, од аспект на документирање сообраќајни прекршоци и кривични дела. Не ретко досега се случуваше да има контрадикторни информации што во голема мера ја забавуваа истрагата. Камерите позитивно ќе влијаат и на возачите и на пешаците повеќе да внимаваат на своето движење.





Скопските возачи први ќе бидат под будното око на објективите што ќе ги бележат и ќе ги пишуваат сите прекршоци и ќе се „закануваат“ со парична казни и со казнени поени и привремено или трајно одземање на возачката дозвола.
Чувството дека „некој те гледа“ и казните преку пошта од 100, 200 или 300 евра ќе направат секој возач да биде повнимателен – вели еден приватен стопанственик од Скопје.

Камерите ќе ја подобрат дисциплината на возачите, сметаат таксистите. Кога ќе знаеме дека се снима, сигурен сум дека секој возач ќе си биде полицаец сам себеси и дека нема да му треба таков луксуз да поминува на црвено и да запира каде што ќе му падне на памет – вели еден претседател на групација на автотакси-превозници на градот Скопје.

На фотографијата што ќе ја снимат камерите јасно ќе се гледаат локацијата, времето и регистрацијата на автомобилот. Фотографијата ќе се испраќа во командниот центар на МВР, кој ќе биде поврзан со сите камери во градот.

Заедно со видеозаписот и со фотографијата полицијата прави записник за казна за сторениот прекршок и му го испраќа на домашна адреса на сопственикот на возилото.
 
A

Antigona

Гостин
Измени во законот: Ако реновирате дома без одобрение од државата - 1.500 евра казна

Ни новоградбите, ниту пак значително реконструираните објекти нема да можат да се пуштат во употреба без сертификат за енергетска ефикасност.



Ова се предвидува со новопредложените измени на Законот за градење доставени во Собранието минатата недела, пишува Вечер.

Според измените, инвеститорите на овие градби, по завршувањето на градењето треба да обезбедат соодветен сертификат за енергетски карактеристики на објектот, без кој тој не може да се употребува, што пак, како што е наведено во текстот, за нив ќе биде нов материјален трошок. Под значителна реконструкција се подразбира интервенција вредна над 25% од вредноста на објектот, или пак зафат кој се изведува на најмалку четвртина од неговата плоштина. Ова ќе биде задолжително за сите инвеститори кои ќе поднесат барање за одобрение за градење од 1-ви јануари 2015-тата година. Доколку не се придржуваат на оваа обврска инвеститорите, без разлика дали се правни или физички лица ќе платат глоби кои достигнуваат до 3.000 евра. Поточно, глоба од 2.000 до 3.000 евра му следува на инвеститорот-правно лице и од 1.500 до 2.000 евра на неговото одговорно лице. За физичките лица-инвеститори предвидени се глоби од 1.000 до 1.500 евра.


Уште построги казни кои достигаат до 12.000 евра ќе добијат правните лица сопственици на објект ако без одобрение извршат пренамена на посебен дел од него, на стан или дел од стан. За истиот прекршок за физичките лица се предвидени глоби од 3.000 до 5.000 евра. Исто така, со предложените измени предвидено е за градби во или покрај површински води, градби кои поминуваат преку или под површински води или пак се сместени во нивна близина односно на крајбрежни земјишта и со тоа можат да влијаат врз режимот на водите, основниот проект да содржи и водостопанска согласност. Уште една новина е тоа што одобренијата за градење издадени на инвеститори-физички лица општините што ги издале ќе мора да ги доставуваат до Управата за јавни приходи во електронска форма.


Извор : tocka.com.mk
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
или пак зафат кој се изведува на најмалку четвртина од неговата плоштина.
Значи ако варосуваш цел стан ќе треба да донираш 1500 евра за нов споменик. :tapp:
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Нема кречење. Ќе си седиме така во црнила,.......
Маме му ебам, море цел род на оние кои ги измислуваат овие “прогресивни“ закони.
Нека ми дојде само кога сам ќе си кречам:mad:
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.149
Абе луѓе како не разбирате дека овие закони се донесени за ваше добро.

И онака никој несака да седи веќе во државава они не спремаат за животот во поразвиените земји без да имате потреба да повикате мајстор, знаат стручњациве дека таму било каков мајстор е изгор скапо да го викнеш.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
И ќе прочиташ за некое време : Тепачките меѓу соседите се зголемени за 80% :sick:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
И после сите измени во законот,за печење ракија,за правење ајвар,за пружање алишта на балконите,за миење кола пред врата,перење теписи,сега гледам дека и дома не ќе смееме да реновираме без нечија согласност и многу други работи,денеска слушам кај Искра во Збор по Збор,ЕУ донеле закон за тие што 'рчат,нема да им биде дозволено да полагаат возачки испит:(
Кај идемеее ееее:facepalm:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Германски закони, африкански плати.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Сакаме уште, сакаме уште, сакаме уште казни

2.000 ЕВРА ГЛОБА АКО НЕ СЕ ПРИЈАВИТЕ ВО АРХИВ

Сите фирми имаат обврска до понеделник да достават до Архивот на Македонија план на архивски знаци, листа на архивски материјали и листа на документарен материјал со рокови за чување. Доколку не го сторат тоа, ќе бидат казнети со глоба од 1.000 до 2.000 евра за фирмата и уште 500 до 1.000 евра за одговорното лице.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.242
Поени од реакции
8.878
Глоба за прдеж испуштање гасови во петок ќе има? Влијае на глобалното затоплување.
Ќе платиш 700 евра глоба ако, не дај Боже, налеташ на некој нож од обесправените, а воедно на истиот тој што ќе те брцне, ќе треба да му купиш друг нож како отштета.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.750
Кад је бал, нек је маскенбал!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Целтта е целосна контрола, за се треба извештај да се даде, и немој да мислите дека ова се Грујови закони, од Брисел се по диктат. Знаете што е диктат од училиште, Брисел диктира Скопје пишува и пробува да примени.[DOUBLEPOST=1417252042][/DOUBLEPOST]Тоа треба да се свртат моралните вредности се што е исправно да биде погрешно, и обратно, исправното да се казни погрешното да се награди. И несигурност да има голема, секој во секој момент да очекува да биде казнет за нешто што не знае дека постои казни, до таа точка на кршење се додека не полуди или не потоне во апатија па му стани сеедно. Треба да се уништи секоја надеж за светла иднина, и тоа да се прави постепено тивко како да доаѓа спонтано, а не намерно перфидно злобно...

Silent Weapons for Quiet Wars
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.242
Поени од реакции
8.878
Целтта е целосна контрола, за се треба извештај да се даде, и немој да мислите дека ова се Грујови закони, од Брисел се по диктат. Знаете што е диктат од училиште, Брисел диктира Скопје пишува и пробува да примени.
Toгаш за кој к... ни се потребни Парламент и Влада? Да паразиритираат на буџетски пари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom