Тие се залагаат за транснационализација на идентитетот на индивидуано ниво каде националниот идентитет е секундарен.
Така се живеело во Југославија, така се живее и во сите федерации кои се составени од повеќе етнички заедници. Така живее Швајцарија, а бога ми така живеела отсекогаш и Македонија без федеративно тело, кое веќе девет години ни е безизбежно апропо глупата политика водена од страна на лево-десните политиканти.
Значи, да не е проблемот кој го наметнуваат нашите мили премили соседи, ние ќе можевме многу поубаво да си живееме бидејќи и онака нашата држава и земја долго време е мултикултурна, и на никој тоа не му сметало и не треба да му смета.
Негација на еден национален идентитет и одбрана на тоа со пропратно меѓусебна нетрпеливост е едно, а мешање на различни националности без притоа сметање едни на други е друга работа. Кој ќе ја примени вторава земајќи предвид за чергите чии до каде се, ќе живее мирно и долго, подолго време.
Генерално би признал дека сум левичар што секако не ме прави сино обоен бидејќи во нашиот политички систем тие вредности се помешани крајно така што во политиката на званично нашите левичарски партии - нема ништо левичарско, и обратно.
Затоа и ми е смешно што левичари фрлаат огин и пламен по моментално (според делата и потезите) најлевичарската партија, која е на власт.
Сето ова е ако збориме за политички системи, но за жал во Македонија не постојат такви. Барем сеуште немам препознаено.