Нова општествена економска формација?

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Нова економска светска криза,рецесија.
Најразвиените, највлијателни, светски држави , веќе почнаа да ги достигнуваат крајните стадиуми на капитализмот, но во овој момент се покажа една голема слабост на истиот систем. Оваа слабост , ја демонстрира токму Америка.

Карл Маркс, во доцните години на 19 век , ги нагласуваше-предвидуваше, слабите точки на капитализмот, тврдејќи дека во еден конкретен момент од развојот на една капиталистичка држава , имотот на капиталистите ќе биде одземен од државата (преку револуција или други облици на искажување незадоволство) и предаден на работниците и поситната буржоазија.
Тоа би се случило поради фактот дека , сопствениците на капитал , својот капитал го множат експлоатирајќи ја работничката класа.

Веќе се зборува дека во европа потајно се чита големото дело на Карл Маркс “Капитал“ , и се разработува неговата идеологија.

Значи што мислите , дали е на повидок нова општествена економска формација?

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Значи прво било робовладетелско општество, па феудализмот, па социјализам, во Кина комунизам, и сеа прљав капитализам.
Ново нешто тешко да се измисли, или ке пробаат со блага комбинација или ке ја спустат топката.
 
NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Па да, веќе ако одиме од таа гледна точка, капитализмот може да се стави на врвот како систем , кој е карактеристичен за најразвиените, најмодерните општества, но дефинитивно се покажа недоволно осмислен.
Иначе интересно е тоа што всушност целта и сонот на секој светски човек е , создавање на свет без граници , каде што сите би биле еднакви. Значи најблиску до оваа замисла како систем е комунизмот, каде што секој би користел материјални средства и би поседувал имоти и добра, според своите потреби.
Токму вака организирана била најпрвата заедница на луѓе , односно првобитното општество-општеството на собирачи и ловци, каде имало некои мали отстапки , и некоја минимална незначителна привилегија која ја уживале старешините.
Подоцна во општествата на земјоделци, кадешто луѓето егзистирале , од земјата-одгледувајќи растенија, веќе воочиле дека што повеќе земја поседуваш за обработка , то повеќе храна добиваш. Така почнала една “борба“ за што повеќе земја, и тука веќе се појавуваат и нееднаквостите меѓу луѓето, впрочем корените на државата се појавуваат во овие општества.
Идеологијата на капитализмот е сосема различна , тука важи “правилото“ :

Кој е поспособен(поснаодлив,поинтелегентен, па дури и поубав-факт за некои професии) ќе има углед, моќ, капитал.

Многу може да се дискутира на темава, но да бидиме попрецизни..,целта ми беше дали сега е можеби моментот , “интелектуалците“ да претстават други видувања на светот, да претстават и други движечки фактори на општествата....или повторно да се проба со комунизмот-социјализмот..!?
Дали му се предвидува колапс на капитализмот?
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
NafuraN,
Постојат сериозни индикации кои создаваат сомнежи дека ти немаш поим што всушност е капитализам, односно тоа што го знаеш ти е од левичари кажано и е неточно.
Верувам дека не си прочитал ниту едно дело на ниту еден десно ориентиран филозоф инаку не би пишувал како што пишуваш.

Дали му се предвидува колапс на капитализмот?
Колапсот на лажниот капитализам (crony capitalism) е веќе на повидок, се гледа.
Сепак, ако се мисли на пропаста на индивидуализмот, слободата, правната држава и пазарната економија, која е патем, вистинското име на тоа што го нарекуваш капитализам... Тешко на сите нас и тоа во светски размери.

Поздрав:helou:

П.С.
Најди време да прочиташ што е тоа „crony capitalism“.
 
Не знам зошто, ама од твојов пост, добив впечаток дека можеби студираш економија, а да бидам попрецизен , во овој период можеби полагаш статистика-- чиста моја претпоставка.

Морам да признаам дека немам многу време посветено , читајќи дела кои подобро го појаснуваат капитализмот и професионално го разработуваат како систем. Но еве мислам дека барем 90% од светското население го разгледува капитализмот со исти очи-сфаќања како моите. Затоа ќе мора вака, искрено љубопитно, да те замолам да ми го доближиш-објасниш гореспоменатиот поим, бидејќи навистина немам време ,барем во блиска иднина, да читам творби кои ќе послужат за пишување на сегашнава, во иднина -историја.
 
Член од
3 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
3
Капитализам, социјализам и сите други форми се суштински исти.
Во сите нив владее монетарна политика.
За да се искоренат сите добропознати макроекономски проблеми во економијата како невработеност, инфлација и други нечовечки работи ке мора да ја отфрлиме монетарната политика односно парите. Тоа е делумно невозможно бидејќи нашиот човечки поредок е заснован врз монетарна политика.
Така да немојте многу да се секирате дали е тоа капитализам или социјализам. Отсекогаш било само пари, пари- ПРОФИТ.
За тоа живееме, за тоа се водат војни, за некој да има 12 јахти а некој да умира од жед (не од глад).
Иако признавам дека некои системи се за нијанса подобри од другите секогаш целта ќе е да се оствари профит за одредена елита.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Брат, јас сум веќе 3 дена во тој систем... скршен денар немам во мене.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
temava nema vrska so pravna tematika :kesa: ova e ekonomija :tv:

Sto eb formacija toa Evreite sea ke lapnat kukite a tie so se zaduzile na kredit i pak ke si ima robovladetelsko opstestvo... mnogu ste naivni znaci:tapp:
 
NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
temava nema vrska so pravna tematika :kesa: ova e ekonomija :tv:

Sto eb formacija toa Evreite sea ke lapnat kukite a tie so se zaduzile na kredit i pak ke si ima robovladetelsko opstestvo... mnogu ste naivni znaci:tapp:
Детуле, ај не туку терај офтопици , и не расправај за работи кои не ти се во интелектуален опсег. Значи на право место си е темата, бидејќи токму правната тематика, ја разработува, и реализира секоја економска формација. Ако си доволно едуциран да дебатираш на темава , слободно, ако не поштеди не од твоите мудрости и потценувања.

Инаку Free_the_net , апсолутно се согласувам со тебе, ти веќе расправаш за човековата психа, и тоа сосема е во ред и точно дека , секој систем е склон-создаден-исмислен за да и угодува на елитата , односно на владеачката-класата со висок општествен углед.
Но, постои друга цел на темава, а тоа е, дека факт е да оваа економска,финансиска криза, го разниша капитализмот и укажа на некои слабости на истиот тој систем.
Никој не се секира, само ајде да се прајме паметни- да се обидеме да предвидеме до каде сме на општествено-економската траекторија.
 
Член од
3 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
3
Во Македонија нема да се почуствува голема криза бидејќи Македонија не зависи од странските пазари.
Ќе се почуствува криза и тоа баѓи голема, ќе има девалвација и многу отпуштања, лелекања а богами и бројот на убиства и самоубиства ќе се зголеми. Ако на некого ова му заличи на нискобуџетен хорор филм, спремете се тоа ќе ни биде секојдневие.
Кризата која следи ќе биде од недомаќински водење на државата т.е идеите кои државата ги има во план за сите сфери во Македонија се прескапи за наши услови. Ќе мора да се зајмува, а на тие заеми ќе има уште поголема камата и со помош на светската криза која ќе го намали бруто-домашниот производ односно извоз на челик и други метали воглавно ќе настане девалвација на денарот.
Просто кажано Ние (државата) се зајмува со цел да ги оствари тие зацртани цели. Ние сме веќе во долг, а уште ќе се зајмуваме и тоа со поголема камата.
Тие пари ќе ги враќаме ние преку даноци. Згора на тоа приливот на пари однадвор ќе се намали за двапати.
Нафуран праша за мое мислење и дадов. Ова е мислам најреална слика за годината која ни следува.
П.С За тие кои мислат дека сум партиски воин пуштен од власта:pos2: ќе речам дека и прошлата власт многу придонесе за оваа ситуација. Сегашната опозиција ги фрли темелите на овој хаос. Позз

Според тоа на општествено-економската траекторија сме меѓу последните и не гледам сега засега светла точка.
Ситуацијата во државата е страшна, но тоа неможе да го виде обичниот граѓанин.
Ако не може да го виде со сигурност ќе го почувствува во нареднава година.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
165
Поени од реакции
18
капитализмот може да се стави на врвот како систем , кој е карактеристичен за најразвиените, најмодерните општества, но дефинитивно се покажа недоволно осмислен.

никогаш, капитализмот не бил претставен како врв на модерно општество, освен во мас медиумите на Америка. Идеален систем беше и ке остане социјализмот. Но не, социјал-комунизмот, туку социјализмот по Скандинавски урнек.
Во Социјализмот, најмоќна е работничката класа, сите се борат за подобро општество и нема мое твое, или пак аспирации за издигнување на индивидуи.

Па да, веќе ако одиме од таа гледна точка, капитализмот може да се стави на врвот како систем , кој е карактеристичен за најразвиените, најмодерните општества, но дефинитивно се покажа недоволно осмислен.
Иначе интересно е тоа што всушност целта и сонот на секој светски човек е , создавање на свет без граници , каде што сите би биле еднакви. Значи најблиску до оваа замисла како систем е комунизмот, каде што секој би користел материјални средства и би поседувал имоти и добра, според своите потреби.
Токму вака организирана била најпрвата заедница на луѓе , односно првобитното општество-општеството на собирачи и ловци, каде имало некои мали отстапки , и некоја минимална незначителна привилегија која ја уживале старешините.
Подоцна во општествата на земјоделци, кадешто луѓето егзистирале , од земјата-одгледувајќи растенија, веќе воочиле дека што повеќе земја поседуваш за обработка , то повеќе храна добиваш. Така почнала една “борба“ за што повеќе земја, и тука веќе се појавуваат и нееднаквостите меѓу луѓето, впрочем корените на државата се појавуваат во овие општества.
Идеологијата на капитализмот е сосема различна , тука важи “правилото“ :

Кој е поспособен(поснаодлив,поинтелегентен, па дури и поубав-факт за некои професии) ќе има углед, моќ, капитал.

Многу може да се дискутира на темава, но да бидиме попрецизни..,целта ми беше дали сега е можеби моментот , “интелектуалците“ да претстават други видувања на светот, да претстават и други движечки фактори на општествата....или повторно да се проба со комунизмот-социјализмот..!?
Дали му се предвидува колапс на капитализмот?

на првиве две реченици горе мислев со претходниов пост
 
NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Добро да не ја вртиме темава во круг, ајде прокоментирајте подиректно и подетално.
Значи не мора да има овде општи дискусии околу капитализам,социјализам,комунизам. Ајде само да видиме што понатака, дали финансиската криза ќе биде една дупка во економијата, и со низа на реформи ќе се засени нејзиниот ефект, и светското општество, како глобализирана заедница, ќе продолжи во идеите на капитализмот....???
или
Што мислите , дали е на повидок нова општествена економска формација?
 
Член од
3 јануари 2009
Мислења
75
Поени од реакции
3
На повидок според мене не е создавање на нова општествена економска формација.
Капитализмот како систем имал и поголем пад од овај како Големата Депресија па издржал до ден денес.
А и ако би настапила нова формација нема многу да се променат нештата.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
Капитализам, социјализам и сите други форми се суштински исти.
Во сите нив владее монетарна политика.
За да се искоренат сите добропознати макроекономски проблеми во економијата како невработеност, инфлација и други нечовечки работи ке мора да ја отфрлиме монетарната политика односно парите. Тоа е делумно невозможно бидејќи нашиот човечки поредок е заснован врз монетарна политика.
Така да немојте многу да се секирате дали е тоа капитализам или социјализам. Отсекогаш било само пари, пари- ПРОФИТ.
За тоа живееме, за тоа се водат војни, за некој да има 12 јахти а некој да умира од жед (не од глад).
Иако признавам дека некои системи се за нијанса подобри од другите секогаш целта ќе е да се оствари профит за одредена елита.
tocno :smir:

a za da gi otfrlime parite treba da ja unapreduvame i podigneme svesta na lugeto, site luge da se obedinat vo maksimalno iskoristuvanje na resursite na ovaa nasa planeta i tehnologijata so koja momentalno raspolagaat lugeto (veruvaj deka ima tehnologija i resursi deneska da se nahranat ,oblecat i zgrizat vo domovi 10 pati poveke od 6 ,5 miljardi luge ) , da se otfrlat site politicari i drugi irelevantni i bespotrebni profesii,sekoj covecki zivot da e pocituvan i dostoinstven vo pravata smisla na zborot i lugeto da prestanat da bidat robovi (ova deneska e moderno ropstvo) . Mozebi se ova izgleda kako utopija ama e ostvarlivo i realno.Nasata planeta denes so ovoj monetaren sistem moze da se sporedi so edno semejstvo vo koe roditelite na edni deca i davat se sto ke posakaat a drugite gi ostavaat da patat i stradaat i da rabotat za nivnite braka i sestri.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom