Нема повеќе слободна професија, само регистрирана професија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
За целата роба на бит пазар и шутка давачки(царина,данок и акциза ако има) се плаќа на царина и ујп,а сите трансакции одат бреку банка
Ова е рамно за во потпис да оди, секоја чест на изјавава.:pos:
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004


Ова е целосно тоа што сум пишал а ти си очигледно глуп па по нечија директива пишуваш и правиш што ти сугерираат

Тиквар пошо читам и глеам дека си глуп ко кур да ти објаснам како одат работите.

За целата роба на бит пазар и шутка давачки(царина,данок и акциза ако има) се плаќа на царина и ујп,а сите трансакции одат бреку банка
За да ти одредат колку треба да платиш треба од кај шо си ја набавил робата да имаш ф-ра и царински декларации за увоз извоз.
Овие документи ти ги прави шпедитер од кај што извезуваш и увезуваш
За цело врема робата стои на царински терминал на кој се плаќа влез и лежарина.
За да ти ја прегледа и оцарини царински службеник треба да платиш
Продавачот во крајната цена си ги става сите трошоци нормално и заработка па ти со фискалан или без директно или индиректно ги плаќаш сите трошоци на продавачот ама пошто си глуп тоа и мислиш дека ако плаќаш кеш не плаќаш ништо

Тешко на оваа држава со вакви ботови

Со стока полесно ќе се разбереш со ботови ни под разно не помислувај
[DOUBLEPOST=1416334503][/DOUBLEPOST]
Ова е рамно за во потпис да оди, секоја чест на изјавава.:pos:
Читам ама не догледувам што пишува а сваќам тоа што ми одговара
Истото погоре напишано важи и за тебе
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
I do kaj bidna rabotava go usvoija zakonot belkim i mene ce me osigura gazdata da vidam i jas nekoj air ama ne veruvam[DOUBLEPOST=1419815314][/DOUBLEPOST]
Молерите, пиљарите, копачите на ровови, водоинсталатерите и останатите занаетџии од таков тип, барем засега, куртулија од ваквото рекетирање.
Nema nisto od ovoj zakon ako ova e tocno najgolem procent se od ovie bransi sto imaat kalfi i pomosnici na crno
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
I do kaj bidna rabotava go usvoija zakonot belkim i mene ce me osigura gazdata da vidam i jas nekoj air ama ne veruvam

Nema nisto od ovoj zakon ako ova e tocno najgolem procent se od ovie bransi sto imaat kalfi i pomosnici na crno
Моментално се зафатени со законот за оданочување на хонорарците и за исплаќањето на нивните придонеси, како и со измените на законот за високо образование.

Порано или подоцна, ќе им дојде на ред и овој идиотски закон за лиценцирање на работниците.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
парно, струја, водовод, плочки, паркет, малтерај, зидање, гипскартон, кров, прозорци, столбови, стопи, браварија, заварување, тишлерај, столарија, дограма.. има уште, ме мрзи да пишувам... СЕТО ОВА ШТО ГО НАБРОЈАВ е нешто за што постојат фирми, даноци, магацини.. сето ова е ФИЗИЧКА РАБОТА во која се употребува мисловен и физички труд, а не е потребно да вршиш набавки на материјали, туку само алат... Е ЗА ОВОЈ ТИП НА СТРУКИ зборував.. технички струки. работа со фирма или торба мајстор.

Ovio se najgolemi neplacaci od moj primer vi kazuvam a i ne mislat da placat
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Nema nisto od ovoj zakon kako ce se dokaze deka ne zivee 300 m od onoj koj sto go viknal da ne nosi inpekcija metar pa da meri tocno 300 m eden zakon ne donesoa kako sto treba a da funkcionira

http://plusinfo.mk/vest/9725/trud-i-socijala-domakjinstvata-nema-da-bidat-kaznuvani-ako-angaziraat-neregistriran-moler

Труд и социјала: Домаќинствата нема да бидат казнувани ако ангажираат нерегистриран молер

Со членот 6 од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, се наведуваат и одредените исклучоци, па така домаќинствата покрај што не треба да се плашат ако повикаат сосед да им заврши некоја занаетска работа, нема да плаќаат ниту ако ангажираат нерегистриран молер, на пример, порачува Министерството за труд и социјала, реагирајќи на некои детали од текстот „Казна од 3.000 евра ако повикате нерегистриран молер“.

Труд и социјала вели дека домаќинствата се исклучени во казнените одредби на овој закон.

„Согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, поточно со членот 6 се дефинира кои активности на физичките и правните лица се сметаат за нерегистрирана дејност, но се определуваат и исклучоците од активности на физичките и правните лица кои се не сметаат за вршење на нерегистрирана дејност. Еден од исклучоците согласно ставот 7 од членот 6 е дека нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и услуга извршена за потребите во домаќинството.Согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, за нерегистрирана дејност нема да се смета ако физичко лице го повикаат молерот во домаќинството, додека ако правно лице го ангажира молерот, молерот мора да има регистрирано претпријатие или ако се вршат работи кои се надвор од дејност на правното лице (молерисување) мора да има склучено договор со молерот за самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа“, се вели во дописот од Министерството за труд и социјала.[DOUBLEPOST=1419903247][/DOUBLEPOST]opa sega go citam i ova aj so sreca neka e

Ангажирањето на нерегистрирани молери, електричари, преведувачи или наставници, ќе ве чини од 2.000 до 3.000 евра. Доколку пак ги ангажира фирма тогаш таа ќе плати глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра. Собранието денеска го усвои Законот за забрана на нерегистрирана дејност кој ќе стапи на сила за три месеци.

Според Законот, казни ќе треба да платат и работодавачот на фирмата, но и лицето кое нелегално извршува дејност. Тоа ќе добие и дополнителна глоба од 3.000 до 10.000 евра, бидејќи извршува нерегистрирана дејност и ќе му биде одземена опремата. Доколку во рок од една година делото се повтори, ќе следуваат и прекршочни пријава. Прекршочните одредби предвидуваат глоба во износ од 10 до 20 илјади евра во денарска противредност за работодавач - правно лице кое врши нерегистрирана дејност.


eve dupka vo zakonot koj sekoj ce ja iskoristi :(


Законот меѓутоа предвидува можност граѓанин да може да го повика својот роднина или сосед молер, електричар или преведувач да му помогне, но само ако за извршената работа не треба да му плати. Во дозволени работи за кои нема да се плаќа глоба ако бидете откриени, е и извршувањето на работи за сопствени потреби, продажба на стара облека, работата во итни и вонредни ситуации, работа која не се извршува редовно, изведувањето и презентирањето на творештвото на уметниците.

Пазарџиите исто така се изземени од законот. Тие не треба да регистрираат дејност, бидејќи веќе плаќаат паушален данок.

Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност се однесува и на физички и правни лица кои имаат седиште или престојувалиште надвор од територијата на земјава, а дејност ја вршат во неа.

Владата го најави Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност како одговор на сивата економија и намалување на затајувањето и евазија на данок и заштита на потрошувачите. Владата убедува и дека овој закон треба ќе овозможи поголема заштита на работничките права, ќе се поттикнуве на формалната и намали неформалната економија и ќе се обезбедат подобри услови за развој на претпријатијата и зголемување на бројот на пријавени работници.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Значи и официјално, за 3 месеца од сега, во Македонија повеќе нема да има слободна професија, туку само регистрирана професија.

Бог нека ни е на помош !!!

http://vistina.mk/2014/12/29/usvoen-zakonot-za-zabrana-i-sprechuvan-e-na-vrshen-e-neregistrirana-dejnost/

Усвоен законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност

29.12.2014 | 15:43

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 29. седница во второ читање го усвои Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност чија цел е намалување на сивата економија, зголемување на бројот на работни места, унапредување на работничките права, сузбивање на нелојалната конкуренција, намалување на затајувањето и евазија на данок и заштита на потрошувачите, пренесува МИА.



Тој треба да го спречи вршењето нерегистрирани дејности од поголем обем, а не ги опфаќа работата и услугите во домаќинствата, работата за сопствени потреби, соседската помош и семејната помош, работата во итни и вонредни ситуации…

Со овој закон треба да се овозможи поголема заштита на работничките права, да се влијае на поттикнување на формалната и намалување на неформалната економија и да се обезбеди подобри услови за развој на претпријатијата и зголемување на бројот на пријавени работници за да можат да си го остварат своето право на здравствено осигурување или можност за остварување семејна или инвалидска пензија.

Со законското решение се дефинира нерегистрираната дејност како дејност која ја врши правно лице кое не е запишано во посебните регистри утврдени со закон, не поседува законски пропишан акт, вршење дејност од страна на физичко лице која не е регистрирана кај надлежен орган, како и вршење дејност од страна на физичко лице без да поседува пропишан акт за исполнување на условите за вршење на дејноста, како и кога правни и физички лица вршат дејност спротивно на забраната за вршење дејност изречена од надлежен орган.

Со законот се утврдуваат и повеќе исклучоци, односно за нерегистрирана дејност нема да се смета работа за сопствени потреби, семејна и соседска помош, продажба на лични и користени предмети, работа која се врши без финансиски надомест или друга материјална корист, работа која не се извршува редовно, изведувањето и презентирањето на творештвото на уметниците. За нерегистрирана дејност нема да се смета ниту дејноста која ја вршат физички лица преку продажни места на организирани зелени пазари кои се регистрирани во УЈП, како и услугите за потребите на домаќинствата, како за поправки, ангажирање куќни помошнички.

Законот треба да ги опфати поголемите неплаќачи на даноци и социјални придонеси, кои индиректно вработуваат други работници за кои не плаќаат никакви давачки, не се осигурани. На таков начин, појасни, освен што ќе се овозможи унапредување на правата на работниците, ќе се создават услови и за намалување на нелојалната конкуренција, но и сивата економија.

Предвидени се и прекршочни одредби и казни. Доколку надлежните констатираат вршење нерегистрирана дејност да состават записник и да донесат забрана за вршење на дејноста додека не се регистрира кај надлежен орган, во период не подолг од 30 дена. Прекршочните одредби предвидуваат глоба во износ од 10 до 20 илјади евра во денарска противредност за работодавач правно лице кое врши нерегистрирана дејност, глоба во износ од 3 до 10 илјади евра за физичко лице кое врши нерегистрирана дејност како и глоба во 2 до 3 илјади евра за работодавач ако овозможува извршување нерегистрирана дејност односно ако е соучесник.

Законот ќе почне да се применува три месеци по неговото донесување.

Во второ читање Собранието ги усвои измените и дополнувањата на законите за Централен регистар, за угостителска дејност и за контрола на извозот на стоки и технологии со двојна употреба.

Измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар треба да утврдат надлежност на Централниот регистар да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочна санкција и да ги пропише условите за формирање прекршочна комисија во рамките на Централниот регистар и нејзините надлежности за изрекување на прекршочните санкции за прекршоците кои се утврдени со Законот за трговските друштва.

Пратениците ги усвоија во второ читање и законските измени за административни службеници и за вработените во јавниот сектор, за домување, за постапување со бесправно изградени објекти и за просторно и урбанистичко планирање.

Собранието ќе ја продолжи седницата по редовната едночасовна пауза.

извор:Курир.мк
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Еве го предлог законот- има само 18 члена а казните се огромни
..................
ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ


I. Општи одредби


Член 1

Со овој закон се уредува што е вршење на нерегистрирана дејност, исклучоците кои не ја опфаќаат таа забрана, соучесниците во вршењето на нерегистрирана дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита на појавата на неригистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби.

Член 2

(1) Правно лице во смисла на овој закон се смета: трговското друштво, подружница организирана од странско трговско друштво, задруга, установа и друго правно лице кое врши дејност.

(2) Физичко лице во смисла на овој Закон е трговец поединец, физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност, лица кои вршат услуги или слободни занимања и друго физичко лице кое врши дејност.


Член 3

Одредбите на овој Закон се однесуваат и на правни и на физички лица кои има седиште или престојувалиште надвор од територијата на Република Македонија, а својата дејност ја вршат на подрачјето на Република Македонија.

Член 4

Значење на употребени поими

Одделните изрази употребени во овој закон го имаат следното значење:

-„Работа за сопствени потреби’’ се смета активноста која непосредно ја извршуваат одговорните лица или вработените во правните лица или физичкото лице кое врши регистрирана дејност заради одржување, поправка или подобрување на работните простории кои се во сопственост или под закуп ги користи правното или физичкото лице, како и отстранување и спречување на дефекти на подвижни предмети кои се во сопственост или кои под закуп ги користи правното или физичкото лице.

-,,Семејна помош’’ се смета активноста која непосредно ја врши физичкото лице во корист и за интерес на лицето со кое е во роднинска врска или однос на старателство, како и на лицето со кое живее во заедничко домаќинство, без оглед на тоа дали се во роднинска врска или старателство.

-,,Регистар на други правни лица” е регистар кој го води Централниот регистар согласно Законот за едношалтерски сиситем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

-,,Соседска помош’’ се смета вршење на работа помеѓу соседите кога помеѓу нив не постои склучен договор за работа, односно работата се врши без плаќање или друга материјална корист, истата не се врши редовно и истата да не ја вршат правни или физички лица регистрирани за таа дејност и работата да не се врши како одговор на објавен оглас.


II.Вршење нерегистрирана дејност

Член 5

Се забранува вршење на нерегистрирана дејност на правни и физички лица утврдена со овој закон.

Член 6

(1) За нерегистрирана дејност во смисла на овој закон се сметаат следниве активности:

-кога правното лице извршува дејност која не е запишана во другите посебни регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар,

- кога правното лице нема законски пропишан акт за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејностиздадени од надлежен орган во согласност со закон,

- кога физичкото лице врши дејност која не е регистрирана кај надлежен орган,

- кога физичкото лице не поседува законски пропишан акт со кој ги исполнува условите за вршење на регистрирана дејност издадени од надлежен орган во согласност со закон и

- кога правното или физичкото лице врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност изречена од надлежен орган.

(2) Согласно со ставот (1) од овој член нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност вршењето на други дејности кои што се потребни за извршување на дејноста која е запишана во трговскиот или друг со закон предвиден регистар, или вообичаено се извршуваат заедно со регистрираната дејност.

(3) Согласно со ставот (1) од овој член нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност повременото вршење на дејност за која со посебен закон е исклучена обврската за регистрација на дејноста кај надлежен орган и во Министерството за финасии - Управата за јавни приходи.

(4) Согласно со ставот (1) од овој член нема да се сметаат за вршење на нерегистрирана дејност следните активности: работа за сопствени потреби, семејна помош, соседска помош, продажба на лични користени предмети,работа која се врши без финансиски надоместок или друга материјална корист и ако работата не се извршува континуирано.

(5) Согласно со ставот (1) од овој член нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност на физички лица кои вршат дејност на зелените пазари, запишани во регистараот на Управата за јавни приходи и кој се оданочуваат за дејноста што ја вршат.

(6) Согласно со ставот (1) од овој член нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и извршувањето на нужна работа за спречување на несреќи или отстранување на последици од природни и други несреќи.


Член 7

Правното или физичкото лице кое овозможува вршење на нерегистрирана дејност согласно со членовите 6 и 8 од овој закон се смета за соучесник во извршувањето на нерегистрираната дејност.

Член 8

(1) Согласно со овој закон за соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност ќе се смета и физичко или правно лица кое нарачува или посредува за вршење на нерегистрирана дејност, ако физичкото или правното лице знаело или можело да знае дека станува збор за вршење на нерегистрирана дејност.

(2) Нарачателот е должен при нарачувањето на огласот да наведе податоци за идентификација: тековна состојба од Централен регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица.

(3) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (2) на овој член.

(4) Субјектот кој го врши огласувањето има обврска за чување на податоците за идентификација во рок од една година од објавување на огласот.

(5) Субјектот кој го врши огласувањето има обврска на барање на органите на надзор да им дозволи да извршат увид во податоците за идентификација на нарачателот на огласот.

(6) Ако огласувачот не постапи согласно со овој член се смета за соучесник.


III. Инспекциски надзор

Член 9

(1) Инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон вршат органите на државната управа надлежни за работите на инспекциски надзор кои ги координира Инспекцискиот совет и Управата за јавни приходи.

(2) За утврдените прекршоци согласно овој закон овластените подносители поднесуваат барање за поведување на прекршочна постапка до прекршочните комисии или надлежен суд за одлучување по законите и другите прописи од соодветната дејност.


IV.Управни мерки

Член 10

(1)Во спроведување на инспекцискиот надзор од членот 9 од овој закон,надлежниот инспектор на лице место констатира дека се врши нерегистрирана дејност, ќе состави записник за утврдената фактичка состојба и ќе донесе решение за забрана на вршење на нерегистрираната дејност во траење од 30 дена или до денот на регистрацијата кога:

- правното лице извршува дејност која не е запишана во другите посебни регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар;

- правното лице нема законски пропишан акти за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност издадени од надлежен орган во согласност со закон;

- физичкото лице врши дејност која не е регистрирана кај надлежен орган;

- физичкото лице не поседува законски пропишан акт со кој ги исполнува условите за вршење на регистрирана дејност издадени од надлежен орган во согласност со закон и

- правното или физичкото лице врши дејност спротивно на изречената забрана за вршење дејност изречена од надлежен орган.

(2) Доколку правното или физичкото лице неовластено го отстрани запечатувањето на работните простории или простори од деловен карактер, инсталациите, уредите и другата опрема за работа или опрема која е наменета за работа или за друг погоден начин соодветно ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик.

(3) Решението од ставот (1) на овој член се извршува без одлагање по извршениот инспекциски надзор со запечатувањена работните простории или простори од деловен карактер, инсталациите, уредите и другата опрема за работа или опрема која е наменета за работа или за друг погоден начин. Кога околностите на случајот тоа го бараат, запечатувањето на работните простории или простори од деловен карактер по исклучок може да се спроведе најдоцна во рок од три дена од денот кога е извршен инспекцискиот надзор односно од денот кога е издадено решението.

(4) Органите на државната управа надлежни за работите на инспекциски надзор кои ги координира Инспекцискиот совет и Управата за јавни приходи се должни меѓусебно да ги разменуваат податоците.

`(4) Управата за јавни приходи во вршење на работите од својата надлежност во даночна постапка кај нерегистрирани даночни обврзници е должна за истото да достави известување до органите на државната управа надлежни за работите на инспекциски надзор кои ги координира Инспекцискиот совет.

(5) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен во рок од осум дена. Жалбата не го одложува извршувањето на решението.

Порамнување

Член 11

За прекршоците утврдени во овој закон, надлежниот државниот инспектор е должен на сторителот на прекршокот, пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка да му предложи постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците.

Одземање на предмети

Член 12

(1)Ако при инспекцискиот надзор се утврди повреда на член 6, 7 и 8 од овој закон на сторителот на прекршокот – правно или физичко лице привремено ќе му се одземат предметите, опремата и средствата со кој е направен прекршокот или настанале како резултат на сторување на прекршокот.

(2) Инспекцискиот орган за одземените предмети, опрема и средства на сопственикот му издава потврда за привремено одземените предмети, опрема и средства и е должен да му ги предаде на надлежниот суд за понатамошно постапување.

(3) Привремено одземање на предмети, опрема и средства од сторителот на прекршокот може да се изврши само доколку се исполнети условите од член 13 став (4) од овој закон.


Мандатна казна

Член 13

(1) За прекршокот од член 6 од овој закон се одредува мандатна казна во висина од 1.500 евра во денарска противвредност, а за прекршок од член 7 и член 8 од овој закон се одредува мандатна казна во висина од 1.000 евра во денарска противвредност.

(2) Кога службеното лице што врши инспекциски надзор ќе утврди дека сторителот на прекршокот сторил прекршок од член 6, 7 и 8 од овој закон, на сторителот на прекршокот на лице место ќе му врачи мандатен платен налог во кој се наведени битните елементи согласно Законот за прекршоци.

(3) Ако сторителот доброволно не ја плати глобата од ставот (1) на овој член, или во рок од осум дена, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и службеното лице ќе го достави до органот надлежен за присилно извршување за негово извршување.

(4) Ако сторителот на прекршокот го повтори прекршокот или направи нов прекршок утврден со овој закон во рок од една година, за повторениот или новиот прекршок надлежниот орган ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка согласно закон.

(5) За сторените прекршоци утврдени со овој закон се водат посебни регистри кај органите што вршат надзор над овој закон, чии податоци се должни да ги достават до Инспекцискиот совет кој води единствен регистар. Форма и содржина на посебните регистарот ќе ја пропише министерот надлежен за работите од соодветната област, а за единствениот регистар Инспекцискиот совет, со правилник во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон.


V. Прекршочни одредби

Член 14

(1)Глоба во износ од 6.000 до 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач-правно лице:

- кога правното лице извршува дејност која не е запишана во другите посебни регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар (член 6 став (1) алинеја 1);

- нема со закон пропишан акт за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност или (член 6 став (1) алинеја 2)и

- врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност (член 6 став (1) алинеја 5 ).

(2) Глоба во износ од 30% во денарска против вредност од одмерената глоба за прекршокот од став (1) од овој член ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршокот од став (1) од овој член на работодавач- физичко лице.


Член 15

Глоба во износ од 6.000 до 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице ако :

- врши дејност која не е регистрирана кај надлежен орган (член 6 став (1) алинеа 3)

- врши дејност за која нема со закон пропишан акт за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност (член 6 став (1) алинеа 6)

- врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност (член 6 став (1) алинеја 5 ).



Член 16

(1) Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот на работодавач-правно лице ако:

- на друг како соучесник овозможува извршување на нерегистрирана дејност (член 7).

(2) Глоба во износ од 30% во денарска против вредност од одмерената глоба за прекршокот од став (1) од овој член ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршокот од став (1) од овој член на работодавач- физичко лице.

(4) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршокот од став (1) од овој член нa физичко лице.


Член 17

(1) Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот на работодавачот правно лице ако:

-е соучесник во вршење на нерегистрирана дејности (член 8 став (1));

-при нарачувањето на огласот правното лице како нарачателот не наведе податоци за идентификација: фирма, седиште на фирмата, единствен матичен број на субјектот, име е презиме на одговорно лице или име и презиме на нарачателот, негово живеалиште односно престојувалиште (член 8 став (2));

-објавил оглас без да нарачателот на огласот достави податоци за идентификација за фирма, седиште на фирмата, единствен матичен број на субјектот, име е презиме на одговорно лице или име и презиме на нарачателот, негово живеалиште односно престојувалиште (член 8 став (3));

-субјектот кој го врши огласувањето не ги чува податоците за идентификација во рок од една година од објавување на огласот ( член 8 став (4)) и

- субјектот кој го врши огласувањето на барање на органите на надзор не дозволи да извршат увид во податоците за идентификација на нарачателот на огласот (член 8 став (5)).

(2) Глоба во износ од 30% во денарска против вредност од одмерената глоба за прекршокот од став (1) од овој член ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршокот од став (1) од овој член на работодавач- физичко лице.

4) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршокот од став (1) од овој член нa физичко лице.



Член 18

(1) Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во ,,Службен весник на Република Македонија’’.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Имаме категорија „соседска помош“. Како на пример, ако имаш пријател што не е од твое маало, не се важи.

Убијте се.
 
Т

Триптико

Гостин
Колку што за сметководители има лиценци, толку и за ова ;)
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Како ќе дознае инспекторот дека јас сум викнал нерегистриран работник да ми го поправи бојлерот? Кои ќе му бидат доказите? Кај мене дома ќе влегува со фотоапарат?
 
Т

Триптико

Гостин
@kviki комшијата ќе те пријави. Ти текнува во која држава и со кое племе живееш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom