Не е нормално да си нормален во овој ненормален свет!

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Ова е името на една од многуте групи на фејсбук, ама ме замисли, па реков да продискутираме за нормалноста.

Што денес е нормално?
Наводно, според една мoја професорка, денес живееме во queer општество каде што се е нормално, однсоно се што порано било ненормално/изопачано/неприфатено денес се смета за нормална работа и ништо веќе не успева да не изненади.
Ако тоа е точно, тогаш тука се губат сите морални вредности и сите принципи.
Се прифаќаме и за ништо не осудуваме.

Дали тоа е во ред?
Што сметате дека е ненормално?
Дали ако имаме вакви дефиниции за ненормалност тогаш осудуваме?
Дали е во ред да се осудува поради некои принципи?

итн.Ја сфативте поентата да не го тупам.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
za ova nivo sto go dostignavme se vinovni ekipata koja ja otkrivam vo moite postovi na videlina celo vreme

nisto ne e slucajno ..se se pravi so namera ..vo sekoja sfera od zivotot
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
za ova nivo sto go dostignavme se vinovni ekipata koja ja otkrivam vo moite postovi na videlina celo vreme

nisto ne e slucajno ..se se pravi so namera ..vo sekoja sfera od zivotot
До некаде си у право и те подржувам само шо таа тема е толку ногу опширна шо сите шо се обиделе да ја разгледуват и да докажат нешто се изморени ама тоа е.....
Или шо би рекол Балашевич "Јер част је част а власт је власт"
или "не би било ове крви да је било све по закону"
инаку за темата конкретно не знам секој различно го гледа овоа дружење со 6 милијарди луге а шо е ненормално па мислам дека тоа е оноа шо не убедат дека е.....Колку и да градеш ставови некој ден дојде некој и со обична негова акција ги сруше сите и почнеш од ново ама па нели тоа е смислата да градеме ....а и големината е у тоа да се има сила да се граде и кога си свесен дека па ке го срушат ....(малку забега ама ...)Инаку како шо рекла твојта професорка дека ништо не може да не изненади до некаде мош и има право ама ако си поставеш сам некој граници,принципи,цели, кој го дефинират едно човечко нормално битие тогај морало и сите други вредности ке си останат вредности...а ненормално ми е кога некој мислејки дека се е ојдено у неповрат почне да живее според тоа мислејки дека така ке се уклопе и ги изгубе сите вредности....Dont give up
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не постои такво нешто како нормално или ненормално. Тоа што за тебе е нормално за мене може не е. Тоа не му дава право на никого да вели дека тоа што другиот го прави е ненормално. За мене лошо облечена девојка или дебели личности може е неубава работа но не значи дека тоа е ненормално и дека не треба да се прифати или слично. Истото важи и за затупеноста, преголемата побожност и сл. Јас сам си бирам што ми се допаѓа и со какви луѓе се дружам и со какви не, а не е мое да ги критикувам другите.

Што се однесува до општо прифатени норми се знае кои се да не се повредуваат личните права и слободи, личниот имот (се мисли на крадење убивање...). Натаму се друго е факт на перцепција.

Ако некој не верува нека каже некоја работа која тој смета дека не е нормална и ќе ви покажам дека историски и културно е нормална на друго место (и обратно), а сега кој е во право секој мисли дека неговото мислење е.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Нормално е што мнозинството ќе одлучи дека е нормално и не секогаш тоа е исправна работа.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ова е името на една од многуте групи на фејсбук, ама ме замисли, па реков да продискутираме за нормалноста.

Што денес е нормално?
Наводно, според една мoја професорка, денес живееме во queer општество каде што се е нормално, однсоно се што порано било ненормално/изопачано/неприфатено денес се смета за нормална работа и ништо веќе не успева да не изненади.
Ако тоа е точно, тогаш тука се губат сите морални вредности и сите принципи.
Се прифаќаме и за ништо не осудуваме.

Дали тоа е во ред?
Што сметате дека е ненормално?
Дали ако имаме вакви дефиниции за ненормалност тогаш осудуваме?
Дали е во ред да се осудува поради некои принципи?

итн.Ја сфативте поентата да не го тупам.
Логично е дека е нормално она што е прифатено од општеството...
Морално е она што е прифатено од општеството :)
Девијација би било отстапување на моралните правила....зададени од општеството :)
Може негде девијација е да не ја плукнеш мастиката на сред улица....

Дали тоа е во ред....па во ред е...:) Неможам да кажам дали е или не е, бидејки на тоа гледам субјективно.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Ние (или конкретно нашето опшество) би биле среќни доколку сме барем спекулативни и со пофилозофски (дискутабилен пристап) спрема појавите, случувањата или промените. Напротив, не е `се нормално денес и кај нас, далеку од тоа, не се прифаќа `се како нормално.., наместо тоа постојат опшествено прифатени правила и обичаи кон кои жестоко се придржува колективната свест во `нас` и се очекува од себе па и од другите придржување кон истите стандарди за нормално, а `се што не се вклопува во тие стандарди на големо се осудува, критизира, жигосува , да не речам.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова е името на една од многуте групи на фејсбук, ама ме замисли, па реков да продискутираме за нормалноста.

Што денес е нормално?
Наводно, според една мoја професорка, денес живееме во queer општество
Не ми кажувај дека твојава професорка баш тој термин го користела?

Дали тоа е во ред?
Што сметате дека е ненормално?
Дали ако имаме вакви дефиниции за ненормалност тогаш осудуваме?
Дали е во ред да се осудува поради некои принципи?

итн.Ја сфативте поентата да не го тупам.
Во ред е да се прифатат некои работи кои .... во најмала рака не ги кршат законите. Се друго е тема за дебатирање. Дури и тоа дали со ова се губат некои морални и етички вредности, или на истите им се менува дефиницијата и значењето.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Логично е дека е нормално она што е прифатено од општеството...
Морално е она што е прифатено од општеството :)
Девијација би било отстапување на моралните правила....зададени од општеството :)
Може негде девијација е да не ја плукнеш мастиката на сред улица....
Тоа е лошо зашто општеството диктира дали ти си или не си нормален.
И ние престануваме да бидеме она што сме и стануваме она што општеството од нас сака да бидеме.

Интересен е фактот што во нашава држава, на било какви тестови за личност/карактер и сл. се даваат баш такви, општествено пожелни одговори. Не сакаме да бидеме карактеризирани како ненормални по никоја цена, макар и тоа да е одење против себе, своите верувања и своето јас, важно е да сме прифатени.
Што е лошо зашто си го успоруваме личниот развој.:)


Не ми кажувај дека твојава професорка баш тој термин го користела?
Баш овој термин. Дури и на табла ни го напиша.свит:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Баш овој термин. Дури и на табла ни го напиша.свит:
Ок едно прашање може е малку офтопик не сум сигурен ама професорка по што, кога и каде, да се дефинира, мислам дека е сепак малку битно да се воспостави тоа?

Нормално е што мнозинството ќе одлучи дека е нормално и не секогаш тоа е исправна работа.
Не е точно за некои работи ти треба Бадинерово мнозинство.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Ок едно прашање може е малку офтопик не сум сигурен ама професорка по што, кога и каде, да се дефинира, мислам дека е сепак малку битно да се воспостави тоа?
Професорка по Развојна психологија и Ненасилна трансформација на конфликти. Може предава и други предмети, не знам.
Ова ни го кажа пред некои 2 месеца и е прилично постара жена, родена во далечната 44-та. Магистрирала во Париз.
Не знам како е ова важно, ама ете.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Професорка по Развојна психологија и Ненасилна трансформација на конфликти. Може предава и други предмети, не знам.
Ова ни го кажа пред некои 2 месеца и е прилично постара жена, родена во далечната 44-та. Магистрирала во Париз.
Не знам како е ова важно, ама ете.
Гледај сега ако го кажала мојта професорка Стефка што ми предаваше во основно и што не гаѓаше со креди не е исто како некоја што би требало да биде универзитетски професор и интелектуалец.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Тоа е лошо зашто општеството диктира дали ти си или не си нормален.
И ние престануваме да бидеме она што сме и стануваме она што општеството од нас сака да бидеме.
Оштеството диктира .... од секогаш сум го мразел тој термин. Поради лични причини. Тоа што општеството го дефинира секогаш се базира на нешто веќе претходно одредено за нормално. А бидејќи работите секогаш се менуваат така и поединците и ситуациите во кои истите се наоѓаат, се менуваат исто така. Така да на општеството му е потребно еден refresh од време на време, зошто затајува со своите стандарди и принципи. Се дави во традиција, еве жив пример е нашава земја.

Интересен е фактот што во нашава држава, на било какви тестови за личност/карактер и сл. се даваат баш такви, општествено пожелни одговори. Не сакаме да бидеме карактеризирани како ненормални по никоја цена, макар и тоа да е одење против себе, своите верувања и своето јас, важно е да сме прифатени.
Што е лошо зашто си го успоруваме личниот развој.:)
Па така е Магде.

Во повеќе погледи идеме против себе. Општеството има очекувања од тебе и мене, и ако јас, ти и другите не ги исполниме истите ние стануваме девијантни во некои одредени погледи. Зависи што се очекувањата. И се трудиш да ги исполниш очекувањата на другите, бидејќи поважно ти е како другите ќе те гледаат и нив да ги задоволиш со тоа што ќе се однесуваш во рамките на нормала, него што е тоа што ти сакаш да го направиш со својот живот.

Ова е живот на рентал. Други ти го обликуваат според веќе постоечки правила, јас лично веќе се сомневам и дека имам било каква контрола врз она што се нарекува "мој живот". Колку пати имам зажалено што не сум го следел мојот инстинкт, моите убедувања. Сите чекаат на тебе. Имаш обврска кон општеството. Во ред, го правам тоа веќе 21 година? Што е со моите очекувања? Дали го заболело општеството за тоа? Глумам нормален човек веќе 21 година и ми више преку глава.

Баш овој термин. Дури и на табла ни го напиша.свит:
Работава е навистина смешна. Што ќе беше ако беше .... е камо да беше :S. Нечии проблеми решени по default.

Ако она мисли дека такво е општеството сега? Нека почека уште 10 години, само самата реализација да не и удри по глава ...

Нормално е што мнозинството ќе одлучи дека е нормално и не секогаш тоа е исправна работа.
Некогаш мнозинството греши.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Пошто стварно ме мрзи да препишвам ке клам линк до моето поредно социално критично прозно балегање за тоа што ме нервира од Светот и векот ... Па кој е за читање нека чита ... Го пишав веке во друг пост тука такада нема смисла да го повторвам :)

Еве го и текстот : The End of Female Kind

И по читањето ке сватите дека смеетамд дека во денешно време е нормално да си ненормален .. И тоа не ми се бендисва ама ич .
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Веројатно за секој човек нормално е тоа што тој самиот го прави. Тоа што по дома му го збореле цел живот, тоа што го учел и гледал од друштвата, од професорите, од партнерите итн итн итн. Не секој имал среќа да порасне во нормални услови, иако и тоа секој различно би го дефинирал.
За мене нормални работи се оние општо прифатените, кои почесто ги читам вака по форуми отколку што ги гледам во живо. Во нив, побројни ми се тие постарите вредности и принципи, кои за среќа сум имала од кого да ги научам. Не ми е нормално да живеам на грб на моите кога сум способна сама да заработувам, не ми е нормално да лажам и да правам злобни работи, не ми е нормално намерно да повредувам други луѓе, не ми е нормално од прво гледање со некого да заминам во кревет, не ми е нормално секое ново изгрејсонце да го дочекувам со нов човек во кревет, не ми е нормално да излегувам секој ден и да се пијанчам ко стока, не ми е нормално моите проблеми да ги решавам со дрога и слично. Секој што го прави тоа што мене не ми е нормално, секако го гледам како ненормален. Прегруб збор секако, ама таква е темата:)
А дали си дозволувам да ги осудувам ненормалните луѓе? Па, сигурна во своите верувања и во својот начин на живот, си земам за право да го правам тоа понекогаш, кога има некои навистина посебни случаи.:) Не сум нашла некоја лоша страна на мојот лик како таков, па бидејќи сметам дека сум во ред, сигурно ќе се згрозам на нешто поразлично од тоа. Не дека се` што јас не практикувам и не сакам е лошо ... затоа да си кажам дека мислам само на тие лошите примери, слични или исти со тие што ги набројав.
И така...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom