Новиот закон за уредување на рокови за намирување на паричните обврски при деловни трансакции

Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Еве ја Кирилицата тука е .....Пријателе можам да претпоставам што мислите вие кога пишувате за „таквите кои ги водат јавните набавки“ меѓутоа надлежни за плаќање се одговрните лица а не ние кои ги водиме набавките, тие наредуваат, тие потпишуваат, а многу добро знам зашто не се плаќа и не сум за да не се плаќа, јас искрено сакам овој закон да најде примена, затоа што на нас „таквите“ ќе ни ја олесни работата - можете да забележите дека никаде не се спомнуваат казнени одредби за службениците, туку само за Одговорните лица, Добро би било да знаеме кој е тој друг проблем?
Не ви ги бива правниците кај вас, па почнавте по форуми да прашувате? :D Веќе постои нешто вакво, не во Закон за јавни набавки, туку во Закон за облигациони односи, во Закон за задолжница, Закон за платен промет....овој Предлог закон е само комбинација (препишан) на текст од сите овие закони. Не се воведува ништо ново. Второ, државата со член 5:
"Во случај кога рокот за плаќање не е утврден во договорот помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, должникот треба да ги исполни своите парични обврски во рок од" директно се вмешува во правата/обврските на еден договор. Досега, ако не се напише рок, обврските се исполнуваа според обичајно право, а не според тоа како ќе каже МФ.
--- надополнето: 23 октомври 2013 во 22:31 ---
Еве уште нешто...да не излезе дека измислувам:

Задолжницата е новиот инструмент кој го воведува државата, а со кој приватните компании ќе може да ги наплаќаат побарувањата во должничко-доверителските односи. Ќе стартува од 1 септември годинава (н.з. се мисли на 2012год), а се очекува да има позитивни ефекти врз финансиската дисциплина на фирмите.
Ова го соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој рече дека Законот усвоен на последната владина седница, е една од мерките предвидени со Програмата на Владата за да им се излезе во пресрет на барањата на стопанствениците за воведување нов, ефикасен инструмент за наплата на побарувањата, кој ќе придонесе за намалување на пристигнатите неплатени обврски, подобрување на ликвидноста на стопанството и засилување на економската активност во државата.
- Се работи за проект кој е подготвуван подолго време и во кој беа вклучени сите заинтересирани и инволвирани субјекти - бизнис заедницата, науката, банките, Централниот регистар, министерствата. Широката дебата и консултации беа потребни за да се утврдат потребите на бизнис заедницата, да се предвидат и надминат можните предизвици и проблеми и да се дизајнира функционелен, сигурен и едноставен инструмент за обезбедување на наплатата на побарувањата, истакна министерот.
Тој појасни дека новиот инструмент задолжница претставува исправа со која должникот - трговско друштво регистрирано согласно Законот за трговски друштва, дава согласност плаќањето на неговите обврски кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки кај сите носители на платен промет. Доколку не се наплати од паричните средства, задолжницата како извршна исправа, може да се наплати и од друг имот. Задолжницата нема да се користи како инструмент за наплата на приватниот сектор со државата.
– Инструментот се однесува на должничко доверителските односи меѓу фирмите каде степенот на информираност за постоењето на податоци за состојбата на должникот не е од такво ниво како што е кога станува збор за државата. Државата е субјект во тој однос се знаат сите параметри за финансиската состојба, рече министерот и додаде дека државата редовно ги измирува своите обврски кон компаниите.
За тоа колкави се долговите меѓу фирмите нема официјални податоци, а за тоа во кои сектори е според него е во делот на услугите, но и во сите други сектори. Министерот не може да предвиди колкав ќе биде интересот за овој инструмент кај компаниите.
–Наше е, рече, на барање на стопанството да создадеме инструмен кој може да го користат. Верувам дека оние должници кои имаат чесни намери, кои имаат намера да влезат во должничко доверителски односи со цел да ги испочитуваат сопствените обврски на крајот нема да имаат проблем во издавањето задолжница и тоа ќе го зголеми нивниот кредибилитет, рече министерот.
Процесот на издавање задолжница е целосно автоматизиран и се одвива преку системот на Централниот регистар. Задолжницата ја составува нотар преку Регистарот на задолжници што го води Централниот регистар. Регистарот проверува дали постојат законски пречки за издавање на задолжницата, односно дали износот на задолжницата е во рамки на лимитот од 30 отсто од остварениот вкупен приход на должникот во минатата година, дали сметката на должникот е блокирана или пак е поведена стечајна или ликвидациска постапка над должникот, дали му се изречени санкции за забрана за вршење на дејност. Доколку не постојат законски пречки, на нотарот му се дозволува пристап до Регистарот на задолжници. Нотарот електронски ја пополнува задолжницата и ја печати. Должникот и доверителот ја потпишуваат печатената задолжница, а нотарот ја заверува и му ја предава на доверителот. Истовремено, нотарот става електронски печат на електронската задолжница и ја евидентира во Регистарот на задолжници. Издавањето на задолжницата е доброволна, а фирмата нема да може да го надмине лимитот од 30 проценти бидејќи нотарот ќе има увид во регистарот во реално време. Лимитот е еден од елементите за сигурноста на доверителите.
Воведен е, како што посочи, со цел да се избегне презадолжување на фирмите, со што всушност се штитат доверителите од лоши должници. Друг елемент на сигурност е заверката од нотарот кој го проверува идентитетот на потписниците и овластувањето на органот надлежен за донесување одлуки за задолжувањето со што се избегнуваат судски постапки за докажување на овластувањата. Задолжницата се издава во еден примерок кој му се предава на доверителот. Тој ја поднесува во банката на должникот во одредениот рок на задолжницата и банката е должна да изврши пенос на средства од сметката на должникот на сметката на доверителот во висина на износот на побарувањето. Доколку нема доволно средства на сметката на должникот, банката ја блокира сметката, а наплатата може да се изврши од сите сметки, денарски и девизни, што должникот ги има во другите банки. Ако и на другите сметки на должникот нема доволно средства, задолжницата може да се изврши и од движен и недвижен имот на должникот.
Издавањето задолжница без покритие е квалификувано како кривично дело, за кое е предвидена казна затвор до три години.






Ако веќе сакате да промените нешто, сменете го црвеното! Не носете нови празни закони :)
 
Член од
7 март 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
Многу убаво елаборирано од ваша страна, меѓутоа законите немаат врска еден со друг...во праксата работите стојат поинаку, постојат голем број на фирми кои се доведени до состојба на стечај поради неисполнети обврски од страна на државата - тоа се обврски, односно побарувања кои ги имаат фирмите према јавниот сектор, кој како што погоре спомнавте дека можат да се регулираат (исполнат) преку други закони, да така е, меѓутоа по судски пат (иако и овој закон предвидува слична постапка) во нормална судска постапка, а кога сме кај судовите да не зборуваме како убаво функционираат кај нас - согласно овој закон постапката е ИТНА, па останува да видиме колку ќе биде така!?
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Обожавам кога Управа коментира Судска власт :D Законите и тоа како имаат врска еден со друг. Се надополнуваат. Во Закон за трговски друштва е регулирано формирање и работење на дооел/доо/ад... Во Закон за облигации се предвидени договорите...Во Закон за платен промет се регулирани финансиските плаќања меѓу субјектите...Во Закон за задолжница е предвиден уште еден инструмент...Ајде да одиме и понатаму....Во Закон за банки е регулирана работата на банките како посредници на плаќањата од платен промет...Нема потреба, инаку може да се извадат сите членови од сите овие закони, со сите нивни рокови и да се создаде еден Законик. Така на едно место ќе биде регулирано СЕ од целата област и нема да има потреба да се донесуваат закони кои си противречат.
Пример на косење на одредби со Закон за облигациони односи: во Предлог законот се наведуваат рокови, кои поништуваат одредби во ЗОО како што е условното право. И уште еден: во истиот закон рокот може да биде од суштествена и несуштествена природа. Обично во деловни договори рокот и не мора да биде баш пресуден во поглед на плаќањето, туку самиот предмет на договорот (стока, услуга).
Ако државата сака навистина да покаже добра воља, нека ја стави задолжницата како задолжителна и да може да се користи во договори меѓу приватен сектор и неа. Нема потреба од судови. Самата задолжница, преку Централен регистар е доволна исправа за наплатување на долг. Ова досега не е направено, затоа што при наплата на долг преку задолжница, доверителот има право да наплати од сите расположливи средства на должникот. Ако претпоставиме дека државата во моментот нема слободни средства (и сами знаеме дека буџетот е однапред потрошен), може да се случи некоја (или повеќе) фирма да ја блокира сметката на државата. Кога би биле фер и не би се поставувале од позиција на моќ одговорните лица по институциите, тогаш и не би се случила оваа ситуација нели? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom