Нова историја на Македонија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Нова историја на Македонија


Епохата на Александар Трети Македонски треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“

Во новопромовираната Историја на македонскиот народ се истакнува дека денешните Македонци се многу повеќе потомци на античките Македонци отколку на Словените.
Денешните Македонци се мешавина на античките Македонци и на Словените при што античкиот етнос останал доминантен во новонастанатата симбиоза на двата народа.
Денешен „Дневник“ под наслов „Бриши Словени, пиши антички“ објавува: Епохата на Александар Трети Македонски, пак, треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“ за разлика од досегашниот термин „хеленизам“, кој се употребува во светот и од македонските историчари.
Ова се двете големи промени што ги донесува новата Историја на македонскиот народ издадена од Институт за национална историја, промовирана завчера.
Таа содржи значајни промени во однос на она што досега било содржано во изданијата на оваа репрезентативна државна институција.
Изданието објавено на македонски и на англиски јазик, кое е финансирано од Владата, ќе се користи за надворешната промоција на Македонија, при што ќе се дистрибуира и до странските дипломати и други.
Делото почнува со праисториското време, а завршува со 2008.

Ова дело напишано од група автори опфаќа период што почнува со праисториското време, а завршува со 2008 година, кога на самитот на НАТО во Букурешт Македонија не доби покана да стане членка на алијансата.
Тезата дека денешните Македонци се наследници на античките Македонци, кои се измешале со помалобројниот словенски етнос што се населил на овие простори, е содржана во поглавјето наречено „Македонија и Словените - од средината на шестиот до средината на 9 век“, чиј автор е историчарот Митко Панов.
Во делот насловен како „Континуитетот на античките Македонци и процесот на нивната симбиоза со Словените“ се посочува дека словенското население сепак не се населило во толку масовен број за целосно да го „претопи“ населението што има корен од античка Македонија.
„Најновите историско-археолошки студии покажуваат дека населувањето на Словените во Македонија не претставувало масовна колонизација со капацитет целосно да ја промени етничката констелација во Македонија, иако било неоспорно силното влијание на словенскиот етнос. Воедно и самите Словени во текот на 7 век забележале демографска криза. Станува збор за етапен процес којшто ја овозможил заемната интеракција, коегзистенција и симбиоза помеѓу античките Македонци и населените Словени во Македонија“, цитира „Дневник“ дел од книгата Историја на македонскиот народ.
Во првиот том на Историјата на македонскиот народ, кој Институтот ја објавил во 2000 година, се посочени поинакви факти. Во поглавјето посветено на античка и средновековна Македонија, чиј автор е Бранко Панов, се истакнуваат поинакви факти за населувањето на Словените и за нивното мешање со античките Македонци.


„По дефинитивното населување на Словените во Македонија во одделните области доминантен станал словенскиот етнос. Староседелците - Македонци, кои до овој период го сочинувале основното автохтоно население, како и другите древни балкански народи (Тракијците, Илирите, Грците и други) биле значително разретчени за време на долготрајните словенско-аварски напади на Балканот. Голем дел од македонско староседелско население биле убиени или одведени во ропство, а голем број и се иселиле околу градот Одрин во Тракија. Со претворањето на Македонија во словенска земја настанала симбиоза меѓу помногубројните словенски населеници и затекнатото помалобројно автохтоно македонско население“, се истакнува во делото објавено пред 9 години.Историчарот Митко Панов објаснува дека неговите тези за доминацијата на античките Македонци при мешањето со помалобројните Словени се засновани врз научни сознанија. Во истражувањата што ги правев изминативе 15 години дојдов до сознанија што досега не биле анализирани. Тие покажуваат дека имаме континуитет со античките Македонци“, изјави вчера Панов.
Со претворањето на Македонија во словенска земја настанала симбиоза меѓу словенски населеници и автохтоното македонско население

Научната јавност да расправа и за сосема нова научна теза со која епохата на Александар Македонски треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“ бара и авторката на делот посветен на оваа голема историска личност, Анета Шукарова.
Таа објаснува дека тоа е потребно бидејќи во современото изучување на историјата се наметнува нов термин за овој епохален „транзициски“ век зашто се создава нова културна историја, спроведувајќи ја благородната идеја на Александар Велики за „светата свадба“ меѓу народите.
„Малкумина научници во светот и кај нас ги користат термините „македонизам“ или „александризам“. Јас сметам дека таа треба да се користи и тоа нека биде теза за ново читање на историјата“, изјави вчера Шукарова.
Ѓорѓи Чакарјановски, историчар, кој исто така е еден од авторите на новата историја, изјави дека во изданието одредени периоди го добиле „вистинското место“.
Во Институтот за национална историја вчера признаа дека е невообичаено капиталното дела за историјата на еден народ да завршува со минатата година. Тоа е затоа што во таквите случаи нема временска дистанца од одредени настани потребна да се согледаат последиците и причините за одредени настани. Најверојатно затоа настаните од последната деценија се обработени само фактографски, со наводи дека одредени настани се случиле во одредени години. Тоа најмногу личи на историја пишувана во од - коментираа вчера во ИНИ.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110076
 

Kombajner

ZMAJ
Член од
16 јуни 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Moj deca sigurno nema da ja ucat ovaa istorija.:nenene:
 
Х

Ханзо

Гостин
Moj deca sigurno nema da ja ucat ovaa istorija.:nenene:
Значи стара фалширана историја е во ред, а нова фалширана (дискутабилно) историја никако? Нека учи владава техники за перење мозок од големите Југословени, барем за тоа ги бивало.
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
216
Поени од реакции
6
А зашто ви е потребна нова историja? Не си ли аресвате сегашната?
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
58
Поени од реакции
30
Kombajner za tvote deca za da mozat da ucat, ke se najde nekoj da protne barem uste nekoj istoriski ,,fakt,, za da Vi bide interesna za ucenje .Nas i taka drugi ni ja pisuvaat istorijata i ni ja krojat sudbinata . Nie sme dosta fleksibilni , i vo ime na dobra volja i podobri megjucovecki odnosi , za podobra idnina ... nema da ima problem.

Ah....pusto i pometano.
 
M

marsovka

Гостин
Интерсно дупла тема различен наслов едната македонцки ја отвора преполна со обвинување стигна три страни и 600 пррегледи оваа 5 пост по ред и 81 преглед

што ти се вика менталитет :tv:
Важно да се бара кривец а никако огледало да постави и да си се видиме ние самите и нашите проблеми
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
^Што сте ми чудни брееее...

Во "Историјата на Македонскиот народ" во 3 тома од ~330 страни по том, издадена во 1969 г.

За античкиот дел од историјата има вкупно 26 страни во првиот том, тоа ви се 8% од вкупниот број на страни (~330) ....

Ај сега така....
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
А зашто се дига толку прашина околу историјата, и нејзините учебници, кога и нема голема разлика во основа... само прашина за душебрижниците..

Историјата е многу чудна наука.. ставете 10 историчари, не ќе најдете 2 што ќе ги сложат своите ставови.. што од различити извори, што од различити предрасуди, политички системи и тн..

За да се погледне малце поголемата слика.. треба да се посматраат работиве од поддалеку..

Се што користи во борба против загрозување на националниот идентитет на еден народ.. е ДОЗВОЛИВО... и треба да се подржи..

да не се докажуваме по експлицитно.. меѓутоа, за жал приморани сме на Некакви преговори, Бевме приморани на истите, каде го променивме знамето , уставот.. тука не се запира... Ако некој знае што се тоа вештина на преговори, и што е тоа Напад е најдобра одбрана, тогаш ќе почнат да ја препознаваат и целава кампања која се води...

Груевски за мене има многу Минуси, во неговата политика, меѓутоа мора да му се признае Пионерските зафати за водење на Кампањска Политика..или политичка кампања... почнувајки од „купувајте Македонски производи„ - па навака..

Се надевам дека многу Идни премиери ќе го имаат како ТЕРК.. пример за водење на рекламни владини кампањи и пропаганди..

Да се вратиме на случајот.. смо една реченица...

Нападот е најдобрата одбрана....





Ставете на Лист Хартија
  • од лева страна што Грчката држава има се сторено од 1980 навака за да го спори и демонтира Македонскиот етнос..
  • од десната страна што сите премиери имаат направено како КОНТРА тежа
Ако знаете математика.. и сте македонци.. ќе ви стане јасно.. ако не.. стрпете се. ова е борба,,,

тука нема ПАРДОН..
 
E

emission

Гостин
А зашто ви е потребна нова историja? Не си ли аресвате сегашната?
Нели на вас не ви аресаше нашата сегашна историја бугар? Нели цело време трубите да ја промениме? Или се плашите да не ја направиме повеќе Македонска.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Историјата не е егзактна наука.Постојано се надополнуваат нови и нови факти.Последен збор нема.Едноставно ако научниците сметаат дека треба да ги презентираат новите сознанија тоа не треба полемики да предизвикува и стравови.Секаде постои редефирирање на ставови како и во соседна Бугарија таму сега постои голем интерес за тракологијата иако во комунистичкото минато не се изучувало.Затоа ова кај нас што се лучува не е нешто ново невидено нечуено напротив процес кој секаде го има
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
Македонците не се доминантно Словени?

16.06.2009 19:48
Митко Панов
Ново историско откритие или обид за манипулација со историските факти за пропагандни цели. Во новата историја на Македонскиот народ, промовирана деновиве, се тврди дека Македонците не се доминантно Словени, туку дека кај нив преовладува античкиот етнос.
Словените кои се доселиле во 7. век, според авторот Митко Панов, не биле во толку голем број за да предизвикаат значителна промена на етничка констелација. Доказ за ова биле најновите историско-археолошки откритија.
„Не можеме ние од современ аспект да ги гледаме работите, и да тврдиме дали сме доминантни Словени или Македонци, значи повторно влегуваме во замката на политичката конструкција. Античките Македонци не исчезнале, туку продолжиле да учествуваат во процесот на симбиозата со Словените и да пренесуваат дел од нивните традиции, коишто се според мене постепено присвојувани од страна на населените словени идентификувани како Македонски Словени“, изјави Митко Панов.
Според официјалната македонска историја, но и според првиот том на Историјата на македонскиот народ издадена пред 9 години, Словените откако ја населиле Македонија, станале доминантен етнос.
Книгата ја издаде Институтот за национална историја со пари на Владата
Автохтоното население било значително разретчено од долготрајните словенско-аварски напади на Балканот. Голем дел од староседелското македонско население било убиено или одведено во ропство, а голем дел се иселило околу градот Одрин во Тракија...
„Ги посочувам сите релевантни изворни документи коишто ни се на располагање, од четвртиот па се до седмиот век од нашата ера, коишто имаат и латинска и грчка провиниенција, значи зборуваме за таков тип на извори, а коишто до сега не беа соодветно анализирани и занемарувани од разбирливи причини“, вели Панов.
Новата историја е објавено на македонски и англиски јазик. Не е наменета за образовниот систем, туку за надворешна промоција на Македонија. Ја издаде Институтот за национална историја со пари на Владата.
Дамјан Варошлија - web новинар


:violent1: izvor A1
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Македонците не се доминантно Словени?

16.06.2009 19:48
Митко Панов
Ново историско откритие или обид за манипулација со историските факти за пропагандни цели. Во новата историја на Македонскиот народ, промовирана деновиве, се тврди дека Македонците не се доминантно Словени, туку дека кај нив преовладува античкиот етнос.

:violent1: izvor A1

Чиста лага и извртување на теза од страна на новинарот на А1.
Проблемот е во тоа што новинарот е толку глуп што самиот го демантира насловот што го напишал на статијата. Имено насловот на статијата е:

Македонците не се доминантно Словени?
Подоцна во текстот пишува:
Во новата историја на Македонскиот народ, промовирана деновиве, се тврди дека Македонците не се доминантно Словени, туку дека кај нив преовладува античкиот етнос.
За накрај самиот глуп новинар да се демантира преку цитирање на авторот на книгата кој што вели:

Не можеме ние од современ аспект да ги гледаме работите, и да тврдиме дали сме доминантни Словени или Македонци, значи повторно влегуваме во замката на политичката конструкција изјави Митко Панов

Ние не треба да дозволиме некои си новинари со птичји мозок што сакаат да прикажат некаква си наводна антиквизација на државава( дали од политички причини или чисто како ``топ вест``) да влијаат на нашето расудување особено кога овие ``новинари`` се толкави имбецили кои незнаат што пишуваат.
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
„Ги посочувам сите релевантни изворни документи коишто ни се на располагање, од четвртиот па се до седмиот век од нашата ера, коишто имаат и латинска и грчка провиниенција, значи зборуваме за таков тип на извори, а коишто до сега не беа соодветно анализирани и занемарувани од разбирливи причини“, вели Панов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom