Дека рокот на плаќање ќе биде макс 60 дена, а со посебен договор може да биде и 120 дена? Дека оние што нема да платат ќе бидат ставени на листа на срамот? Или дека каматите ќе бидат големи за каснење на наплата? За овој закон зборите? Да ви го преведам во реалноста како ќе биде, баталете хартија тоа не вреди.
Големите фирми Железара, Фени, ИГМ и Јагуновце никад нема да ти потпишат на 60 дена плаќање. Они се најголеми и они диктираат услови, ако ти чини работи, ако не иди затвори ја вратата. Ах да и иди тужи ги да те видам слободно. Ќе работиш после сам со себе.
Листа на срам? WOW
Камати и главница од што ќе наплатиш? Сите имаат по 5 фирми, наплаќаме само воздух. Па и камата ќе течело.
И казни од УЈП за правното лице и управител. Нормално во таа судска постапка и оние три денари што ќе останат на должникот на сметка прва државата ќе ги земе како што си е ред. Потоа должниците ќе си дремат во една листа за наплата од сметка каде прилив нема никогаш.
Овој закон е убав само за оние коии мака мачат со државните служби. За останатите е тотална нула исто како и заклучницата која ја донесоа, исто како и кога не префрлија на нотар и извршител, па со еден приговор те пикаат повторно во судски лавиринти.