Star Trek: Discovery & Тhe Orville

Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Не видов да има отворена тема за новата серија која ја чекаме долг временски период па решив јас да отворам, доколку мислите дека не заслужува посебна тема, слободно преместете ја или избришете ја. Ќе се обидам да го напишам овој вовед без спојлери :)

СТ:Дискавери
Оваа серија за првпат нема да има главен лик капетан на бродот, туку спореден член на посадата и тоа жена и тоа Циганче. #feminism Приказната започнува на бродот Шенжен (е сега нз што им е фората тука, валјда сакаат да покажат дека земјата е мултиетничка, 神舟- На Госпот Бродо - kami no fune, која иронија кога ќе се земе у обѕир:unsure:...) управувам од капетаницата Жоршиу која е Азијатка. #feminismnakvadrat Дејството се одвива десет години пред Кирк и екипата. Улогата на капетаницата Жоршиу ја игра Мишел Јеох која претпоставувам ви е позната на сите, а главната улога Мајкл (да жена со име Мајкл:icon_lol:) ја има... онаа циганката Саша од Тхе Валкинг Деад (ме мрзи да ја барам по име). Ќе додадам и дека оваа серија не е како останатите СТ серии и отстапува од форматот на телевизијата ЦБС која брилијира со т.н процедурални серии, односно серии кај кои секоја епизода е приказна за себе(НЦИС, ЦИС, Лау анд Ордер, Монк, Скорипион, и поранешните СТ серии кај кои секоја епизода си имаше своја посебна приказна), тука целата серија ќе прати една поврзана приказна како целина. Тоа е се засега, има уште некои работи да се придодат, ама за да нема спојлери ги оставам за во коментари.

The Orville
Оваа серија исто така стартуваше оваа есен, па дури и беа во ист ден емитувани Недела, но потоа поради НФЛ ја поместија во Четврток. Мене оваа серија ме воодушеви, и ми е многу погледлива од предходната. Целата серија е авторско дело на актерот Сет Мекфарланд кој е голем заљубеник во СТ универзумот и решил да направи своа серија со некој хомуристечен тон. Оваа серија го следи стариот патерн на СТ, каде секоја епизода се разработува различна авантура и е приказна сама за себе. Темите се сериозни но со некој добар шмек на комедија. Во серијата се појавуваат некои познати имиња како Лиам Нисон и Шарлиз Терон, како гости во некои од епизодите. Супер забавна ми е со некои WTF моменти, како на пример кога дечкото што го управува бродот (Helm) прави hi5 кога ќе направи ултра тежок маневар, и целата комуникација помеѓу посадата е многу поопуштена, него у Дискавери. Се гледа дека не се премногу штедело на буџетот, односно многу паметно се користи, според Сет Мекфарланд. Првата епизода почнува некако глупо, но со секоја епизода станува се подобра:cuc::cuc::cuc:
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.962
Најдобар Star Trek.. Lorca растура колку е добар. Првпат овај универзум има rogue капетан кој кур не му дреме за ништо и работи независно од законите на Федерацијата.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Оваа серија за првпат нема да има главен лик капетан на бродот, туку спореден член на посадата и тоа жена и тоа Циганче. #feminism Приказната започнува на бродот Шенжен (е сега нз што им е фората тука, валјда сакаат да покажат дека земјата е мултиетничка
Она кога во иднина каде соживуваат вонземјани од разни галаксии во едно општество, ти паѓа во око бојата на кожа и полот на некој човек...
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Она кога во иднина каде соживуваат вонземјани од разни галаксии во едно општество, ти паѓа во око бојата на кожа и полот на некој човек...
Абе не сум ја крив, тоа така не научија ова Социал Џастис Вориорите, па ете секако паѓа во очи сето тоа, исто како и името на бродот.[DOUBLEPOST=1507651685][/DOUBLEPOST]
Најдобар Star Trek.. Lorca растура колку е добар. Првпат овај универзум има rogue капетан кој кур не му дреме за ништо и работи независно од законите на Федерацијата.
Мислам дека е прилагодена за денешното време, за разлика од сериите во 60тите и 80тите каде се фураше некој друг стил, квалитетот на сериите е подигнат на многу високо ниво, благодарејќи на кабелските телевизии како ХБО, ФХ и Нетфликс, па со самото тоа и серијата мора да соодвестува
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Мора да признаам дека ова изгледа забавно, ќе се гледа... :)
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.391
Поени од реакции
21.943
Ги пратам и двете,и сум без замерки.Новата Стар Тек е предобра.Орвил е одлична надополнета со комедија.Гледајте ги и двете нема да згрешите.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Орвил- Супер приказна, текст и сценарио прва лига! слаба глума Сет Мекфален појма нема од глумење...ама смешен и некако шантраво не смета е другите се ОК. Ефекти слаби застарени...имат супер гест старс тие ги вадат. Режија е ОК.
Дискавери-Ептен нафурана приказна малку ми е претеризам...послаби дијалози и хаотична на моменти развој на приказна и развој на ликови, Глума добра посебно Мартин-Грин и Лорка и таа цимерката на Мајкл. Ефекти СУПЕР! Не штеделе на продукција! Режија и камера Солидна...
Лично Орвил повеќе ми се допаѓа ама за малку но, и Дискавери е солидна само малку да ја забават приказната многу испукаа на почеток.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
И за хард кор фановите
Јас се слагам со Критиката Дискавери е боља филмски ама Орвил е далеку позабавна и гледлива и нормално на публика им се допаѓа повеќе. Може и двете се слични како концепт да не речам исти...ама во се друго се разликуваат...глума режија сценарио продукција итн. Далеку сум од експерт за филмови ама очигледна е разликата.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Ја загледав Дискавери и можам да кажам дека не е толкаво срање колку што ја плукаат. А ако не си trekie и не си гледал ич Ѕвездени патеки нема да ти биде срање воопшто. CGI, сценографијата, костимографијата се на ниво. Сценариото и глумата не ми се нешто посебно, но се сосем задоволителни. Приказната што ќе се одвива низ цела сезона на моменти ми делува некако избрзано, но ми буди љубопитност. Дефинитивно ќе ја догледам.

А политичката пропаганда иако не е толку суптилна ако не ја бараш нема ни да ја приметиш.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
Орвил е закон серија, изгледав една епизода и ќе ја гледам цела сезона. Многу добар хумор, а и го има тој филинг на стар трек цело време.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425

Планирам да ја гледам.
Баш сакам да видам каков е Star Trek со Brian Griffin т.е. Seth MacFarlane. :D
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Многу интересна епизода од Тхе Орвиле синоќа, после паузата минатата недела и тмурната епизода од пред тоа, се враќа со забавна епизода, за опшество слично на денешното, т.н Говермент бај тхе Американ Идол. Не би ја опишувал целата епизода ради спојлери, ама морам да признаам дека ми се свиѓа како обработуваат тешки теми на комичен начин, или во случајов Социал Медиа и Everybody deserves a voice.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Многу интересна епизода од Тхе Орвиле синоќа, после паузата минатата недела и тмурната епизода од пред тоа, се враќа со забавна епизода, за опшество слично на денешното, т.н Говермент бај тхе Американ Идол. Не би ја опишувал целата епизода ради спојлери, ама морам да признаам дека ми се свиѓа како обработуваат тешки теми на комичен начин, или во случајов Социал Медиа и Everybody deserves a voice.
Добра епизода не дека и оваа не беше тмурна на друг начин повеќе...отколку графички. Инаку убаво што обработуваат социјални теми и се повеќе како ТНГ или ТОС...Дискавери вози една приказна и тоа е ОК...само Орвил треба да поработи на продукцијата изгледаат ефтино. Или немаат буџет или незнаат да го трошат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom