Unsolved Mysteries

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ги гледав првите шест епизоди па ќе пишам сега за нив. За другите кога ќе ги гледам, секако.

Првата ми остави најголем впечаток. Баш мистерија во секој поглед. Се’ упатува на тоа дека „другарот“ го наместил убиството, ама има други факти кои се тешко објасниви. Стварно е нејасно како паднал за да биде направена таква дупка. Освен фрлање од хеликоптер или мал авион не ми текнува ништо друго. Но и тоа не објаснува како мобилниот и наочарите се пронајдени неоштетени. И wtf со пораката залепена на компјутерот? Мене ми беше доста језива. Читав теории дека типот можеби имал параноични халуцинации. Сигурен сум дека не е самоубиство ама изгледа дека стварно имал некои психички проблеми или бил под некоја закана што му стварала огромен стрес.

Втората, и јас мислам дека мажот и ја убил. Нема поголем доказ од тоа што уште наредниот ден ги сменил бравите. Жена ти исчезнува, и ти наместо да се надеваш дека ќе се појави од некаде, ги менуваш бравите? Тоа не го прави никој освен ако е сигурен дека исчезнатата нема да се врати. Овој е класичен психопат. Веројатно најмил некој професионалец да ја убие или да ја киднапира. Можеби не е убиена веднаш, кретенов можеби ја измачувал.

Третата, што да се каже... Тешка и болна приказна. Мада тука нема толкава мистерија. Јасно е дека монструмот ги испотепал. Само читав теории дека можеби не бил сам. Некако премногу е чудно сето тоа да го организира и изведе сам човек. Друга мистерија секако е каде се наоѓа сега психото. Интересно е да се спомне дека веќе имало неколку лажни дојави. Дури полицијата извршила упад во манастир зашто се сомневале дека се крие таму. Во друга прилика уапсен е човек кој слетал од Париз во Глазгов ама се испоставило дека не е Ксавиер. Се надевам дека ќе го фатат копилето макар и после многу години.

Четвртата, веројатно се работи за hate crime. Телото е чувано некаде, веројатно во фрижидер, па е оставено крај реката. Тука требало мислам подобро да се проверат другарите што биле со него таа вечер. Тој Адам беше само спомнат ама немаше интервју со него. Премногу е сомнително како „се разминале“ со Алонзо па не го однел дома. Дури и некако ми е сомнителна приказната на другите што зборуваа. Не дека не е можна, некогаш стварно се’ тргнува наопаку, ама сепак некако ми е премногу филмски така да се наредат работите.

Петтата мене ми беше забавна. Затоа и гледаме вакви серијали. Покрај пет нерешени убиства ова со НЛО дојде како освежување. Не може толку различни луѓе да имаат сведоштва на сличен настан а да лажат или измислуваат. Факт е дека имало нешто во небото таа вечер. Дали е нешто вонземско или е некаков тест на нова технологија веројатно никогаш нема да се открие.

Шестата не ми беше ништо посебно. Горе долу се’ е јасно. Да се згрози човек колку злобни луѓе постојат. Мајката ја убила ќерката ладнокрвно исто како бившиот маж. Треба само да побараат каде точно е скриено телото. Тука е исто фрапантно какви се пропусти има направено полицијата и колкави дупки има во законот. Мајката и тој Крис фактички се осудени за убиство на Гери а казнети се само парично? Не сум правник ама ова ми изгледа катастрофален систем.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Старите со Роберт Стак, класика :) ...еден од спомените од детството. Пријатно се изненадив кога видов дека има нова серија на Нетфликс. Првата сезона одлична, втората не толку. Севкупно, добро сработено и прикажано. Тоа што има само еден случај по епизода е можда минус, но можда сакаат да има повеќе сезони вака. Не е дека фалат мистерии во светов :p Нај-creepy епизода секако третата со французинот.
Има најава за трета сезона?

Инаку ако сакате нешто во сличен стил, а има и доста епизоди за гледање (2 сезони по 10 еп) е I'm a killer. Ова е фактички ѕolved mysteries ;) , пошто се се знае, сторителите се фатени и осудени дали доживотно или смртна казна и сега во епизодава кажуваат што им се случувало во животот, како и зошто го направиле убиството, па како ја одлежувале казната итн..интересно во секој случај. На моменти за некои ти иди дури и да им простиш, колку и да звучи неверојатно, од тоа што кажуваат како општеството или семејството се однесувало кон нив во детството. Можда вреди за ова да се отвори и посебна тема или една општа тема за крими-документарни серии.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.553
Симнете си Мобдро на мобилниот или на Андроид Бокс, и гледајте ги старите епизоди со Стак, рандом ги вртат нонстоп :)

Овие новиве сеуште се двоумам дали да ги симнам, незнам дали се добри како стариве во поглед на раскажувањето на настаните.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Симнете си Мобдро на мобилниот или на Андроид Бокс, и гледајте ги старите епизоди со Стак, рандом ги вртат нонстоп :)

Овие новиве сеуште се двоумам дали да ги симнам, незнам дали се добри како стариве во поглед на раскажувањето на настаните.
Супер се.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Дојде на ред и втората шесторка. :)

Првата, стариов очигледно имал напад и не бил баш при себе таа вечер. Поради неговата позиција одма се наметнува дека е некакво политичко убиство ама некако не сум сигурен во тоа. Јас мислам сосема е можно да го убиле некои уличари. Се гледа дека не е грабеж но можеби виделе немоќен налудничав старец па земале да го малтретираат. Можеби инцидентно го убиле па го фрлиле во контејнер. Она со димните бомби мене ми изгледа неповрзано со убиството. И мене ми личи дека сам ги фрлал пошто бил лут за градењето, па после во нервоза почнал да расфрла низ кујната.

Втората беше најдобра епизода. Баш мистерија во секоја смисла. Најверојатно се работи за егзекуција. Женава мора да има некаква врска со државна интелигенција. Кажа веќе експерт дека се’ упатува на тоа. Тука гледам логика и во самото добивање соба без соодветна идентификација. Сите сме биле по хотели и никаде не може да се влезе така едноставно. Тука или хотелскиот персонал е замешан во убиството или кажано им е да ќутат. Убиецот сигурно бил сместен во хотелот.

Третата со бегалецот, што да каже човек? Ненормален пропуст на властите. Надвор од здрав разум е да пуштиш сексуален предатор и убиец на дете на шопинг. Се надевам брзо ќе го фатат ѓубрето. Овој случај ми е најмногу веројатно да добие расплет во скоро време, секако ако идиотот не скинал конци во меѓувреме.

Четвртата со духовите е дефинитивно најлоша епизода во новиот серијал. Едноставно не припаѓа тука. Обично сакам вакви епизоди. Да се размени малку, да не бидат само криминални случаи. Ама за разлика од епизодата со НЛО која беше забавна, оваа беше некако меланхолична и по малку непријатна за гледање. Не беа понудени некои големи докази дека стварно има духови а на ваквите појави секогаш треба да се гледа со скептицизам. Понекогаш луѓето во стресни ситуации доживуваат халуцинации или некои појави ги толкуваат на свој начин за да си ја олеснат болката. Секако, не исклучувам дека има и луѓе што сакаат да прават сензации од туѓи трагедии и да измислуваат приказни.

Петтата е доста интересна епизода. Нема шанси да е самоубиство. Тука сигурно има некоја прљава игра. Мислам дека тој братучедот што работи во полиција го извршил или нарачал убиството. Изгледа типот има големи врски па случајот е заташкан. Тие полицајците што одговараа на прашања беа како попарени. Греота за фамилијата на жената. Се надевам набргу ќе биде расветлен случајот.

Шестата беше секако потресна приказна. Најверојатно децата се киднапирани од луѓе што немаат свои деца. Уствари се надевам дека е така пошто тоа би било најмалку трагично во ваква ситуација. Да не се жртви на некој психопат. Има една теорија дека двете деца се киднапирани од исти лица и дека се израснати и одгледани како браќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom