Страдам од несоница веќе година дена.На почетокот не беше ништо сериозно,но во последно време како да ми отежнува состојбата.Досега се немам обратено на лекар,бидејќи ми се јавува циклично и го немам сфатено доволно сериозно проблемот,но веќе се чувствувам премногу исцрпено и почнува да ми пречи во секојдневието.Поради обврски,станувам во 5 часот наутро,а заспивам околу 3 часот.Посебно ова ми се случува последниве месец дена.Понекогаш знам да преспијам преку ден,но тоа е околу 2 часа и потоа се чувствувам уште полошо.Не можам да се вратам во нормала наредните два часа,па подобра опција ми е воопшто да не спијам.Се имам обратено за помош на форумов,ми препорачаа некои чајчиња билчиња но ништо од тоа,воопшто не ми помогна.Колку за илустрација колку јас не можам да заспијам,неделава на своја рака земав диазепам и мислев да пробам и да видам дали ќе ми помогне.Но ниту диазепамот не ми помогна,дури и две таблети по 5 милиграми не ме заспиваат,само ми го отежнуваат наредниот ден и ме забавуваат само.Сакам да пробам да ги откажам цигарите и кафињата,да почнам да вежбам било што,дали теретана или трчање,што било само за да се уморувам и да можам да си легнам на време.Повеќе не можам да си дозволам да функционирам со два часа.Не верувам дека сум депресивен или слично и од каде сега ваков проблем не можам да сфатам.
Дали мојот проблем е толку сериозен да морам да се обратам на лекар?И на каков лекар да се обратам,матичен,психолог,психијатар?Имам аверзија кон белиот мантил,знам дека само ќе ме накљукаат со хемии,а не го сакам тоа.