Новиот бран (Novi Val/New Wave) во Југославија

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Новиот бран (Novi Val/New Wave) започнува кон крајот на 70-тите. Со него, музиката во Југославија добива друг правец. Многу млади бендови се прославуваат, а рокот и панкот го добиваат своето место на сцената. Првата сериозна компилација наречена "Пакет Аранжман" е издадена во 1981 година од страна на Југотон, Загреб. На оваа компилација се појавуваат три бенда: Шарло Акробата, Електрични Оргазам и ВИС Идоли. Овој албум е еден од најзначајните во овој период бидејќи со него започнал целиот тој нов бран на музика. Истата година, во анкета за списанието Џубокс, "Пакет Аранжман" е изгласан за втора најдобра лонгплејка (LP) во Југославија заедно со албумот Филм на истоимената група. Првото место го добива "Bistri ili tuplju covek biva kad..." на Шарло Акробата.

Што мислите за овој нов бран на музика? Како влијаел воопшто на музиката во Југославија?
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Штета што Шарло Акробата толку малку постоеле. Идоли после 2-3 албум забегуваат поприлично со црковни ствари а за Електрични Оргазам не би знаел да коментирам.
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Штета што Шарло Акробата толку малку постоеле. Идоли после 2-3 албум забегуваат поприлично со црковни ствари а за Електрични Оргазам не би знаел да коментирам.
Шарло Акробата според мене се еден од најпродуктивните бендови. Од таму него настанале ЕКВ, Катарина втора и Дисциплина Кичме, бендови кои се едни од позначајните од тој период. Идолите само првиот албум им е она правото, понатака се повеќе и повеќе тонат. Електрични Оргазам никад не ми ни биле нешто посебно.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Јас како што знам во овој нов бран спаѓаа и Прљаво Казалиште (бар тогаш спаѓале:)) штета што си ги изпуштил :pos:
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Јас како што знам во овој нов бран спаѓаа и Прљаво Казалиште (бар тогаш спаѓале:)) штета што си ги изпуштил :pos:
Прљаво Казалиште од прва биле панкери. Кога виделе дека не ги бива за тоа си рекле: "ај бе ќе праиме лигав ванабирокенрол". Затоа не ги ни ставив.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Сепак пробале и тоа баш кога започнувал овој бран :) како и Бјело Дугме (иако само 1 албум им бил во тој стил (Доживети стоту) па после се смениле на поп-рок и што и да е)
па после имаш и уште мн други Панкрити, Пекиншка патка, Забрането Пушење, Хаустор итн итн ај да не се праам паметен :)
Инаку јас ги порано сум ги слушал повеќе во последно време поретко (јбг се префрлив на електроника).
Инаку пред некое време најдов некој документарец по нетов, хрватски баш за новиов бран низ Југославија ама никако да одвојам време да го изгледам
 
Панкрти, Хаустор, Забрањено Пушење, Пекиншка Патка се малку подоцна во овој бран. Претходно мислам дека свиреле само по места кај шо се собирале по 20-30 души т.е. некои нивни пријатели и оние што биле запознаени со тој стил на музика. Откако бил "создаден" овој њу вејв тогаш почнуваат да се пробиваат, да снимаат албуми, да настапуваат на повеќе места. Тогаш мислам дека се отвара и СКЦ во Белград.
Филмот шо треба да го гледаш да не е Srijetno Dijete?
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Слабо стојам со имиња ќе да е тој, но имаше и уште некој мислам по youtube.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
Штета што Шарло Акробата толку малку постоеле. Идоли после 2-3 албум забегуваат поприлично со црковни ствари а за Електрични Оргазам не би знаел да коментирам.
Ништо од шарло ако продолжеа, само види ги Е.О. со новата песна, еден збор само-срање. Иначе ги обожавам, оваа ми е омилена, патем Која е цар...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
101
Поени од реакции
7
malisani ne tresete zeleni.od sarlo akrobata nastanuvaat samo disciplina kicme i ekv,kakvi idoli i kakov elektricni orgazam,i bas fino od vasa strana sto gi zaboravivte azra.

--- надополнето ---

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
malisani ne tresete zeleni.od sarlo akrobata nastanuvaat samo disciplina kicme i ekv,kakvi idoli i kakov elektricni orgazam,i bas fino od vasa strana sto gi zaboravivte azra.

--- надополнето ---

кај примети дека е напишано дека од шарло произлегле идоли и електрични оргазам, кога горе напишав дека тие три бенда настапуваат на "Пакет Аранжман". Азра нема никаква допирна точка со пакет аранжман. таа е само дел од "револуција" во музиката во Југославија.
 
Yan Gillan

Iron Maiden - my religion
Член од
12 мај 2006
Мислења
642
Поени од реакции
19
Od sarlo Akrobata najzarazna pesna ti e NIko kao ja
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Од сите тие гомила бендови појавени во периодот на новиот бран- единствено ги почитувам АЗРА. Многу ми е чудно што некој кога збори за ова движење речиси никогаш не го спомнува Џони Штулиќ кој според многу музички критичари го има направено најдобриот студиски албум (Филигрански плочници) и најдобриот албум во живо (Ravno do dna- првата и единствена трострука плоча во Југославија).
Штулиќ исто така важи за најдобар текстописец. Поет кој во своите песни обработува разни теми. Има напишано песни во кои изобилуваат љубовните чувства без патетика (не како во Криво је море-Дивље Јагоде), песни во кои се плука на комунистите, на тогашниот политички режим, песни во кои се опишува градот, песни во кои се опишува овој балкански менталитет... Ама кога ќе размислам подобро и конкуренцијата и не му е баш јака.

Интересно е прашањето како влијаел новиот бран на подоцнежната музика.
Изгледа дека тоа што требало да влијае отишло во заборав, а тоа што не требало да влијае- извршило влијание. И така настана турбо фолкот кој секако дека има корени токму од овој нов бран. Поточно од тие кои почнаа како „хероји од улицата“ со квази проанархистички идеи, а завршија како профитери-шабани со ептен длабок џеб.
 
Никој ама буквално никој не може да го достигне врвот во пишување песни како Милан Младеновиќ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom