Непал

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Се на се, топ авантура. Има што да се види ама и поубаво е да оставиш нешто за следниот пат, како што и направивме. Непал е сиромашна земја, за разлика од ние овде, немаат многу привилегии ама затоа имаат развиена свест 5 пати повеќе од нашата и сите се среќни во глобала. Јас не видов тажен човек а поминавме скоро половина земја. Катманду е многу загаден, бидејќи нема комунална хигиена па ѓубрето во глобала се гори, семафори не постојат него хаос у вожња ама затоа никој не гине нит го газат. Па сеа ти види кој не чини.
Пола се будисти, пола хиндуси, храната не им ја можам, имаат се и готват со се, ама после 5-6от ден се онесвестив и желудников го фрлив во вода. Индивидуално е сепак, девојка ми немаше гајле со храната.
Покара е топ место, подобро средено од Катманду, има се може се, параглајдавме над езерото каде има што да се види, и поминавме една ноќ во Дампус, тоа е село уџум горе со орлите кое гледа накај Анапурна - планински масив. И секако Коши Тапу или у превод Три лепе пичке матерне, накај границата со Индија само малку погоре, остров без цивилизација, населен со кајмани и чудни инсекти. Перверзија од природата, немам коментар.Исто така бевме на будистичка миса во храмот во Пагода, еден од најсветите места за будистите и многу моќно место со чиста енергија. Во глобала прошетавме многу ама и оставивме многу за наредно. Друго, Непал треба да се искуси ако се сака ама и така е заебан пак. Не секој може да го издржи бидејќи после првите 2 дена кога се аклиматизираш ако те пука нервоза поарно спакувај се и оди си. Ова е класично преживување од наш аспект, за нив сосема нормален живот и правила. Мене ми беше најдоброто искуство и се надевам догодина ќе отидам пак после Тајланд. Така да џабе пишувам, најдобро е ако се сака да се отиде. Позз.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom