Непознато што вреди да се слушнe

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Да и се пробаме и на ваква тема. Целта е едноставна како и насловот, во неа објавуваме само линкови од јутуб кои имаат послабо views, понепознати се, а песната според вашите мерила секако вреди да се слушни. (изгребете го хипстерајот :D)

Добив инспирација кога утрово листав едни песни од Nils Frahm, кои едвај достигнуваа до 1000-ка, а се вистински ремек дела. Човекот на ласт.фм е доста слушан, низ музичките плеери на љубителите на музиката, но истото внимание го нема добиено и на јутуб. И сами знаеме дека на јутуб најчесто кликани се оние песнички кои ја опфаќаат помалата генерација, пошто нели обично не симнуваат помладите, туку кликаат при секоја потреба да се слушни песната.

Да не ја дрвам многу, повелете изјаснете се.

703 отворања

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Бенд кој ми го кажа другарче од Скопје пред некоку години. И до ден денес ми е мистерија како тоа не се пробијаа пошироко. Страшни звуци со примеси на стонер, прогресив, фолк.

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246

716 views. Македонски. забелешка: aко имаат над 1000/2000 views на јутуб, не се доволно непознати за да бидат постирани. Пошо имам чувство дека тука ќе се постира се` што вашите пријатели не го слушнале досега или го нема по форумскиве музички теми (тоа не е баш параметар за "непознато").
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
1000/2000 по мое е малку. Јас би ја кренал до кај 20 000/30 000 границата. И таа бројка е премала во однос на оние бљувотини кои растураат со милиони милиони во денот. Така воедно би добиле и повеќе на квантитет и повеќе на квалитет во темава без некои посериозни ограничувања. :)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Че почнам со едно денс хитче шо се слушаше на времето (2001 негде), ама немаше шазами мазами и ретко кој ја знаеше песнава по наслов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom