Нитрати (NO3)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Нитрати во аквариум

Значењето на нитрати во аквариум е помалку разбрано од луѓето што чуваат аквариуми за разлика од ефектот на нитрити и амонијак. Иако не се директни нитратите сепак доведува до смрт во начинот на амонијак и нитрити, со текот на времето високи нивоа на нитрати имаат негативен ефект врз риби, растенија и воопшто на целата животна целина во аквариумот.


Ефект врз Риба

Рибите ќе го почутсвуваат влијанието на нитратите кога нивото ќе достигне до 100 ppm, особено ако нивото остане таму. Како резултат на стресот рибата е се повеќе подложна на болести и инхибира нивната способност да се репродуцира.
Високото ниво на нитрати е штетно и за младите риби, ќе влијае на нивниот раст. Исто така, условите, кои предизвикуваат големо ниво на нитрати често предизвикува амалување на кислородот што уште повеќе ја доведува рибата до стрес.


Нитрати и алги

Возвишени нитрати се значаен соработник на несаканите алги. Ниско ниво на нитрати како 10 ppm ќе го спречи растот на алгите. Алгите цветаат во ново формираните аквариуми благодарение на нитратите.
Иако растенијата користат нитрати, ако се зголеми нивото на нитрати побрзо отколку што им е потребно на растенијата, на растенијата може да обраснат алги, што во крајна линија води кон смрт.


Од каде доаѓаат нитратите?

Нитратите се производ на распданите растенија (листови скапани), неисчистени филтри, загадување преку храната, сето тоа помага при зголемувањето на нивото на нитрати.


Посакуваното ниво на нитрати.

Во природата нитратите и понатаму се многу ниски, генерално под 5 ppm. Во слатководните аквариуми нитрати треба да се бидат под 25 ppm. Ако сте за одгледување риби, или се борите со алгите треба да го одржувате нивото под 10 ppm.


Како до Намалување на нитратите

За разлика од нитрити и амонијак, нитратите се намалуваат во средина богата со кислород. Постојат специјални филтри кои ги отстрануваат нитратите, овие уреди се обично поскапи во споредба со другите филтер матријали. Меѓутоа, постојат чекори за да го задржите нитратите на ниско ниво.
Чистете го аквариумот – отпадот кој произведува нитрати. (распаднати растенија, скапани листови, остатоци од храна)
Не претерувајте со ставањето храна во аквариумот – Ова е значаен причинител на вишокот непожелни нитрати и други отпадоци, како фосфати.

Редовна промена на водата – Со одстоена обична вода. Ако нивото на нитрати во обичната вода е големо се препорачува да се користи RO / DI вода.
Чувајтеживи растенија - живите растенија користат нитрати, и ќе помогнат да се намали нивото на нитратите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom