Неработни денови за 2014 година

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Плаќаат. Јас кај што работам, плаќаат 2 и пол дневници за работа во државен празник. Но тоа не е причина да го работиш секој е*ан државен празник.
Не сум засегнат од прашањето за СФРЈ од Цитро, па само ќе прашам: Зашто се раздружувавте со СФРЈ?

Sent from my ST21i using Tapatalk
Добро ај да речиме дека плаќаат некои работа за празник. Ама колку се такви газди во РМ? Според моја проценка не се ни 10%...
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
а се примаат работници, инжинери или било што во фирмата каде што работиш?
нз, доколку имаш роднина кој работи на царина, или во партија, тогаш може. Инаку можеш да бидеш обичен работник. Има луѓе со факултет кои работат за 300 мкд дневница.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
нз, доколку имаш роднина кој работи на царина, или во партија, тогаш може. Инаку можеш да бидеш обичен работник. Има луѓе со факултет кои работат за 300 мкд дневница.
прајш муабет за во државно (церина) или во приватно ... за партиски познато и искусено ми е ... тешко оној кој не е во партија ...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
По закон, тие што се паѓаат во недела, се префрлаат за понеделник. Само саботите се "губат" како празници, а такви има 3 следната година: Кирил и Методиј, Илинден и 11-ти октомври.
Прашање општо ако некој е упатен.
Водици е 19-ти, во недела.Дали дополнително ќе го пуштат понеделник со најава покасно?Така некако беше и за Свети Климент (8.12.2013), го префрлија следниот ден :confused:
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962

За жал не се префрла, бидејќи Водици е верски празник.
Се префрлаат само државните празници и празниците на РМ.
Св. Климент спаѓа во групата на државни празници, затоа беше префрлен за понеделник.
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Водици е државен празник, не само верски (Државен празник за православните Македонци), што значи дека е неработен ден и штом паѓа во недела, се префрлува за во понеделник.
Програма на неработни денови за 2014 година

Согласно со Законот за празници на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2014 година неработни денови се:
За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)
• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Водици спаѓа во групата на верски празници, а не во групата на државни.
Само државните се префрлаат.

Закон за празниците на РМ
http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/zakon_praznici.pdf

Член 2

Државни празници на Република Македонија се:
- 24 Мај, “Св. Кирил и Методиј” - Ден на сесловенските просветители;
- 2 Август, Ден на Републиката;
- 8 Септември, Ден на независноста;
- 11 Октомври, Ден на народното востание;
- 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и
- 8 Декември, “Св. Климент Охридски”.

Празници на Република Македонија се:
- 1 Јануари, Нова година;
- Божик, првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар;
- Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
- 1 Мај, Ден на трудот и
- Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Член3

Празниците од членот 2 на овој закон се неработни денови. Доколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Не сфаќам како ги делат - Свети Климент државен, а Водици верски празник.По некоја логика одат во исти кош - верски o_O Се пореално ни е она чувство како змејот кога живеел зад 7 планиња, 7 реки, 7 мориња и езера и едно време си рекол : Па добро бе мајката кај живеам јас упм?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

абе, ти од вчера ли почна да работиш:P , па тек сега да се прашуваш кај живееш?
рамазан што е? или божиќ?
тоа е тоа, така ни е сервирано со години уназад :(
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Мене ме интересира дали луѓево од другиве религии беа на своите работни места на 06.01. ден Бадник? Има некој информација за ова?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Мене ме интересира дали луѓево од другиве религии беа на своите работни места на 06.01. ден Бадник? Има некој информација за ова?
ДА, во завод за вработување работеа од другите религии, инфо од прва рака
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Мене ме интересира дали луѓево од другиве религии беа на своите работни места на 06.01. ден Бадник? Има некој информација за ова?
во некои приватни фирми, и христијаните беа на работа ...:confused:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Зошто на ВЕРСКИ ( неработни ) ПРАЗНИЦИ се истакнуваат државни знамиња, дали е правилно тоа?
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
во некои приватни фирми, и христијаните беа на работа ...:confused:
Тоа ми е и повеќе од јасно. Не е нешто ново. За жал.
Зошто на ВЕРСКИ ( неработни ) ПРАЗНИЦИ се истакнуваат државни знамиња, дали е правилно тоа?
Ако е државен празник, треба да се истакне државното знаме. Без разлика дали државниот празник е верски или не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom