Непопуларни мислења

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Книгите се за лузери.

Исто и математика.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.011
Венко ми е интригантна фигура од Македонија. Малку повеќе негативна фигура ми е. Најпрвин - неговите колумни се чист симулакрум. Такво претставување од височина, чисто празно морализирање. Особено, кога се работи за образование, како што му е последната колумна. Читам и не ми се верува. Дали Венко се наоѓа надвор од реалноста или што е работата, не знам. А потоа, неговата пресметка со постмодернизмот ми е ептен смешна. Венко претставува чист постмодернизам, дури и клише постмодернизам. А, повторно во некои колумни изјавува дека постмодернизмот не може да роди добри писатели или слично. Добро, мило ми е што е самокритичен.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Да почнеме од нешто, по малку пристрасно и (по)грешно :), како што налага темава:
Нешто веќе е пишано - на пример, на Венко Андоновски му е придадена преголема важност.
Славко Јаневски, како резултат на околностите, и на оние во културата и на политичките, во македонската книжевност има позиција која не ја заслужува (и не мислам само на она селото зад јасените).
Васил Иљоски е прераскажувач на туѓи дела, тешко преценет, за разлика од Миле Попоски, кој ако не е пооригинален, е секако позабавен.
Конески за мене е најголемиот македонски поет.
Тешко ми оди со Радован Павловски, кој е толку ценет од многумина.
Критичките и есеистичките излети на Влада Урошевиќ, оние за фантастиката и за научната фантастика, се доста површни.
Херберт и Зелазни се на самиот врв во научната фантастика, подобри од Асимов, Кларк и други sf величини.
Х. Ф. Лавкрафт е многу позначаен хорор писател од Стивен Кинг (што не значи дека, во основа, е и подобар писател).
Хари Потер во книжевноста го претставува она што mcdonald's е во индустријата за храна (може на забелешкава местото да не и е тука).
Борхес > Еко > Маркес
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.244
Поени од реакции
78.866
епска фантастика:

Џо Аберкромби е на исто ниво (минимум) со Мартин и Толкин. Некому дури е и подобар.
Сандерсон - преценет.
Ериксон - уште попреценет.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Венко ми е интригантна фигура од Македонија. Малку повеќе негативна фигура ми е. Најпрвин - неговите колумни се чист симулакрум. Такво претставување од височина, чисто празно морализирање. Особено, кога се работи за образование, како што му е последната колумна. Читам и не ми се верува. Дали Венко се наоѓа надвор од реалноста или што е работата, не знам. А потоа, неговата пресметка со постмодернизмот ми е ептен смешна. Венко претставува чист постмодернизам, дури и клише постмодернизам. А, повторно во некои колумни изјавува дека постмодернизмот не може да роди добри писатели или слично. Добро, мило ми е што е самокритичен.
Можеби човекот сака да си направи муабет, а нема со кого.
Во Македонија само оние што завршиле ОКК и филозофија знаат што постмодернизам. Оние што студирале книжевност стигнале најдалеку до книжевноста меѓу двете светски војни.
Колумните на Венко беа за читање кога почна да излегува Утрински. Со годините се потроши човекот. Вештица му е многу добар роман. „Ќерката на математичарот“ е за никаде.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Венко ми е интригантна фигура од Македонија. Малку повеќе негативна фигура ми е. Најпрвин - неговите колумни се чист симулакрум. Такво претставување од височина, чисто празно морализирање. Особено, кога се работи за образование, како што му е последната колумна. Читам и не ми се верува. Дали Венко се наоѓа надвор од реалноста или што е работата, не знам. А потоа, неговата пресметка со постмодернизмот ми е ептен смешна. Венко претставува чист постмодернизам, дури и клише постмодернизам. А, повторно во некои колумни изјавува дека постмодернизмот не може да роди добри писатели или слично. Добро, мило ми е што е самокритичен.

Венко Андоновски стигна и до телевизија во Србија.
Еве видео од пред 15-тина денови.
https://www.youtube.com/watch?v=UhOdIAqruHE
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Конан Дојл е подобар автор од Агата Кристи, не само релација Шерлок/Поаро, туку и општо.
Погоре е спомнат Лавкрафт со Кинг, првиов ми е далеку пооригинален, понепредвидлив па дури и подлабок би рекол (не ми иди соодветен збор, со своја филозофија во правецот) од Кинг кој иди нешто како преценет амер како и секоја втора америчка работа поврзана со каква била уметност.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.011
Венко Андоновски стигна и до телевизија во Србија.
Еве видео од пред 15-тина денови.
https://www.youtube.com/watch?v=UhOdIAqruHE

Мислам дека не е некако меродавно ништо тоа што го има на српска телевизија. Венко има поголеми успеси од ова, без разлика на моето мислење за него.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
406
Поени од реакции
1.129
Никогаш нема да сфатам што е толку генијално во "Алиса во земјата на чудата", и луѓето што и ставаат такви етикети.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.136
Поени од реакции
8.228
Мене целата постмодернистичка книжевна критика ми е апсурдна, бесмислена, безвредна, или со зборовите на Алан Сокал -- интелектуална измама. Сметам дека постмодерната може да произведе сосем квалитетни романи, филмови итн., меѓутоа критиката повеќе прави штета, отколу некаков придонес за разбирање на литературата. Од светските постмодернистички критичари, да бидам искрен, освен некои фрагменти, набројувања и категоризации, немам многу прочитано, најчесто од Бодријар, Лиотар и уште неколку други. Од домашните имам повеќе, пр. Елизабета Шелева, Лидија Капушевска-Дракулевска, Јелена Лужина, Јордан Плевнеш итн. Не знам како им успева, ама буквално секоја реченица е или некој претерано банален заклучок или тешка небулоза, почесто второто. Тука посебно ме иритира фактот што овој поглед или приод кон литературата зема сѐ поголем замав во академските кругови и се наметнува како примарен, без разлика дали станува збор за текст од 14 век или 2017 година. Сѐ се гледа низ призмата на постмодерната.

Сметам дека Блаже Конески и Гане Тодоровски се јазично многи побогати од Петре Андреевски, а Живко Чинго и Венко Андоновски многу подобри раскажувачи. Имам впечаток дека Андреевски е ставен на пиедестал исклучиво поради патриотскиот сентимент кој доминира во неговите главни дела. Не ја исклучувам можноста кога е во прашање Пиреј да се работи за ангажирана литература.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom