(Не) Требаше... - се каете ли за нешто?

Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
(Не) Требаше...

Во многу работи во животот уживаме без каење, но во исто толку ни се јавува тоа чувство без разлика каква и да била ситуацијата во која сме се нашле, добра или лоша.

Дали се каете некогаш после даден момент во кој сте уживале ?

Дали некогаш ви се случило повеќе да се каете за ненаправеното, за она што сте сакале а не сте го направиле поради икс причини, отколку за направеното и зошто ?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Никогаш не сум размислувал на оваа тема:) За што повеќе се каам? За направеното или ненаправеното:)

Сепак мислам дека она што сум пропуштил да го остварам останува да ме копка мислејќи на тоа каков би бил исходот. Она што сум го направил, сум го направил знаејќи ги двете варијанти кои ќе се добијат на крајот.
Ама она што останало неостварно секогаш ќе ми биде причина да се покаам што не сум го направил, токму поради фактот дека можеби нешто би било поинаку и евентуално подобро.
 
Г

Господ

Гостин
Гледам да избегнувам каење,некако ми изгледа како да сум загубил некоја битка.
Како да признавам пораз.
Затоа најчесто велам не згрешив,само го сторив тоа на мој начин:wink:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.643
Поени од реакции
11.624
По некакво непишано правило, не би требало да се каеме за одредени работи што сме ги направиле, доколку после тоа сме ја согледале грешката и уште подобро, сме извлекле некаква поука.

Исто така не би требало да се каеме ни за тоа што не сме го направиле...животот секогаш ни го носи тоа што ни е најпотребно во дадениот момент, ни носи онолку колку можеме да поднесеме во дадениот момент, барем јас така мислам...НО...луѓе сме со емоции, не можеме да глумиме роботи без чувства...се каеме...

Јас на пример повеќе се каам за некои работи што сум ги направил отколку што не сум ги направил...затоа што направеното не може да се врати назад, додека не направеното никогаш и не се случило, така да можеме само да претпоставуваме каков би бил исходот од сето тоа...:smir:
 
B

BBlisto

Гостин
единствено нешо за што ми е криво што одбив еден тип пред нешто повеќе од три години, поради причина што сега ми изгледа многу глупава...али тоа е...:toe:
 
S

stefi

Гостин
Не се каам за нишо. Се десило, продолжувам понатаму.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.861
Добро е да се размисли пред да се донесе одлуката (каква и и да е) па да нема каење и кукање на крај и сите среќни и весели.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
После е*ање нема каење.

А за некои работи дали требало да ги направам пак не се каам зошто идат наредни прилики. Секогаш!
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Каењето е некој вид на префрлање на самиот себе затоа што си пропуштил нешто корисно. Ниту еден човек не треба да се кае што не фкусил и што пропуштил некоја наслада, бидејќи насладата не е ниту корисна ниту добра . А она што е добро мора да биде и корисно и добриот човек мора да се бори за тоа .
 
M

marsovka

Гостин
До сеа само еднаш или два пати за клучни работи сум стигнала до таква состојба за се друго било за момент и заборавено
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Никогаш не се каам за нешто што го имам направено. Скоро се се исплатело. А она што не се исплатело е поука за другпат.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Сум се каела...за нешто што сум оставила недоречено,зошто секогаш оставам нешто недоречено,од страв да не повредам,а после мене ме копа внатре и ме јаде,затоа што требало да се каже.

Секогаш ова ми е проблем,дури и најголемиот,секогаш тоа што треба да го кажам јас го кажувам во самата себе а надвор од мене не излегува:tapp:
Премногу се грижам за другата страна,не мислам за мене и отпосле...ах,требаше вака,така...и многу се каам.
 
S

StereoLove

Гостин
Хехехе баш за мене тема...Премногу се каам за некои работи коиу сум ги сторила...посакувам да го вратам времето и да не сум ги направила тие работи.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Се каам да.
Ама за ненаправеното, за некажаното,премолченото пошто секогаш после тоа следи што би било кога би било и колку и да не сакаш самото тоа те копка.Целата таа ситуација што можела да биде а не станала..и се каеш...
А за направеното-ич не се каам.Стојам зад моите постапки и во секој случај излегуваш со искуство плус од сето тоа безразлика дали е позитивно или не.
Животна школа бре!:pipi:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
уф.... у дадени моменти кога сум уживал после сумс е каел многу најмногу на цел свет!!! причини има доволно али нема да ги коментирам.. има ситуации кај што сум се каел зашто не сум уживал во одредени моменти.. но што се може.. животот иде понатака.. после ебење нема каење па затоа се трудам да судам правилно во одредени ситуации.. како треба д ги искористам.. да уживам во нив или не и така..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom