Нејодирана сол

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Раствор од нејодирана сол и вода се користи за внатрешно испирање и одзатнување на носот и синусите. Ова не е нова работа многу древни култури упразнувале ваква практика.

Колку што знам според законот, во солта што се продава во продавниците мора да има одредена количина на јод -наводно затоа што јодот недоволно се наоѓа во стандардната исхрана. Така да секоја сол за продавање без разлика на потеклото (морска или од рудник) во изворна форма во себе нема премногу јод. Ваква нејодирана сол е подобра и за подготвување зимница (јодот го инхибира растењето на микроорганизните).

Кај нас не можам да најдам ваква сол, дури ни во аптеките немаат.
Знае ли некој каде може да се набави нејодирана сол?

Примери за испирање на нос со раствор од нејодирана сол:
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Пробај во Биона во Скопје меѓу кулите кај ССМ зградата, таму треба да имаат црвена химелајска сол и нерафинирана морска сол (во која нема додадено јод).

Потоа пробај во новата продавница за органска храна во ГТЦ во Скопје над киното Милениум, и таму треба да најдеш лесно морска нерафинирана сол (сива и црвена).
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Фала, ќе проверам деновиве.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Чекај, имаш некои проблеми ако внесуваш јод? Ако немаш нема потреба од нејодирана сол. Во Македонија е тешко да се најде нејодирана сол, мислам дека и законски е регулирано дека увезената сол мора да е јодирана, во некои земји се јодира брашното, кај нас солта.
Ја имам испитувано неколку пати јодираната сол и скоро никогаш не покажа дека содржи толку јод колку што е наведено на амбалажата, затоа што амбалажата не е добра,солта најчесто се јодира со калиум јодид (и мало количество од калиум јодат), калиум јодидот се оксидира се добива елементарен јод кој лесно испарува(т.е. сублимира) и со тоа солта го губи процентот на јод.
Ако го оставиш садот во кој ја чуваш солта на топло, и постојано ја промешуваш солта, за 20тина дена, целиот јод ќе испари и ете ти сол со минимално количество на јод. Така и најчесто ја прават таа нејодирана сол. :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Интересно, нема ли можеби некој друг метод што бара помалку... ангажман?
Мислам дека ќе побарам на нетов.

Не знам зошто смета солта да е јодирана, ама сите упатства за интерна употреба наведуваат потреба од нејодирана сол.

Ако може да се купува само во продавници како Биона сигурно не е ефтино. За испирање нос не требаат големи количини сол ама за туршија сигурно не се исплати ваква набавка.
Инаку друг извор на нејодирана сол можеби се градските резерви за сол која ја фрлаат на улици кога има снег... Само уште да се најде некој претприемнички расположен вработен со пристап... ;)
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Или да си купиш од фирмите за продажба на аналитички хемикалии со чистота extra pure, или евентуално pro analysis. Иако е сол ќе ти мрчат и можеби нема да ти ја дадат пошто е хемикалија, си треба процедура, пошто ќе ја јадеш ти треба висока чистота ама тоа си влече и висока цена до 1000-1500 денари за 250-500 грама. :D
Инаку, ако ти е за испирање на нос, немаш потреба од нејодирана сол. Јас си правам со јодирана сол и нема никаква разлика од оние што се куповните као демек со морска вода. Како да не, важно е да имаш раствор на сол, кој ќе овозможи да се одвива осмоза меѓу служокожата во носот или како веќе да се вика стручно.
Немој да ми кажеш дека ти е тешко насабајле додека чекаш да ти се сфари кафето да ја протресеш теглата со сол и да ја оставиш отворена. :D
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Хехе, јасно де... мислев да не може со варење на солта во вода или така нешто да се забрза и поедностави ова. Инаку не е проблем и во поголема тепсија да ја ставам солта и со тоа да изложам поголема површина во допир со воздух. Периодот од 20тина дена е правило без разлика на површината што е изложена и/или должината на механичките влијанија (мешање)?

Инаку еве цитат од википедија за ова
http://en.wikipedia.org/wiki/Nasal_irrigation
Medical sources generally agree that iodised table salt is not acceptable, and that pickling salt (or kosher salt, though care is needed to ensure no additives and that it dissolved completely) is preferred because it also does not contain any other additives such as anticaking agents.

Неjодизирана сол препорачуваат наводно заради иритација и заради јодта како алерген. Јас лично не сум алергичен на јод ама...

Во разни книги за ферментирање зеленчук секаде препорачуваат нејодирана сол иако јас прошлава година (и оваа) ставив туршија каде како единствен конзерванс употребив готварска јодирана сол. Претпоставувам нивото на јод е доволно мало да само ја успорува ферментацијата.
Чудно е што ваква сол за туршија не е широко достапна, затоа што не бара додатно јодирање не би требало да е поскапа од јодираната сол, напротив би требало да е поефтина или со иста цена.
--- надополнето: Nov 6, 2011 10:50 PM ---
Што велиш на препораката за малку сода бикарбона во растворот како баферинг агент за регулирање на pH вредноста?
(ако разбрав добро)
 
Од медицински аспект сигурно е точно, штом го пишале, најверојатно се јавил 1-2 случаи на 100 луѓе. Тоа не значи дека си осетлив. Пробај, ризикувај, количеството на јод е навистина многу мало, чинам околу 1 mg на килограм сол беше, можеби и грешам.
Крај краева земи инфузија во аптека, тоа ти е 0,9 % раствор од сол и завршена работа. :) Ако додадеш сода бикарбона ќе ја зголемиш pH вредноста на растворот, ваљда за да се дотера pH вредноста со онаа на телесните течности за да се подобри осмозата. Растворот од сол во дестилирана вода има pH=7, со додавање на сода бикарбона ќе се покачи онака грубо кажано до 8,5 и ќе остане на таа вредност, ќе добиеш раствор со стабилна pH т.е. пуфер. Што е пожелно.

За изложеноста на солта на отворено во литература секогаш стои подолг временски период (20 тина дена) на прозрачно и суво место. Солта абсорбира многу вода, така да после таа сол ќе соли помалку. :) Незнам само дали онаа крупната сол е јодирана, не сум видел на кесата.
Во принцип би требало нејодираната сол да биде поефтина, како и нерафинираниот шеќер, ама ете, тоа веќе е работа на добро осмислен бизнис.
За конзервирање навистина незнам каква улога има јодот. :/

Поздрав.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Фала на исцрпниот одговор, ценам што се потруди да објасниш.

Претпоставувам по вокација си хемичар ама тоа веќе не е важно за темава, очигледно е дека познавањата (и искуставата) ти се повеќе од соодветни.

Само уште едно (споредно) прашање, ако имаш време да го одговориш.
Како можам да го измерам количеството на јод во солта, дали тоа е воопшто можно во домашни услови и на ефтин едноставен начин?
 
Член од
3 март 2010
Мислења
636
Поени од реакции
366
ima eden kup prodavnici na net so prodavat specijalziirana nejodirana sol za ovaa namena na amazon ima isto ima eftini preprodavaci pobaraj pod neti pot salt
 
Немаш гајле, повели и друг пат, студент по хемија 3та година. :icon_lol:
Количеството јод, најпросто може да се определи волуметриски со титрација на раствор од сол со стандарден раствор од натриум тиосулфат и скробен раствор како индикатор.
Начинот не е баш ефтин, ти требаат стандарди како раствор од натриум тиосулфат (кој е секундарен стандард) па треба да се стандардизира со примарен стандард, најчесто тоа е раствор од калиум бромат. Па ти треба и хлороводородна киселина, па калиум јодит. Да не зборам од прибор што ќе ти треба, бирета, одмерни колби, мешести пипети, ерленмаери, статив. Скапо е!
Со оваа метода мислам дека уште се определува по лабораториите, затоа што ако имаш добра репродуцибилност на резултатите немаш потреба од инструментални методи. Методата е селективна.
Со други зборови, не можеш во домашни услови. :D Ама ако некогаш се одлучиш, повели линкче.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Фала, мислам дека ќе преминам преку идејата сето тоа да го правам сам.
Играњето табла на часовите по хемија изгледаше како добра идеја на времето. ;)

Инаку последниот пакет морска сол што го купив е деклариран на 20-30 mg/kg KJO3 а Наша сол е декларирана со 12-18 mg/kg јод.

Додека сме на оваа тема, што мислиш за производот „Наша сол, комбинирана КАЛИУМОВА СОЛ„?

Ја рекламираат како замена за готварската сол, наводно ја прават од суровина од Мртвото море, Израел и наводно составот е 33% калиум хлорид...

Иако јас ја консумирам оваа сол веќе некое време (најверојатно затоа што и не знам за нешто подобро), ова ми изгледа како идеална шанса за превара... на пакувањето никаде не пишува дека составот е тестиран/испитан од некаква државна институција итн. Можеби си пакуваат тузланска готварска сол и си свиркаат... :-/

BTW Ти со каков сад правиш иригација/прочистување на носот? Импровизираше нешто или купи некој готов производ?

ima eden kup prodavnici na net so prodavat specijalziirana nejodirana sol za ovaa namena na amazon ima isto ima eftini preprodavaci pobaraj pod neti pot salt
Увезување сол? Скапа опција претпоставувам.
Додека не ја изветреам јодта од сопствената сол ќе видам што има на продажба во Биона и во продавницата во ГТЦ...
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Во тузланската сол има 20-30 mg на килограм.

Сега случајно најдов и се извинувам што треснав горе 1 mg, јас кога работев работев на мало количество проба, ама кога ќе пресметаш со пропорција добиваш за килограм количество јод баш во овој интервам од 20-30mg. Истото е. :)

За калиумовата сол, па што знам, Јас не би ја користел. Натримот го зголемува количеството на вода во организмот (и крвниот притисок), а калиумот пак го дехидрира организмот. Плус калиум хлоридот е помалку солен од натриум хлорид. Сега читам исто дека поголемо количество може да предизвика и проблеми со срцето, дијареа... (сепак не сум доктор)

Мора да е тестирана солта, штом влегла во Македонија, тоа сигурно, се тестираат во царинските лаборатории. После и во центар за јавно здравје. Биди сигурен во тоа. Само незнам кои параметри ги испитуваат. Количеството на натриум и калиум во калиумовата сол би требало да се испитуваат или со гравиметрија или со пламена спектрофотометрија.

Растворот за промивање го правам со провриена дестилирана вода (за да ги остранам карбонатите) и после на литар вода додавам 30 грами обична сол. Некокогаш прво ја сушам солта во рерна на приближно 105-110 степени, за да ја остранам влагата и јодот. Таквиот раствор ми стои во шише од инфузија и си земам од него со стерилен шприц. Пола литар ми трае 1-2 недели.
:)
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
што е Кошер сол и каде можам да ја најдам?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom