Нова година, Василица...

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Македонците,онакви какви не дал Бог,вси ја славиме Василица за Нова Година.
Не завлегувам во тоа годината траела 365 и дрн, дрн.

Што е Василица?

Василица (кралица?)
king=bhAsa=light , lustre , brightness; impression made on the mind, fancy; a bird of prey, vulture...

Новата годоина е токму тоа, почеток на нова светлина, прочистување, просветлување (отфрлање на старото)...ВАСИЛИЦА.

Нова година е поврзана и со SURVA.
"СУРВА, СУРВА ГОДИНА" ВО МУЗЕЈ

ОБИЧАИТЕ СО МАСКИ – КОНТИНУИТЕТ НА АНТИЧКИТЕ БАХАНАЛИИ И ДИОНИЗИИ

sUrya=new year=Vasilica,Surva=the sun or its deity

Помина Василица, но реков да се потсетиме малку на корените:

http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/6340771

.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Среќен празник и нека им е честито на оние кој го носат името на овај ден!И нека бидат благословени оние кои им падна паричката а и се разбира и целиот народ!ЗА МНОГУ ГОДИНИ МАКЕДОНЦИ!
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.420
Поени од реакции
572
Интересно, во Бугарија овој ден е "циганската Нова Година". Како е во Република Македонија?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Интересно, во Бугарија овој ден е "циганската Нова Година". Како е во Република Македонија?
Како се празнува во Бугарија?
А македонскиот народ на 14 јануари по новиот календар а (1-ви јануари според стариот календар) познат како Нова Година празнува три празници кои се совпаѓаат и тоа Обрезание Господово,Св.Василиј Велики и како што напоменав предходно Нова Година според стариот календар ,која започнува да се слави вечерта на 13 јануари со огнови кои се симбол на боженствената светлина со која се сметало дека се истерувале лошите работи ,тоа е еден од обичаите во Македонија .
Традиција е во Западна МК да се јаде пита во која има паричка каде православните христијани го слават споменот на Св,Василиј Велики .Според историјата на василопитата е еден настан кој се случил во IV век во градот Кесарија ВО Мала Азија .
Во Мк доста познат на овај ден е Вевчанскиот карневал ..луѓето користат најразлични маски ,со најразлични трикови ,сметајќи дека со тоа ги истерувале злите духови бидејки од божик до водици се сметаат за некрстени денови и во тој периодт шетале лошите духови.Накратко , тоа се обичаите во МК на овој ден.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719

Сигурно и фрлањето во вода на Водици го нарекувате "циганско крштавање".
Како се празнува во Бугарија?
А македонскиот народ на 14 јануари...
Не му се секирај, знае он добро како е и што е. Барем западно и југозападно од Софија се е исто како во Македонија.

http://www.youtube.com/results?search_query=pernik surva&oq=pernik surva&aq=f&aqi=&aql=&gs_sm=s&gs_upl=2109l7852l0l9043l16l16l1l7l0l3l223l1141l3.3.2l8l0

Над 3000 души участваха в Международниja фестивал на кукерските и маскарадните игри Симитли 2012
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
Како се празнува во Бугарија?
А македонскиот народ на 14 јануари по новиот календар а (1-ви јануари според стариот календар) познат како Нова Година празнува три празници кои се совпаѓаат и тоа Обрезание Господово,Св.Василиј Велики и како што напоменав предходно Нова Година според стариот календар ,која започнува да се слави вечерта на 13 јануари со огнови кои се симбол на боженствената светлина со која се сметало дека се истерувале лошите работи ,тоа е еден од обичаите во Македонија .
Традиција е во Западна МК да се јаде пита во која има паричка каде православните христијани го слават споменот на Св,Василиј Велики .Според историјата на василопитата е еден настан кој се случил во IV век во градот Кесарија ВО Мала Азија .
Во Мк доста познат на овај ден е Вевчанскиот карневал ..луѓето користат најразлични маски ,со најразлични трикови ,сметајќи дека со тоа ги истерувале злите духови бидејки од божик до водици се сметаат за некрстени денови и во тој периодт шетале лошите духови.Накратко , тоа се обичаите во МК на овој ден.
Има една голема разлика - во Бугарија црквата исто така го е прифатила Грегоријанскиот календар. Затоа и кај нас Божиќ е пред Нова година. Стара Нова Година ние не празнуваме. Васильвден /Василица/ е на 1 јануари и во целина обичаите се скоро исти како кај вас. Некаде се прави погача со паричка, на друго место во погачата се криjат дренови гранчиња и според бројот на гранки се предвидува кој каква среќа ќе има во текот на годината.
Не знам дали кај вас го има друг обичај - сурвакането или сурва.
Кукерите /бабугерите/ ги има и каj нас. Наjпопуларни са игрите во Перник, но ги има и во цела Бугариjа.
Повеке - тук /на Бугарски/.

Сигурно и фрлањето во вода на Водици го нарекувате "циганско крштавање".
Не, Циганска Нова Година е зоштото традиционно циганите jа сметат по Jулианскиот календар. Денеска тие слават "Банго Васил".
На Водица /Jордановден, Богоjавление/, коj во Бугариjа е на 6 jануари е истото като во сите православни земjи. Сепак има и некои регионални разлики - некаде крстот се фрла во река, на друго место во езеро, а на исток - во морето. Во град Калофер /Централна Бугариjа/ па традиционално прават оро во реката а кој фати крстот го донира на најмалиот учесник во орото.

Да ти кажам искрено не знам како точно го слават празникот ромите. Знам дека е на 13/14 jануари. Познат е како: Банго Васил, Банго Василиј, Васильовден, Василица.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Стара Нова Година ние не празнуваме. Васильвден /Василица/ е на 1 јануари и во целина обичаите се скоро исти како кај вас.
Дечко кај нас по правило не треба да се вика "стара" новата година која се празнува на 14 јануари, бидејќи според нашиот верски календар 14 јануари - Василица е всушност 1 јануари.
Но бидејќи целиот свет тврди дека 1 јануари е тогаш кога според нашиот календар е 18 декември ние двапати славиме нова година.
По правило би требало да имаме "Нова Година според сите" - 1 јануари и "Hаша Нова Година" - 14 јануари.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
Все пак дали по Jулианскиот, дали по Грегорианскиот, но Нова година секогаш е на први jануари ;)
Поимот "Стара нова година" се користи од Русите.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Има една голема разлика - во Бугарија црквата исто така го е прифатила Грегоријанскиот календар. Затоа и кај нас Божиќ е пред Нова година. Стара Нова Година ние не празнуваме. Васильвден /Василица/ е на 1 јануари и во целина обичаите се скоро исти како кај вас. Некаде се прави погача со паричка, на друго место во погачата се криjат дренови гранчиња и според бројот на гранки се предвидува кој каква среќа ќе има во текот на годината.
Не знам дали кај вас го има друг обичај - сурвакането или сурва.
Кукерите /бабугерите/ ги има и каj нас. Наjпопуларни са игрите во Перник, но ги има и во цела Бугариjа.
Повеке - тук /на Бугарски/.

Значи и вие славите Василица но според Грегоријанскиот календар е на 1 -ви јануари ,заедно со нова година го празнувате како што сфатив,така нели?
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 16:52 ---
Да ти кажам искрено не знам како точно го слават празникот ромите. Знам дека е на 13/14 jануари. Познат е како: Банго Васил, Банго Василиј, Васильовден, Василица.
А вие Св.Василиј или познато кај народот како Василица го празнувате на 1-ви јануари?
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 17:03 ---
Не, Циганска Нова Година е зоштото традиционно циганите jа сметат по Jулианскиот календар. Денеска тие слават "Банго Васил".
На Водица /Jордановден, Богоjавление/, коj во Бугариjа е на 6 jануари е истото като во сите православни земjи. Сепак има и некои регионални разлики - некаде крстот се фрла во река, на друго место во езеро, а на исток - во морето. Во град Калофер /Централна Бугариjа/ па традиционално прават оро во реката а кој фати крстот го донира на најмалиот учесник во орото.

[/quote]
Во Македонија Водици се слави на 19 -ти јануари..за разлика од вас кај нас не се игра ора.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
А вие Св.Василиј или познато кај народот како Василица го празнувате на 1-ви јануари?
Точно!
На 1-ви jануари Св.Василиј /Василовден/. При вас Василица.
На 6-ти jануари Богоjавление /Jордановден, Водици/.
На 7-ми jануари Свети Јован Крстител /Ивановден/.

Ведно со 6-ти маj - Свети Георги /Гергьовден/ и донекаде 6-ти декември - Свети Николаj /Никулден/, тоа са наjчествуваните празници. Секоj коj носи име на светецот слави и кани на маса другарите.
Има един анегдот: Като сме безделници, да не сме и без празници.:)
Не знам дали се разбира мислата на Македонски. Се крие во словото "безделници", кое може да се приеме и като "без делници" .
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Бадниковите огнови се во потполна несогласност со Црковното предание!

Палењето оган, печењето колбаси и пиењето ракија, се во апсолутна спротивност со Божиќниот пост.

Како и да е, ставањето на паричка во лебот на Бадник, нема никаква основа ниту во теологијата ниту во преданието на Црквата.“

За Бадниковите прослави...

( Митрополит Наум Струмички - извадок од "Незнаете од каков дух сте")

А сега?
.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Бадниковите огнови се во потполна несогласност со Црковното предание!

Палењето оган, печењето колбаси и пиењето ракија, се во апсолутна спротивност со Божиќниот пост.

Како и да е, ставањето на паричка во лебот на Бадник, нема никаква основа ниту во теологијата ниту во преданието на Црквата.“

За Бадниковите прослави...

( Митрополит Наум Струмички - извадок од "Незнаете од каков дух сте")

А сега?.
Во право е дедо Наум.

Мене ми пречи кога ќе излезе некое црковно лице да кажува како огнот ја означувал светлината на ѕвездата, коледарчињата собирале за Исус, паричката била заради Св. Василиј...

Тоа се измислици. Овие обичаи своите корени ги имаат во предхристијанско време. Христијанското е молитва и пост. Толку. Нема ништо друго и важи за сите подеднакво.

Од друга страна пак ги поддржувам таквите црковни лица кои очигледно сакаат да ја зачуваат формата на обичаите и традициите припишувајќи им некакво ново измислено христијанско значење - на некој начин вршејќи "легализација".
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Коледе е празник за пијаниците - тогаш можат слободно да си пијат дури можат и дури крепат, на туѓа сметка и без некој да им приговара (жените) за тоа :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom