Нова партија на Љубе Бошкоски - "Обединети за Македонија"

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Ќе чепне ли Љубе Бошкоски од досега стабилната пратеничка група и партиско членство на неговата некогашна партија.
Не во негов стил, не сакаше да одговара на новинарски прашања. Но неофицијално открива има заинтересирани и од ВМРО-ДПМНЕ и од други партии да го облечат дресот на „Обединети за Македонија“, но,вели, не сака пратеници, незаработени на избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ немаат сознанија дека некои нивни пратеници ќе одат кај Бошкоски. Му посакуваат среќа и се надеваат на коректна соработка. Бошкоски ќе чека прво да се позиционира на политичката сцена, да види колку приврзаници има, па потоа на рамна нога би разговарал со опозицијата.
Наместо секојдневно виртуелно рекламирање нуди реално подобрување и на економско и на политичко поле. Најави подобар стандард. Будно ќе и дише во врат на самобендисаната власт.
„На самобендисаните лидери и нивните олигархии им порачуваме дека и без лидер се може, но без слобода на мислата нема напредок и државата не може“, вели Љубе Бошкоски.
Членство во НАТО и ЕУ во најбрз можен рок е мисијата на новата партија. Од нас, вели, никој од меѓународниот фактор не бара да го смениме името. Единствено, посочува Груевски пред Букурешт беше подготвен да го смени нашето име.
На утрешното основачко собрание Бошкоски ги покани сите партии, од СДСМ ќе присуствуваат, а од ВМРО-ДПМНЕ ќе градат став дополнително.


љубе мислам замина малку со мозокот , читајќи го болдираното.

инаку не сакал пратеници без ибори , а сам потуркува наводна заинтерисароност на пратеници да преминат во неговата партија. т.е. алиби си нафрла дека не може да гибне од пратениците н вмро дпмне
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Старо-ново НП со странски капитал.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Никогаш нема да поддржам политичка партија која работи на промена на името.
Особено не партија која е контролирана од ЕУ нато.
Особено не лидер којшто се свртел за 180 степени.

Бев на митингот на Љубе, и си отидов кога кажа дека он ке ми го гарантирал идентитетот.
Името не го ни спомна.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Јас навистина сериозно се надевам дека ќе се појави трет блок во македонската политика, а притоа тој блок да не е сателит на веќе постоечките два.

Овие...шије ми га Џуро.
 
N

n/a

Гостин

:eek:lee:
Раните громови на вистинската преродба!
Напред кон Македонија!

 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Обично кога има огромни најави за создавање на некоја политичка партија, големи рекламации и пофалби од страна на некој политички личности во државата на крајот е создадена мала партија без скоро никакво политичко влијание во политиката на Македонија, тоа барем го имаме гледано. Како пример можам да ја посочам партијата на Имер Селмани, а тоа е Нова Демократија, Слободни демократи, каде што требаше да бидат сите познати македонски бизнисмени, а на крајот членови се група шверцувачи на автомобили во Македонија и други партии. Така да можеме да го гледаме создавањето на партијата без многу возбудување, кога и така нема ништо да се случи. Љубе Бошковски е на стара слава.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
i kao ke se vikaat? obedinitelite za makedonia????
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Од вмро дпмне произлего миљон партии, што стока ќе беа бре бре бре бре
 
B

Borg_Drone

Гостин
Јас па викам дека од ВМРО нема да премине ниту еден член кај Љубе, а зошто, зошто никој нема да напушти директорска позиција, пратеничко место и.т.н. само за да ги следи идеалите на Љубе Бошковски, секој ќе си го гледа својот интерес, тоа е повеќе од докажано во Македонија.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Јас па викам дека од ВМРО нема да премине ниту еден член кај Љубе, а зошто, зошто никој нема да напушти директорска позиција, пратеничко место и.т.н. само за да ги следи идеалите на Љубе Бошковски, секој ќе си го гледа својот интерес, тоа е повеќе од докажано во Македонија.
Ne e bas taka...tuku imaat potpisano na notar deka nema da preminat vo dr. partija...i odgovaraat so imot se po propis...a ko ce vidis takvi garancii mozat da dadat samo retardirani...i kakva korist od nimi?

Ce zaboravev...edini neretardiran...e BS...mislam deka ne bile tolku drski pa i nego da go naterale da potpisi...i ako nekoj i premini to ce bidi samo toj...
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Јас па викам дека од ВМРО нема да премине ниту еден член кај Љубе, а зошто, зошто никој нема да напушти директорска позиција, пратеничко место и.т.н.
само за да ги следи идеалите на Љубе Бошковски, секој ќе си го гледа својот интерес, тоа е повеќе од докажано во Македонија.
Кој идеали ги следи братот бе Борг Дроне?Го поштував и молев да се ослободи братот но сега мислам дека се изгубил во политиката.Мислам дека не знае што прави.И мислам дека врска нема од идеали.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
ВМРО-ДП ВМРО-ТАТКОВИНСКА ВМРО-НАРОДНА ВМРО-МАКЕДОНСКА ВМРО-ВМРО НСДП ПСД СДУ Лига за демократија Демократска центар Нова Демократија Демократска Алтернатива ПОДЕМ и партијата на Љубе е блесок партија и ке заврши како сите овие.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Кој идеали ги следи братот бе Борг Дроне?Го поштував и молев да се ослободи братот но сега мислам дека се изгубил во политиката.Мислам дека не знае што прави.И мислам дека врска нема од идеали.
Aj ќе го преболиш.:smir:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Кој идеали ги следи братот бе Борг Дроне?Го поштував и молев да се ослободи братот но сега мислам дека се изгубил во политиката.Мислам дека не знае што прави.И мислам дека врска нема од идеали.
Тоа допрва ќе видиме, дали имал човекот идеали или не, јас лично не го поддржувам ако ме прашаш мене.

Ne e bas taka...tuku imaat potpisano na notar deka nema da preminat vo dr. partija...i odgovaraat so imot se po propis...
Тогаш како Љубе Бошковски не одговараше за ова што го направи со имот и.т.н.???
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.183
Љубе со неговата партија нема да издржи до следните избори. Тоа ќе биде само човек-партија како што имало многу досега, но за разлика од други партии Љубе нема доволно капацитет во неговата партија. Можно е некаква си коалиција со НП за следните избори ако НП воопшто ќе издржи до тогаш, значи појавувајнето на Љубе во Македонската политичка сцена не носи нови промени, за нови политички опции да не зборуваме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom