Jас сум приврзаник на теоријата дека детето е tabula rasa, па ќе се согласам со Наташа, дека самите родители го разлигавуваат детето.
И, да се разбереме! Има разлика од „живо дете“ кое не седнува ни еден момент, до разлигавено дете кое ќе се растрешти од земја, само за да го добие тоа кое го посакало!
Родителот може да влијае на второто (разлигавеноста), но на првото (живоста) неможе.
Татко сум на 2,5 год. дете и тоа од искуство го знам. Мојата неможеш да ја сопреш! Си игра, трча по дома...Но, отидеме ли некаде, таа не чепка по фиоки, и не им трча на луѓето. Ако има дете таму, ќе си играат, ако нема, си седи до мајка и или до мене, и дури е чудно мирна! Е, тука е границата помеѓу живоста и разгаленоста.
Се разбира, и дома не добива се што ќе посака! Веќе научи што смее, а што не!