Непопуларни музички мислења

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.886
Поени од реакции
6.367
Обична празна мантра е тоа дека музиката била подобра порано.
Не, тоа е ноторен, јасен и со судот на времето изречен факт. Денешната музика, ако дефиницијата за музика ја разводниме за да може звуците кои разни антиталенти ги создаваат да се наречат музика, има рок на траење од пар недели. Којзнае кои се во твојот ум денешни еквиваленти на Фреди Меркјури, Дејвид Боуви или Фил Колинс.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.971
Поени од реакции
24.307

И со двајцата и се согласувам и не се согласувам и имам скроз другачие мислење на ова тема. И тогаш и сега имало добра и срање музика. Тоа што тогаш сали и стадони полнеле Лед Зепелин, а денес Тејлор Свифт не е пад на добрите бендови или добрите песни туку пад на стандардите и преференците на генералната публика. Секако во денешната музика влијание вршат и разни промороти, маркетинг компании, агенти, пи ар, ифлуенсери, алгоритми кои пробуваат да ти ја бутнат таа музика но на крај никој не ти држи пиштол на глава. Никој никого не спречува или принудува да купува карти, албуми или да слуша што и да е од било кого. И музичкиот бизнис како и сите други бизниси е пазарна економија, понуда и побарувачка. Утре ако има промена во побарување и милиони почнат масовно да слушаат казахстански народни песни, тогаш казахстански народни бендови ќе полнат сали и ќе продаваат албуми.

Понуда на музика има секаква и сега и тогаш. Генералната популација е дебилизирана.
 
ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
348
Поени од реакции
506
Дејвид Боуви и Фил Колинс ни во најдобрите нивни денови не биле на нивото на Фреди Меркјури.Фреди припаѓа во групата на елитата како Арета Френклин,Реј Чарлс,Стиви Вондер...
Боуви има интересна боја на глас ,Фил е мн.добар пејач но дефинитивно не се на нивото на Фреди.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.886
Поени од реакции
6.367
И со двајцата и се согласувам и не се согласувам и имам скроз другачие мислење на ова тема. И тогаш и сега имало добра и срање музика. Тоа што тогаш сали и стадони полнеле Лед Зепелин, а денес Тејлор Свифт не е пад на добрите бендови или добрите песни туку пад на стандардите и преференците на генералната публика. Секако во денешната музика влијание вршат и разни промороти, маркетинг компании, агенти, пи ар, ифлуенсери, алгоритми кои пробуваат да ти ја бутнат таа музика но на крај никој не ти држи пиштол на глава. Никој никого не спречува или принудува да купува карти, албуми или да слуша што и да е од било кого. И музичкиот бизнис како и сите други бизниси е пазарна економија, понуда и побарувачка. Утре ако има промена во побарување и милиони почнат масовно да слушаат казахстански народни песни, тогаш казахстански народни бендови ќе полнат сали и ќе продаваат албуми.

Понуда на музика има секаква и сега и тогаш. Генералната популација е дебилизирана.
Генерално си во право но сепак останува прашање на времетраењето на денешната музика вс. онаа од пред половина век. Фактот што сеуште ги споменуваме Лед Цепелин кои ако не се лажам датираат од касни шеесетти, зборува доволно. Замисли некој си 3Д холограм од Драке или Тејлор Свифт таму во 2074 година. Драке бе :icon_lol:. Денешните ѕвезди се како ајкули, мора постојано да се движат инаку ако застанат црно им се пише, мора да бидат активни со концерти и нови синглови секој пар месеци пошто алгоритмот на Јутјуб ќе ги заборави, а "верната" публика ќе се пребаци на некое ново фрик шоу. Потрошна роба. А тука се и текстовите на песните, Леонард Коен или Боб Дилан вс. денешните "трубадури".
Е сеа во niche ситуации и тоа како има солидна музика, пример Сабатон или new retro но тоа се ретки случаи и ретко ако и воопшто излагаат во меинстрим.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.971
Поени од реакции
24.307
Генерално си во право но сепак останува прашање на времетраењето на денешната музика вс. онаа од пред половина век. Фактот што сеуште ги споменуваме Лед Цепелин кои ако не се лажам датираат од касни шеесетти, зборува доволно. Замисли некој си 3Д холограм од Драке или Тејлор Свифт таму во 2074 година. Драке бе :icon_lol:. Денешните ѕвезди се како ајкули, мора постојано да се движат инаку ако застанат црно им се пише, мора да бидат активни со концерти и нови синглови секој пар месеци пошто алгоритмот на Јутјуб ќе ги заборави, а "верната" публика ќе се пребаци на некое ново фрик шоу. Потрошна роба. А тука се и текстовите на песните, Леонард Коен или Боб Дилан вс. денешните "трубадури".
Е сеа во niche ситуации и тоа како има солидна музика, пример Сабатон или new retro но тоа се ретки случаи и ретко ако и воопшто излагаат во меинстрим.
Епа тоа и викам. "Мејнстрим" музиката е отидена во курац, ама она што една музика ја прави "мејнстрим" се преференците на "генералната" публика и тука треба да ја бараме главната причина зошто е тоа така. Ти ако прочепкаш низ Јутуб ќе најдеш повеќе од доволно нови и интересни бендови ама за кој никој нема слушнато. Самиот народ вика не го сакаме Исус дајте ни го Бараба. Епа на ви го Бараба. Слушајте го Дрејк, Џејсон Деруло и Ники Минаж.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.886
Поени од реакции
6.367
Епа тоа и викам. "Мејнстрим" музиката е отидена во курац, ама она што една музика ја прави "мејнстрим" се преференците на "генералната" публика и тука треба да ја бараме главната причина зошто е тоа така. Ти ако прочепкаш низ Јутуб ќе најдеш повеќе од доволно нови и интересни бендови ама за кој никој нема слушнато. Самиот народ вика не го сакаме Исус дајте ни го Бараба. Епа на ви го Бараба. Слушајте го Дрејк, Џејсон Деруло и Ники Минаж.
Се наметнува чуден заклучок дека бумерите и во помал обем генексите (65-80 и јас сум генекс 79) имале далеку пософистициран музички вкус и мерила од денешната публика и денешниот мејстрим кој го изнедрува Дрејк. Зошто е тоа така не би знаел, it's above my pay grade, доколку имаш теорија ќе те замолам да ја напишеш ако/кога имаш време.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.971
Поени од реакции
24.307
Се наметнува чуден заклучок дека бумерите и во помал обем генексите (65-80 и јас сум генекс 79) имале далеку пософистициран музички вкус и мерила од денешната публика и денешниот мејстрим кој го изнедрува Дрејк. Зошто е тоа така не би знаел, it's above my pay grade, доколку имаш теорија ќе те замолам да ја напишеш ако/кога имаш време.
Можеби најголемиот музички и композиторски маг на 20ти век во Америка има една многу интересна, да не речам неконвенционална теорија за ова.

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.886
Поени од реакции
6.367
Можеби најголемиот музички и композиторски маг на 20ти век во Америка има една многу интересна, да не речам неконвенционална теорија за ова.

Нешто во тој правец имаше и во филмот за Џони Кеш еден муабет пред да ја направи првата снимка, а ова што вели Запа ги поместува границите на генерации родени пред војната кои би биле газди на рекорд лејблс во време на рокенрол 50-ти и други правци кои ја родиле популарната музика каква што ја знаевме и сакавме.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.379
Поени од реакции
25.740
КСЦ се мести бетер од Евровизија.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.773
Поени од реакции
21.266
Дечки нели ви звучи песна дека е од Ријану?
Чудна работа еј,ја гу знам од нову годину а има само 65 вјус на Јутуб и е од пред едн месец.Интереснанвокал хаус трака,чудно како не е хит.Дали некој гу слушаја? Мене ми е ептен јака.

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.362
Поени од реакции
13.234
Рејв журките веќе стануваат досадни. Мислам, мене ми се интересни, ама кога ќе видам женски со 10кила накити на нив и сите играат во исти стил со тоа рацете ми се гади. Исто и мажи шо имаат научено еден покрет, ќе се соблечат голи и со наочара на глава ќе смрдат на мишки. Не идат за музика и уживање туку за фотосесии и да бидат видени.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.809
Поени од реакции
7.107
Не, тоа е ноторен, јасен и со судот на времето изречен факт. Денешната музика, ако дефиницијата за музика ја разводниме за да може звуците кои разни антиталенти ги создаваат да се наречат музика, има рок на траење од пар недели. Којзнае кои се во твојот ум денешни еквиваленти на Фреди Меркјури, Дејвид Боуви или Фил Колинс.
Гледај, јас секако дека се согласувам дека тоа што некогаш било поопшто прифатено, присутно во јавноста, значајно на поголемо ниво народ е далеку поквалитетно, дури и неспоредливо во однос на тоа која музика го има тој примат денеска. Во тоа, никогаш не би противречел. Но, мислам дека - денешницата го има променето фокусот и тоа што е квалитетно не е секогаш(речиси никогаш) толку присутно во јавната сфера. Никогаш не би противрекол дека и квалитетот, но и самиот акт на создавање музика/книжевност/филм/што и да е поквалитетен денеска, само затоа што е настаната денес. И самиот пристап кон музиката тогаш е револуционерен, односно трасирање пат кон нешто ново/неоткриено и тука нема сомнеж. Така што, јас во ниту еден момент не го негирам квалитетот на минатото. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom