Ах бе јамајка, тешко историјава а?
Кога се ширела Руската империја од Кавказ до Алјаска. Најголем дел од домородното население е убиено, силувано и мачено од Козаците.
^^
Ова претпоставувам е директно цитирано од прирачниците што ви ги делат во невладините организации, а?
Историјата многу селективно ја консултирате.
Реалноста е дека таму во рускиот исток, во постојното население има неспоредливо многу повеќе интегрирани домородци... отколку во населението во САД и Канада, на пример. Во Руската империја доморотците имотот и слободата во главно ги задржувале... тие што не се бунтувале.
Руската империја ги интегрирала и асимилирала освоените народи. Во Руската империја доморотците не ги убивале со глад и болести, изолирани во резервати (прекурсор на концентрационите логори).
Се разбира, прирачникот од Сорос сега најверојатно ќе ти каже го игнорираш обвинувањето за геноцид Американскиот континент и да прашаш нешто во стилот :
„Каква е разликата?„
Епа едното се нарекува асимилација, другото е геноцид.
Двете се злодела, ама се некако сметам дека жртвите на геноцид (кога би можеле) би спореле дека тие две злодела се исто тешки.
Нејсе, не сакам јас да го бранам рускиот империјализам. Светот би бил многу подобро место без големите сили.
Јас само ја посочувам лицемерноста на вашите спонзори (и господари). Истите тие што направија геноцид врз цел еден континент и цела една нација... сега обвинуваат други за империјализам и асимилација.
Му кажала враната на гавранот, премногу бил црн!