Нова кабелска телевизија со 80 тв канали и 30мбпс интернет за 799 ден? Има некој ?

Член од
12 август 2012
Мислења
134
Поени од реакции
21
Денес слушнав за нова кабелска тв која нуди 30mbps брзина и 100 гига трансфер и канали вклучувајќи ги б92,прва,спорт клуб (сите), арена спорт (сите) фок (сите) и уште многу познати канали кои ги нема по другите оператори ? Има некој ? Не ми се верува, цената е многу мала за тоа ? http://www.iptvnet.mk/.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.821
Поени од реакции
10.582
Што убава реклама им направи.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.173
Поени од реакции
3.736
Па понудата не им е лоша е сега што првпат слушам за нив е друга работа.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
803
Денес слушнав за нова кабелска тв која нуди 30mbps брзина и 100 гига трансфер и канали вклучувајќи ги б92,прва,спорт клуб (сите), арена спорт (сите) фок (сите) и уште многу познати канали кои ги нема по другите оператори ? Има некој ? Не ми се верува, цената е многу мала за тоа ? http://www.iptvnet.mk/.
На страната (која патем е далеку од добра веб страна, со многу линкови што не работат, ефтин џумпла темплејт и ред други работи) нема ама баш никаков опис за тоа што ти го зборуваш. Пишува 120 дигитални и 80 бесплани аналогини канали (можам да замислам каков е квалитетот во смисла на програмската содржина), но листа на канали нема никаде.
Ми падна во очи ова во делот Интернет > Постпејд каде што само пишува, цитирам: неограничен.
Доста добар опис, мислам дека секој што бара објаснување за пакетот би бил задоволен со ова.
Исто така, ресиверот за телевизијата се наплаќа 3500 денари, а исто и адаптерот за телефонија се наплаќа 1950 денари.
Сигурно ќе најдам и други работи што како потенцијален корисник сигурно не би ме привлекле кон фирмата, но еве ќе застанам тука.

Според мене се работи за некоја релативно нова неискусна фирма, чија што веб презентација не остава добар впечаток, фирма која што треба мноооогу да работи за да фати дел од пазарот.
 
Да, али ме зачуди ќе ги контактирам и да видам што канали имаат ! Бидејќи ми треба добра кабловска а оваа ептен со Прва Српска и другите е добро за 350 денари.
 
POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
444
100GB интернет, 30mbps download + 30mbps upload да рачунаме вака, 30mbps = 3.75 megabytes/s имаш двојно, upload и download 3.75+3.75=7.5mb/s, 7.5mb/s*60s=450mb, 450mb*60=27000mb=26,3gb 5h*26,3gb=131,5gb што значи дека за 5 саати активен download и upload тебе ти отишол интернетот, ај да го оставиме upload-от, така за 10 активни часа download ти отишол целиот интернет што треба да ти трае 30 дена, значи нема ни 24h а не па 30 дена. Не моам да ги сватам, како може 30mbps да даваат а лимит имаш 100 гига, јас имам Blizoo неограничен, што пак ти испаѓа ограничен, бидејќи е константно, не можеш повеќе од тоа и да сакаш да потрошиш, пресметај на овој начин и ќе видиш, а инаку новава кабелска мислам дека е :гомце:
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.703
Поени од реакции
1.285
Како прво Prva, HRT2, Arena Sport (1,2,3 и 4), RTS1 и 2 немаат право за во Македонија. За HBO каналите чисто се сомневам дека ги имаат во понудата.
Па дури и да ги имаат, колку е легално сето ова?! Ако им пуштат инспекција, веднаш ќе ги затворат најверојатно, а патем корисниците ќе останат со празни раце.
Со неколку збора: многу сомлителна фирма.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.341
Поени од реакции
7.274

Не знам кои се, лично сајтот ми делува како задоцнета првоаприлска шега, но не ми е јасно од каде ти е информацијата дека Арена каналите се забранети во Македонија, кога Ти-Хоум ги нудат истите тие канали во своите MaxTV пакети ?

Добро сега, факт е тоа дека ги нудат за дополнителна претплата, но сепак ги нудат, што потврдува дека не се забранети во Македонија, во спротивно и Ти-Хоум би требало да ги затворат ако им пуштат инспекција.

Телекабел ги нудат и ХРТ 1 и ХРТ 2, па дури и новата ХРТ 3 во основниот пакет со аналогни ТВ канали, ова го знам од личното искуство на мој пријател кој користи аналогна телевизија од Телекабел, што потврдува дека дефинитивно овие ТВ канали не се забранети во Македонија.

Иста е ситуацијата и со HBO каналите, локални кабелски телевизии во Тетово и во Гостивар неодамна ги ставија HBO и HBO Comedy ТВ каналите во своите основни пакети со аналогни ТВ канали, истите пакети беа одобрени од СРД во текот на изминатата недела или пред изминатата недела, не помнам точно, слободно провери на официјалниот веб сајт на СРД за да се увериш лично ако сакаш.

Доколку грешам, слободно викни им инспекција и на Ти-Хоум и на Телекабел, па да видиме дали некоја од овие 2 фирми ќе ги затворат, па ќе видиме кој е во право.

Но како и да е, ова ми делува на чиста приказна за мали деца, фрлање коска на гладни кучиња, само што коската е направена од пластика, ем нема да ги најаде кучињата, ем има ризик да си ги испокршат забите.
 
Доста сомнително, сепак нови се и ги има низ цело Скопје само незнам дали ги користи некој ....
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.703
Поени од реакции
1.285
Dexter26 Arena Sport каналите не се емитуваат во Република Македонија. Нив ги нуди T-Home само како сретство за нудење на UEFA лигите како и германскиот куп. Други ништо не се нуди. За пример исто така ќе ја земам Италијанската лига што се нуди на нив, а за во Македонија, Телма ги има правата.
Телекабел можеби порано ја нудел HRT2, но сега си ги нуди само HRT1 и 3. Самата HRT2 побара да биде забранета од СРД, само како потсетување ова.
За HBO каналите, да видов дека ги има во Гостивар и Тетово, што искрено и ме изненади, многу!
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
253
HRT2 ја нема на ТК. Како сама побарала да не се емитува и зашто?

Новава кабловска ми изгледа на тапанарија тешка. Сателитска ftw!
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.703
Поени од реакции
1.285
HRT2 ја нема на ТК. Како сама побарала да не се емитува и зашто?

Новава кабловска ми изгледа на тапанарија тешка. Сателитска ftw!
HRT2, Nova, b92 и некои други сами побараа од СРД да нареди да се укинат. Причина велат дека е тоа што немале интерес во земјава да се нудат, но можеби се работи за нешто повеќе, нели ?
 
На врв Bottom