Браво дечки,и ние имаме направено андроид игра и знаеме како е кога некој од македонија нема да не подрже,знаеме колав е напорот да се направи една игра,некои луѓе земаат здраво за готово,многу лоша нација сме се страмам што сме вакви,наместо да дадеме подршка ние се буниме,и после прашуваат сите зошто сме биле ваква пропадната држава,не е до државата туку до народ е...
Еве јас на пример не земам ништо здраво за готово и знам колку напор треба. Зошто да дадам поддршка ако нешто не е квалитетно?
Повлечи друга паралела, на пример, одиш во пекара да купиш леб и лебот е тврд, изгорен и има пикавец внатре. Ја викаш продавачката и покажуваш и она ти вика „леле, зашто сите сте толку љубоморни што имаме пекара, што народ сме, па ти додека спиеш дома сабајлечки ние стануваме и печеме леб, барем правиме нешто“.
Класичниот синдром на македонски мамин син, тоа што ти или пријателот кој ја отворил темата се потрудил да направи нешто не значи дека го направил совршено, без ниедна мана и дека нема ниедно нешто кое може да се подобри. Такви коментари само дома може да ти дадат, во контекст на „најубав и најпаметен син на мајка тој“
Ако сакате да работите треба да бидете спремни дека нема сите да бидат одушевени и треба да бидете отворени кон критики, а не да викате „ние барем нешто правиме“ и „љубоморне душе могу да га пуше“ зашто така вечно ќе останете на 15 downloads што сте ги направиле од телефоните на баба, дедо и комшиите и reviews што сте ги напишале сами со google translate.