Новите архитектонски чуда: Зградата на Кинеската Централна Телевизија CCTV

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
НОВО АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК
CCTV Headquarters - Beijing

Необичната конструкција на 49 ката на новата зграда на Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ) во Пекинг е можеби еден од најсложените и најхрабри градителски потфати досега во историјата на современата архитектура. Структурно сложената зграда со површина од 500 илјади метри квадратни, што треба да биде завршена, барем однадвор, до Олимпијадата 2008, се работи по дизајн на архитектите Оле Ширен и Рем Кулхас, партнери во холандската фирма ОМА - Канцеларија за метрополитска архитектура.



"Не постои објект што може да се спореди со ова", изјави Ширен во Пекинг. "Статичниот систем најверојатно не ќе можеше да се изведе пред пет или 10 години зашто компјутерските анализи не беа доволно развиени".

Основната форма на новите седишта на Кинеската Централна Телевизија во Централната деловна област во Пекинг, во источниот дел од главниот град на Кина, се состои од две превртени кули во форма на латинско "Л" споени на височина од 160 метри така што буквално дел од зградата со површина од 100 илјади квадратни метри ќе лебди во воздух.

"Главната структура е надворешната површина, која е потпорната сила околу зградата", изјави Ширен над модел од зградата во неговата канцеларија во комплексот "Сохо" во Пекинг. "Тоа е како кафез или цевка извиткана во просторот. Неправилната надворешна конструкција го одразува реалниот проток на силите во извитканиот објект".

Германецот Ширен и неговиот холандски партнер не биле заинтересирани да ја градат следната највисока зграда во светот, туку сакале да направат повеќетажен објект со поголем простор кој не е ја следи вертикалната хиерархија, туку се движи во круг што нема ни почеток ни крај.

Јамката извиткана во просторот создава круг што ги врзува сите аспекти на работата во телевизијата за 10 илјадите корисници на зградата. Тоа што Пекинг се наоѓа на трусно подрачје подложно на земјотреси, го прави предизвикот уште поголем. Бидејќи ги крши сите кодекси во градежништвото во Пекинг, на тринаесетмина од најискусните градежни аналитичари во Кина им била потребна една година за работа со инженерите и за да ја одобрат изградбата.

Престижниот проект за кинеската државна телевизија доби зелено светло во 2002 година, која беше значајна во историјата на Кина зашто државата влезе во Светската трговска организација, економијата почна да напредува и целата земја ја зафати еуфорија со подготовките за Олимпијадата во 2008 година.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Eве го местото на кое се одвиваат градежните работи за овој објект со досега невиден конструктивен систем.



Сцени од градбата. Вредните кинези работаат на случајот.






Германскиот архитект Оле Ширен вели:

"Кина е земја со долга, комплексна историја и амбивалентно блиско минато. Исто така е земја во процес на радикална трансформација, но и земја која покажа вистинка посветеност на таа трансформација. Може да се носи со радикализмот без жалење, додека во Европа и во западната култура сеуште постои голема количина на сентименталност. Ние носиме вистински културен товар. Една петтина од светот живее во Кина. Ја има најбрзорастечката светска економија. Архитектурата може да игра важна улога овде. Може да биде еден од водечките мотори кои ќе ја градат земјата"

 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Arhitektura koja se dvizi vo vistinskata nasoka. Ne! Arhitektura koja ja dvizi zemjata vo vistinskata nasoka. Kina e zemja vo koja proizvodstvoto i tehnologijata go zazemaat vrvot na svetskiot pazar, zemja koja ekonomski jakne. A na jaka zemja i e potrebna jaka arhitektura.


Objektot...Strukturalna arhitektura, spoj na konstrukcijata i dekoracijata, transparentnost... Slobodna igra so volumeni, vpecatliv centralen prazen prostor, koj ukazuva deka ne e zaboraveno na vizurite, tuku deka istite se vrameni so pomos na krilata od objektov, so sto vednas istiot dobiva na nenametlivost i direktna integriranost vo prostorot. Vizuelna ramnoteza postignata so bazniot klaster, koj vo gornata zona se povtoruva, no vo sprotivna nasoka.

Rem Koolhaas covece... Vrv
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Карбонот ќе сврши голема работа,иако за нас ова и не е некое чудо кога знаеме дека еркерите се составен дел од нашето секојдневие односно од нашата Македонска архитектура,било да е со постар датум било да е во поново време се разбира доколку се придржуваме кон непофторливиот Македонски ретро дизајн на еркерно поместување,кое како што гледам некои напредни архитекти го откриваат и применуваат дури денес како "иновација".
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Во периодот од кога Пекинг беше одбран за олимпијадата па до сега се изградени односно се градат и други грандиозни објекти, межу кои нај впечатливи се Олимпискиот стадион во форма на гнездо, Олимпискиот базен како коцка од меури , како и народниот театар.









 
Член од
8 мај 2007
Мислења
250
Поени од реакции
1
Со еден збор ЛУДНИЦА. Ги гледам на discovery и им се фасцинирам, но не треба само да се конструира вакво чудо туку и да се изгради. Е тоа е она што е уште по фрапантно во организација и оданост во работата се одма до Јапонците.
@Bacillus - одамна немам фатено а немам ни побарано инфо за стадионот, последно што гледав е дека имаа проблеми со стабилноста на конструкцијата па ако имаш нешто ново сподели.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
ABC напиша:
Карбонот ќе сврши голема работа,иако за нас ова и не е некое чудо кога знаеме дека еркерите се составен дел од нашето секојдневие односно од нашата Македонска архитектура,било да е со постар датум било да е во поново време се разбира доколку се придржуваме кон непофторливиот Македонски ретро дизајн на еркерно поместување,кое како што гледам некои напредни архитекти го откриваат и применуваат дури денес како "иновација".
Точно дека еркерите се белег на македонската традиционална архитектура, ама биди реален човеку- ова е чудо на модерното градежно доба.

Зборуваме за технолошкиот развој и модерните пристапи кон проектирањето и конструктивните системи, кои во конкретниот пример немаат ама баш никаква врска со еркерот на некоја рендом стара македонска куќа.

Да го тврдиш горенапишаното е еднакво како да кажеш дека за жителите на древната Сумерска цивилизација која можеби го пронашла тркалото не би било големо чудо кога би виделе еден денешен Мерцедес SLR, иако мерцедесот денеска не би се движел доколу сумерите не биле инвентивни :)
 
Член од
27 мај 2007
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ne se zafrkavajte... Ovaa zgrada na CCTV e definitivno eden od najdobrite dizajni, i eden od najkompliciranite zafati vo gradeznistvoto gledano od staticka i bilo koja druga tocka... Ova e VRV !!!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Serpico напиша:
Точно дека еркерите се белег на македонската традиционална архитектура, ама биди реален човеку- ова е чудо на модерното градежно доба.

Зборуваме за технолошкиот развој и модерните пристапи кон проектирањето и конструктивните системи, кои во конкретниот пример немаат ама баш никаква врска со еркерот на некоја рендом стара македонска куќа.

Да го тврдиш горенапишаното е еднакво како да кажеш дека за жителите на древната Сумерска цивилизација која можеби го пронашла тркалото не би било големо чудо кога би виделе еден денешен Мерцедес SLR, иако мерцедесот денеска не би се движел доколу сумерите не биле инвентивни :)
Сум сретнал нешто слично не две-три места кај Македонски куќи стари и по 100 години една во Велес и две има во Прилеп,исто и во Охрид,се разбира дека еркерот не толку грандиозен и впечатлив,но ја има истата форма иако со помали димензии кога се знае дека дрвото и плитарот биле познатите материјали со кој Македонските неимари располагале во тоа време.:)
 

Tanes

Ништо Море!
Член од
23 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
6
ova go davaja na discavery eee pred dolgo vreme samo arihektive neznaea dali ke e stabilna na veter zemjotresi edno drugo poso lokacijata bila sklona na zemjotresi t.e. cela kina e sklona isto i na tajfuni (brzi vetrovi) ama izgleda go sovladale xD
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Kina pocna da dobiva izgled na futuristickite gradovi, tie se negde 200 300 godini ponapred on nas.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
FLiX напиша:
Kina pocna da dobiva izgled na futuristickite gradovi, tie se negde 200 300 godini ponapred on nas.

Поназад се итоа многу затоа викаат европски архитекти да им прават проекти,нивните се покажуваат како детски во споредба со другите.
 
J

JohnnyMass

Гостин
Ова ме потсети на фантастичните градби кои ги изградија за потребите на Летните Олимписки игри во 2008.
Еве некои од нив:
Kina08_1.JPG
Kina08_2.JPG
Kina08_3.JPG
Kina08_4.JPG
Kina08_5.JPG
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сето тоа треба да се пушти да функционира,а кога Кина е во прашање малку се плашам затоа што немаат сертификат ниту од храна за бебиња а па камо ли за вакви објекти.Останува да видиме дали некој од овие објекти ќе се распадне пред да биде пуштен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom