Непопуларни мислења

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Инспириран од темата која ја има во подфорумот за филм, решив да отворам иста таква и за книги. Кои се според вас преценети книги во светската книжевност? Би било подобро доколку нема цитирање на мислења, со цел на проток на мислења и слободно изјаснување.
Да започнам јас - немам време да го читам Толстој, Венко Андоновски е преценет писател, ме иритира кога луѓе се оптеретени со само една национална книжевност и читаат само класици.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.370
Ај да видиме кој ќе има храброст да се избаци со "Шарма е најдобар, тоа е виша животна мудрост" :icon_lol:

Руски класици>>>>>>Француски класици

Имам предрасуди кон писатели кои творат на Шпански и единствено "На полковникот нема кој да му пишува" ја имам прочитано(пошто морав).
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
1. Еднаш отидов кај Лајла Грејс на профилот и имаше подолг текст кој почнав да го читам од што ми беше досадно. Го читам така и си велам леле колку е лошо ова, дури не е ни типично „лајла грејс“ лошо туку е полошо од тоа што таа може да го напише.

На крајот од текстот, најдолу, пишуваше - Извадок од таа и таа книга од МУРАКАМИ.

Јас всушност сум читал извадок од книга од Мураками. :pos: Додека претходно ја имам прочитано само Спутник љубов и си реков не читам повеќе од Мураками, мислам дека нема полош актуелен писател од него во светот.


2. Бернхард Шлинк.

Човекот не знае да пишува приказна а толку очајно се обидува. Еве го мојот коментар на гудридс за неговата книга Викенд

Шлинк е еден од најкатастрофалните писатели кои што сум ги читал. Не можам да сфатам зошто е толку познат и каде му е квалитетот, но пишува ужасно, неспретно, здодевно. Во оваа книга има вишок ликови, кои низ приказната заборава дека половина од нив постојат, има дупки во градење на атмосфера и простор, како на пример - куќата во која што седат ликовите за време на тој Викенд, нема струја, за на последната сцена да приклучат радио на струја и да слушаат радио.

Ќе одам да ја погалам мачката и малку да се смирам
3. Неколку наши автори, но тоа е повеќе накај популарни мислење така што само ќе споменам некои - Живко Грозданоски, Иван Шопов (дно од дното)

4. 1984 на Џорџ Орвел. Зошто побогу е ова литература, ретко да сум прочитал така лошо дело.

5. Оскар Вајлд е досаден.

6. Ернест Хемингвеј е уште подосаден.

7. Би го нашљакал Шекспир. :icon_lol:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Аууу, џими, ама ги заплеска!

Јас не знам. Навистина. Се сеќавам на времето дека го сметав Славко Јанески за преценет („Тврдоглави”, на пример, ми ја направи тапан главава), но тоа се смени откако го прочитав „Кучешко распетие” од трилогијата „Миракули на грозомората”.

Мураками мене ми е ОК. Какви ги имааа...

Ете, бидејќи очигледно е популарно мислење Гијом Мисо, Спаркс и слични да ги сметаат за писатели, јас мислам дека повеќе би се задлабочил читајќи декларација за тоалетна хартија отколку нивните copy-paste романчиња.

Пак непопуларно - Куелјо не ми спаѓа во таа категорија со погорниве. Не дека е некоја врвна книжевност, ама барем е многу пооригинален.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.104
Аууу, џими, ама ги заплеска!

Јас не знам. Навистина. Се сеќавам на времето дека го сметав Славко Јанески за преценет („Тврдоглави”, на пример, ми ја направи тапан главава), но тоа се смени откако го прочитав „Кучешко распетие” од трилогијата „Миракули на грозомората”.

Мураками мене ми е ОК. Какви ги имааа...

Ете, бидејќи очигледно е популарно мислење Гијом Мисо, Спаркс и слични да ги сметаат за писатели, јас мислам дека повеќе би се задлабочил читајќи декларација за тоалетна хартија отколку нивните copy-paste романчиња.

Пак непопуларно - Куелјо не ми спаѓа во таа категорија со погорниве. Не дека е некоја врвна книжевност, ама барем е многу пооригинален.
Ќе му акнев "like" али за 1984..... :D
Коељо и Спаркс се шунд од литература, па сепак од едниот иам прочитано 5 книги, а од другиот дури 11 (се` што извадил до Last song).
Вештица од Венко е срање.
Никогаш не сум го разбрал hype-от за Алиса во земјата на чудата и Малиот принц. Радије би Петар Пан.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Џими се сложувам горе-долу за сѐ, освен 1984. Ама на секој не му лежи дистопија затоа, јасно ми е. :) Саладин со „Малиот принц“ ме изненади апла. :D

На темава:

„Оркански височини“ е досадна книга со многу слаба приказна. Не знам зошто воопшто се смета за класик.

Буковски не го можам, два-три романи прочитав, сите исти. Поезијата му е далеку подобра.

Венко пишува за широки народни маси, не е дека не може повеќе. Знае дека тоа носи пари. Расказите му се далеку подобри од романите, на исто рамниште со „Папокот на светот“. „Ќерката на математичарот“ на почеток ми легна, кога помина време сфатив дека е една од најголемите глупости што ги има напишано. Заедно со колумната за месарот.

„Големиот Гетсби“ е далеку од 100-те најдобри романи на 20-тиот век.

Дел од македонското творештво во последниве неколку години може да се рамни со големи имиња, (Лидија Димковска има поезија на рамниште на Борхес) особено некои надежни искри од младите генерации како Давор Стојановски, Фросина Пармаковска, Марта Маркоска.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Темата е за книги/дела кои се оценети со суперлативи и епитети кои не ги заслужуваат, или воопшто за книги/дела кои не зрачат со некој особен квалитет?

За да знам по што да распукам, не за друго. :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.104
@Вокерка
Те изненадив, а? I have few skeletons in my closet :D
Шлинк е ходајуча контрадикторност, Оттаму и слабата наративност и губење у поим.
Brave new world секогаш ќе биде скалило изнад 1984. Иако и двете се извонредни дистопии.
Рави Хаж е страшно потценет писател.
Се` уште немам прочитано ни една Хари Потер книга.
Zafon pisuva pretenciozni sranja.
Kako Koeljo mi e, za intelektualci. :p
Knew it!
Кога станува збор за Барико, имам шизофренички став за неговата литература. City 5 пати ја почнав, не му ја можам, додека Новеченто е во топ 5 прочитани икад.
Толстој може да биде многу поздодевен од Достоевски.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Џимче бе зошто вака, а баш сакав да ти лајкнам :(
Злате и ти забушаваш со овој Коелјо, а решена бев и двајцата да ве лајкнам... што среќа ќе имав.

Мене ми е преценета The Catcher in the Rye.
„Сочниот“ стил на Селинџер воопшто не ме влече, многу ме одби од книгата.
Not my cup of tea, i guess.

Демијан како европски претставник од овој период е многу подобар read од 'ржта.
 
D

Daedalus

Гостин
Ниче ги има напишано најлошите афоризми, полоши дури и од тие на Вајлд којшто е најпретенцозното гомце во историјата на човештвото.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Не мислам дека поезијата на Петре М. Андреевски е толку добра. Данило Киш ми е најдобар балкански писател (ок, ова не е толку во доменот на популарното), и многу повеќе ми се допаѓа од Андриќ и Селимовиќ. Не сакам историски романи како тие од Сјенкјевич.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.104
Хесе ми е тешка претенциозност. Го тупи беспотребно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom