Новинарство (генерална дискусија)

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.682
Поени од реакции
4.421
A journalist is a person who collects, writes, or distributes news or other current information. A journalist's work is called journalism. A journalist can work with general issues or specialize in certain issues.
Новинар е личност која, собира, пишува и/или дистрибуира вести или други тековни информации. Новинарската работа се нарекува новинарство(журнализам). Новинарот може да работи со општи прашања или да се специјализира кон одредени проблеми.

Новинарство во 2015..
http://www.theatlantic.com/entertainment/archive/2016/08/slightly-more-than-100-exceptional-works-of-journalism/490622/

Проблеми со новинарството?

П.С Генерална тема за новинарството
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Новинарството кај нас, и не само кај нас, одамна не ги задоволува критериумите на таа, и онака сомнителна професија, која има доста сличности со проституцијата (посебно со онаа кај МТВ, ха ха).
Најчесто слабо платени(освен неколкумина одбрани), секогаш зависни и контролирани од некого, тие се мали, евтини и секогаш лесно заменливи шрафчиња во машината која меле и мие мозоци без престан. Освен одредени исклучоци кои си одбрале теми надвор од политикантското секојдневие, никогаш не сум ги вреднувал високо нашите новинари.
Една од најбесмислените работи се студиите за новинарство што ги имаме. Тоа што е општо во новинарската професија е премногу општо (за да истераат цели студии), а за специјализација на одредени теми си има други школи. Економист, правник, книжевник со доволно дарба и спонтаност, секогаш ќе биде подобар во однос на темите поврзани со неговото образование отколку новинар кој нешто начул и прочитал (обично половина час пред да започне со работа), но всушност нема поим за што се работи, па импровизира, што не е никаква реткост.
За тоа како се препишуваат (не мислам на пренесување, туку на текстови под кои стои име и презиме на наши новинари, а текстот е само собран од некаде) вести од други, странски гласила, колку е бедно нивното преведување и колку многу, генерално, нашиве се неписмени не вреди да се пишува. Доволно е да се чита за да се види до каде е дојдена работата.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.151
Поени од реакции
85.525
Одамна нема новинарство кај нас, сите се потрчковци, препишувачи, лижигазовци и амеби. Ретко каде можеш да начекаш некој текст што е убаво скоцкан и дотеран, а притоа да не ти соли памет во што да веруваш а во што не.

Ќе го изрекламирам само МКД.МК како еден од малкуте портали во земјава кој е тотално неутрален, и одлично си ја вршат задачата дечките. Другото е се отидено во јабана, од телевизии, портали, па се до радија.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.682
Поени од реакции
4.421
Одамна нема новинарство кај нас, сите се потрчковци, препишувачи, лижигазовци и амеби. Ретко каде можеш да начекаш некој текст што е убаво скоцкан и дотеран, а притоа да не ти соли памет во што да веруваш а во што не.

Ќе го изрекламирам само МКД.МК како еден од малкуте портали во земјава кој е тотално неутрален, и одлично си ја вршат задачата дечките. Другото е се отидено во јабана, од телевизии, портали, па се до радија.
@Сабазиј
Тек сега гледам има проблем со видеото. Еве нoв линк:
https://www.youtube.com/watch?v=bq2_wSsDwkQ

На кратко, дали и колку ние сме виновни за моменталната ситуација во која се наоѓа новинарството.
Дали нашата навика за бесплатни информации(последен пат весник имам купено пред 7-8 години) ги става малкуте вистински новинари во безизлезна ситуација?

Освен ова поставува и други интересни прашања мислам дека вреди да се изгледа целото.
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Нема новинарство кај нас, нема новинарски агенции. Тоа се маркетинг агенции кои водат кампања за политичките партии.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.682
Поени од реакции
4.421
Нема новинарство кај нас, нема новинарски агенции. Тоа се маркетинг агенции кои водат кампања за политичките партии.
Чисто информативно, кога последен пат имаш купено весник или на било кој друг начин инвестирано во слободно новинарство?
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Чисто информативно, кога последен пат имаш купено весник или на било кој друг начин инвестирано во слободно новинарство?
Купувам повеќе весници скоро секој ден во последниве 20 години. Од тоа се спонзорираат весниците? 15 ден не верувам дека и печатењето го покриваат.
Слободно новинарство?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Новинар е лице кое професионално се бави со собирање вести
https://mk.wikipedia.org/wiki/Новинар
Обратете внимание на ова „ професионално “
Значи новинарот треба да заработи од својата работа, односно да ги продаде вестите кои ги собрал
А тоа значи треба да собира и продава вести кои се интересни за оној кој ќе му плати
Кај нас весниците ги финансираат „ политичките опции “ и само такви вести можат да се продадат
Ако собере некоја вест кој е против власта, никој нема да му ја купи
На пример, ако напише нешто лошо за зонското или за Топлификација, таква вест никој нема да му купи
Затоа јас имам собрано многу лоши вести за зонско и Топлификација и ги имам објавено на овој форум
Но јас тоа не го правам професионално и не заработувам со тоа затоа и не сум новинар
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.682
Поени од реакции
4.421
Купувам повеќе весници скоро секој ден во последниве 20 години. Од тоа се спонзорираат весниците? 15 ден не верувам дека и печатењето го покриваат.
Слободно новинарство?
До пред 10-ина години тоа им беше главен приход, новините плус реклами во нив. Денес горе доле мртов е тој бизнис план.

Еве јас не памтам кога последен пат сум купил весник. Денес сам гледаш каква е ситуацијата ги купуваат весниците и ако не им одговара што се пишува ги отпуштаат.(кхмкхм Телма цела искусна екипа испуштија, вработија газолижачи, за Шител, Анал 5 и компанија ич не коментирам).
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
До пред 10-ина години тоа им беше главен приход, новините плус реклами во нив. Денес горе доле мртов е тој бизнис план.

Еве јас не памтам кога последен пат сум купил весник. Денес сам гледаш каква е ситуацијата ги купуваат весниците и ако не им одговара што се пишува ги отпуштаат.(кхмкхм Телма цела искусна екипа испуштија, вработија газолижачи, за Шител, Анал 5 и компанија ич не коментирам).
Кога ќе ги видиш само насловите, знаеш дека не мора да го читаш текстот за да ја сфатиш поената на написот.
Се што се пишува е за одбрана и во служба на власта и државните институции.
Се напаѓа опозицијата, скоро секогаш е на насловна страна, а ниту една критика кон власта, се е идеално.
Ги купија весниците, сите добри новинари и колумнисти ги отпуштија, a оставија и примија нови, газолижци.
 
Член од
28 август 2016
Мислења
19
Поени од реакции
7
Sea ova go procitav. Like wtf. Seriozno se pisuva...

Sent from my SM-G930W8 using Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
па сам новинар ќе пушти во езеро пирана од акварим за да измисли вест... имавме новинар што убиваше жени и беше ПРВ на лице место... откако се удави во кофа во затвор, престанаа и убиствата на жени во Кичевско
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.644
Поени од реакции
22.049
Порано редовно можеше да се прочита за слободата на новинарството низ македонските медиуми, сега веќе и тоа не е тема.
Македонија, близу дното...во друштво на Лесото, Гамбија и Сиера Леоне

Screenshot_20200715-114135_Chrome.jpg


Од земјите во регионот, едино Грција е на 65то место, а Бугарија на 111.



Како беше она?
Ја вративме слободата?
А и не ме чуди сето ова со ликови како Саше Политико, Смилјан, Латас, Ивона и други :pusigo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom