Mlad_man
Sine Qua Non
- Член од
- 20 април 2007
- Мислења
- 3.475
- Поени од реакции
- 207
Најпрво да пишам за до админите и модераторите не ја најдов темава на search па ако има ваква се извинувам однапред а исто така и за насловот ако ви текне подобар наслов сменете го. Ај сеа на топикот да дојдам. Слушав пред некој ден на вести и не поверував во тоа што слушам, но еве и на нет ја најдов информацијава.
Последните случувања околу одлуките за користење на спортската сала "Борис Трајковски" сериозно го потресоа кошаркарскиот спорт во Македонија. Откако пред точно десет дена официјално беше презентиран ценовникот за користење на салата, кошаркарите и кошаркарските работници во Македонија претрпеа сериозен удар кој веќе направи ненадоместлива штета на угледот, не само на нашата кошарка туку и на нашата држава.
Најнапред, на два дена пред почетокот беше доведено во прашање одржувањето на Европското првенство за Јуниорки во Скопје, за кое КФМ конкурираше и успеа да ја добие организацијата, најмногу заради новата сала "Борис Трајковски".
Од причини што ценовникот за користење на салата е апсолутно превисок за можностите на нашата федерација, па дури и за федерации многу побогати од нашата, принудени бевме да го преместиме првенството во сали со неадекватни услови, за кои секојдневно трпиме критики и понижувања од нашите гости, 20 европски селекции. Понижувањата ќе продолжат и по првенството, на "Трофејот Македонија" за сениори од 16-18 август, кошаркарски турнир од највисок светски ранг, на кој за првпат во историјата на Македонија ќе настапат актуелни НБА ѕвезди, ние нема да бидеме во можност да им овозможиме да тренираат и играат во единствената претставителна сала во Македонија
Напротив, повторно ќе импровизираме во сали во кои најелементарните услови се проблем, во буквална смисла на зборот. Тоа се салите "Јане Сандански" и "Градски парк", и СРЦ "Кале", кои, за жал, или можеби сепак за среќа, единствено ги имаме на располагање.
А најголемото разочарување го трпат нашите кошаркари и кошаркарки, кои заедно со нас, искрено и со многу надеж се радуваа дека конечно и тие еднаш во својата држава ќе имаат нормални услови за тренинг и подготовки, како и толку значајната поддршка од повеќе од вообичаените 900-1000 навивачи од трибините.
Колку е тоа битно и значајно видовме во примерот на машката ракометна репрезентација, која успеа да се пласира на завршницата на ЕП, понесена на крилјата на шестилјадната публика. Кошаркарската репрезентација на Македонија е пред сличен испит, 3-те септемвриски квалификациски натпревари во Скопје треба да не однесат на Европско првенство, кон кое долги години тежнееме, напорно и пожртвувано работиме и даваме се од себе, конечно да успееме.
Свесни сме дека во моментов државата дава приоритет на изградбата на инфраструктурни спортски капацитети и тоа во целост го поддржуваме. Но врвниот спорт, а посебно националните репрезентации не смеат да бидат фрлени во втор план затоа што тие се волшебниот магнет кој треба да ги наполни тие капацитети со некои нови идни ѕвезди.
Оставени сме сами на себе и на неколку помагатели и вљубеници во кошарката, пријатели и патриоти, кои помагаат колку што е нивната и нашата моќ, македонските кошаркарски репрезентации да имаат минумум она што го имаат нивните колеги и противници од другите репрезентации. Сите подготовки, авионски билети, подготвителни натпревари, меѓународни турнири во и надвор од Македонија, соодветна опрема, меѓународни судиски такси, котизации кон ФИБА Европа, ангажман на голем број луѓе во сервисот на преку 100 кошаркарски репрезентативци, и така се преголем товар за скромните можности на нашата федерација, а слично е и во ракометната, одбојкарската и другите федерации.
И покрај разбирањето и желбата да помогне, Агенцијата за млади и спорт е со лимитирани буџетски можности и за сите репрезентативни активности, финансиското учество на АМС во буџетот на КФМ е во износ од 18.000 евра годишно и не покрива ниту 5% од трошоците на репрезентативните селекции.
Но, сите ние се бориме, со искрено и чисто срце, понесени од патриотизмот и љубовта кон нашата Македонија, со невидени пожртвувања. Се обидуваме да бидеме достојни репрезенти на нашата татковина и овде и во настапите во странство. Ја промовираме и кошарката и спортот, ја промовираме и државата. Се боревме и се изборивме и минатата и оваа година да организираме европски првенства на кои донесовме преку 2000 репрезенти на преку 40 странски држави, на кои сакаме и им ја претставуваме Македонија таква каква што ние сакаме да ја знаат. На високи странски репрезенти на кои освен кошарката, во повеќедневните престои им ја промовираме вистината за Македонија и нејзината историја. Гости кои ги запознаваме со нашите цркви и манастири, природни убавини и гостољубивост... Ете затоа е важно на сите нив да им овозможиме што подобри услови за натпреварување и престој.
Со натчовечки напори успеавме да дојдеме на чекор од сениорско Европско првенство, во услови кога сите наши противници се подготвуваат и настапуваат на многу повисоко ниво од нас. На кошаркарите и на сите нас најголемиот мотив ни е патриотизмот и љубовта кон Македонија. Немаме никакви други награди и сатисфакции, парични надоместоци, "бизнис" со билети и приходи, единствено љубов и патриотизам. Единствената награда за сите нас е победата и аплаузот на публиката која секогаш е наш шести играч.
И по сето тоа, неприкосновениот став за користење на салата "Борис Трајковски" е удар што не можеме да го издржиме. Во секојдневните борби и пожртвувања, да се обезбедат авионски билети, автобуси, подготовки, опрема, сервис...ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ!, ...цената за користење на салата е товар што не може да се поднесе.
Токму затоа јавно апелираме, молиме и бараме, овозможете ни да настапуваме во салата "Борис Трајковски"!
Овозможете ни да се подготвуваме и да настапуваме во сала со нормални услови. Овозможете ни да бидеме домаќини во сала во која нема да се срамиме од странските гости. Дозволете им на нашите кошаркари да бидат бодрени од 6.000 луѓе, да се чувствуваат како национални херои затоа што тие досега со своите настапи тоа го заслужиле.
Во името на Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Предраг Самарџиски, Моника Гавриловска, Анета Јовановска, Славица Димовска, Јелена Антиќ, Ана Тантуровска, Александар Костоски, Кирил Николовски, Бојан Крстевски, Марко Симоновски, Горјан Марковски, Ненад Станков... Во името на 20.000 македонски деца кои тренираат кошарка, во името на стотици тренери, судии, кошаркарски работници
ВЕ МОЛИМЕ, ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ИГРАМЕ ВО САЛАТА"'БОРИС ТРАЈКОВСКИ"
Извадено од idividi.com.mk
И дали е ова срамота или не текстот го кажува своето па нема да коментирам многу. Единствено што сакам да кажам е како ќе напредуваме во спортот ако не можеме да ги користиме капацитетите(салите) што ги имаме и ако не можеме да ги одржуваме зошто ги градиме?