Нема повеќе слободна професија, само регистрирана професија

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.564
Поени од реакции
22.662
Зарем ти мислиш дека некој прави големи пари, од повици ?
Голем дел од тие што се на повик, работат и во обични фирми, ова му е колку да долеби до крај на месецот.
Исто така, зарем мислиш дека кога ќе повикаш некоја фирма и ќе и кажеш мене ми треба услугата од 18 часот бидејќи до тогаш сум на работа, ќе ти речат ние не работите после 15 часот, ќе се сожалат на тебе да ти завршат некоја смена на чешма во термин ти кога сакаш?
Кај македонските фирми нема купувачот секогаш е во право, ако тебе ти треба нешто во одреден период, ќе си земеш слободен ден за да го завршиш тоа срање, а не да им го пореметиш работното време на така наречените мајстори.
Најдобар пример ти се бутиците во и околку ГТЦ, работат секој ден освен недела. А најмногу муштерии имаат во сабота, бидејќи тогаш најголем дел од луѓето се слободни, до душа и во недела се, само никој не работи тогаш.
Такви се и мајсторските фирми, до душа скоро сите "услужни" фирми (услужни е во наводници затоа што глумат услуга)
Приватникот ако сака да си ги задржи муштериите ке оди кога ке има потреба да оди. Нема сакам нејќам. Ако нејќи тој ке оди некој друг и овај ке го изгуби муштеријата за цел живот.
Но тоа не е ни муабетот. Муабетот е нелојална конкуренција. Ти имаш дуќан, плаќаш се и сешто , а пред тебе некој ставил картон и ја продава истата роба по дупло помала цена оти му се исплаќа. Башка и зема социјално( пример) башка се води како невработен и не придонесува во пензискиот и здравствениот фонд а зема картончиња на основа на невработен, а потаму ке земи и пензија а денар не ставил во фондот. За тоа тука се зборува. Сега вие тоа ако го оправдувате тогаш незнам што да речам.[DOUBLEPOST=1414880437][/DOUBLEPOST]
Да ги тргнеме на страна луѓето што работат на црно. Што правиме со солидарната помош? Помошта без финансиска надокнада. Сите ние имаме роднини, пријатели, другари, колеги. Не е проблемот сузбивањето сузбивањето на сивата економија, проблемот е мешањето на државата во приватниот живот.
Колку што знам земена е во предвид солидарната помош.
А инаку како државата на пример би разликувала дали е некој кај тебе за пари или ти помага на пример?
Вие мислите дека на некој услуга му правите а уствари на долг рок баш тие нож во грбот ви стваат.
Тој некој нема ни да побара легална работа затоа што повеќе му се исплаќа да биди терет на државата и да ги користи сите бенефиции какви и да се тие отколку и сам да плаќа придонеси, за разлика од другите( во било кој сектор) кои наместо да ја земат цела плата одделуваат за придонеси кои во иднина еден ден ке ги користите заедно. Само што тој не придонесувал со ништо а делите заедно.
 
Последно уредено:

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Добро де одлично е што треба да има лиценци и ред на пазарот на труд но ме загрижува што Владата сака помалку конкуренција и да си ги штити своите фирми со вакви закони а не гледа сите да најдат работа ,значи се се врти околу лиценцирање на кадри на една партија а другите ќе се сметаат како неподобни и некадарни .

Значи проблемот го гледам во тоа дека ДРЖАВАТА не сака на убав начин да им објасни на сите занаетџии како треба да работат и да им даде предлог за цени туку вака ги плаши и сака да ги казни а со тоа да обезбеди повеќе работи за своите фирми.

Значи не е во ред ако веќе го прави тоа тогаш нека ги лиценцира и земјоделците со вакви мерки а не да им се подлизува со ФОНДОВИ и со олеснување на даноци бидејќи се многубројно гласачко тело.

Ако има ред за сите да има неможе да има олеснувања за некои поради интерес.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Aко си го прочитал и РАЗБРАЛ мојот пост, ќе видеше дека јас зборувам дека TВОЈАТА цена на услугата ќе порасне дупло (пример: aко си наплаќал 1000 денари, сега бидејќи ќе имаш нови издатоци со лиценците ќе наплаќаш 2000 денари), а не на ОНОЈ кој наплаќал 200 денари. Затоа не ме ни чуди зашто го подржуваш законот.

И ако државата ти мисли добро, зошто не го донесе финскиот модел на закони и истиот да го спроведува? Што мислиш?
очигледно ти не си го разбрал законот за кои групи на работници е... за мене не треба лиценца т.е. сертификат... мене не ми треба...[DOUBLEPOST=1414881526][/DOUBLEPOST]
Цивилизирана дискусија се води пред се со некој кој што е писмен, кој речениците ги почнува со голема буква, кој знае дека гајте е глупав србизам, такви работи.

И кој плус тоа не е куропушач. Ти не исполнуваш ниту еден од погорните услови.
гледам дека пушење курови ти е во глава релативно јако врежано...само напред, напуши се...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.817
Поени од реакции
12.118
очигледно ти не си го разбрал законот за кои групи на работници е... за мене не треба лиценца т.е. сертификат... мене не ми треба...
Не ти треба лиценца, а се жалиш дека луѓе без лиценца ти се нелојална конкуренција.

Каков циник си, не е никакво чудо тоа што го поддржуваш ваквиот закон против работниците.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Не можеш да кажеш за некој дека е неспособен, кога цела фирма отишла у курац.
Не го избркале само него, затоа што бил или не бил способен инжињер.
кога останал на улица, се видела неговата способност... од инжинер во алумина, станал квази молер... знам за многу луѓе од тоа време што останаа на улица.. добар дел од нив таксисти станаа... па ете ги, сите до еден лиценци извадиа, и не се жалат.. единствено за што се жалат, е немање доволно пари општо, такси занимањето е недоволен приход, впрочем како и повекето луѓе што се жалат, а од друга страна, купуваат се поскапи коли, велат дека во просек вадат 2500-3.000 дневно итн итн... не сум упатен, незнам дали и колку е профитот од тие дневни пари, ама не ми зигледа малку во секој случај...[DOUBLEPOST=1414881952][/DOUBLEPOST]
Не ти треба лиценца, а се жалиш дека луѓе без лиценца ти се нелојална конкуренција.

Каков циник си, не е никакво чудо тоа што го поддржуваш ваквиот закон против работниците.
колку цинички и покварено се обиде да изманипулираш со моите зборови и став алал да ти е... извини вака, ама јас не поддржувам закон ПРОТИВ РАБОТНИЦИТЕ!! и јас сум работник. само сум легален... јас го поддржувам овој закон кој ке ги лимитира оние што работат на црно... мен не ми треба лиценца бидејки имам фирма. молим те прочитај го законот пред да даваш вакви изјави. лиценци се за сите оние кои се “домашни хаос мајстори“ т.е. торбари. или, нека си регистрираат фирми, нека работат легално и на нив нема да им треба никаква лиценца... that simple .[DOUBLEPOST=1414882129][/DOUBLEPOST]
Добро де одлично е што треба да има лиценци и ред на пазарот на труд но ме загрижува што Владата сака помалку конкуренција и да си ги штити своите фирми со вакви закони а не гледа сите да најдат работа ,значи се се врти околу лиценцирање на кадри на една партија а другите ќе се сметаат како неподобни и некадарни .

Значи проблемот го гледам во тоа дека ДРЖАВАТА не сака на убав начин да им објасни на сите занаетџии како треба да работат и да им даде предлог за цени туку вака ги плаши и сака да ги казни а со тоа да обезбеди повеќе работи за своите фирми.

Значи не е во ред ако веќе го прави тоа тогаш нека ги лиценцира и земјоделците со вакви мерки а не да им се подлизува со ФОНДОВИ и со олеснување на даноци бидејќи се многубројно гласачко тело.

Ако има ред за сите да има неможе да има олеснувања за некои поради интерес.
е со ваков став се согласувам целосно... тотално си во право, околу тоа дека со различни аршини се гледа и пука на различна група на луѓе...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.776
Поени од реакции
82.797
Најдобар пример ти се бутиците во и околку ГТЦ, работат секој ден освен недела. А најмногу муштерии имаат во сабота, бидејќи тогаш најголем дел од луѓето се слободни, до душа и во недела се, само никој не работи тогаш.
Треба мислам, посебни дозволи за тоа. Кои коштаат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.817
Поени од реакции
12.118
колку цинички и покварено се обиде да изманипулираш со моите зборови и став алал да ти е... извини вака, ама јас не поддржувам закон ПРОТИВ РАБОТНИЦИТЕ!! и јас сум работник. само сум легален... јас го поддржувам овој закон кој ке ги лимитира оние што работат на црно... мен не ми треба лиценца бидејки имам фирма. молим те прочитај го законот пред да даваш вакви изјави. лиценци се за сите оние кои се “домашни хаос мајстори“ т.е. торбари. или, нека си регистрираат фирми, нека работат легално и на нив нема да им треба никаква лиценца... that simple .
Паметниот ти, легалниот бизнисмен, очигледно не си припаѓал на сиромашната класа и не знаеш што е тоа сиромаштија, повеќе од очигледно е дека си роден во среднокласно семејство кое секогаш наоѓало решенија за своите проблеми и никогаш не ти била економската и социјалната егзистенција доведена под знак прашалник, бидејќи во спротивно и ти денес би бил на страната на хаусмајсторите.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Паметниот ти, легалниот бизнисмен, очигледно не си припаѓал на сиромашната класа и не знаеш што е тоа сиромаштија, повеќе од очигледно е дека си роден во среднокласно семејство кое секогаш наоѓало решенија за своите проблеми и никогаш не ти била економската и социјалната егзистенција доведена под знак прашалник, бидејќи во спротивно и ти денес би бил на страната на хаусмајсторите.
иако не сум должен ништо да ти објаснувам, темава е за нешто друго а не за споредување социјален статус, сепак ке ти кажам... сум бил во ситуации да ги бројам металните парички за да купам леб и млеко... многу добро знам како е да немаш скршен динар... стручно лице како мене во својата професија не се фати за торбата да биде хаус мајстор. кога ми пукна филмот од тоа, не отидов да бидам нелегален мајстор туку си го најдов патот до запад, гастербајтерев некое време па со спечалот отворив фирма тука и легално работам, веќе скоро 15 години... да, за разлика од повеќето во тоа време што изнесуваа од државава, јас внесов некое денарче и почнав од 0 тука, да развивам сопствен мал бизнис, од стручен-технички карактер...

за твој малер, има барем 10-тина луѓе тука од форумов што ме познаваат лично па може и да ја потврдат сторијава... истото важи и за оној претходно што ме нарече дека сум во некој си штаб што куцка на тастатура... за малерот уште поголем да ви биде на сите плукачи, лично ме познава админот на форумов и знае дека сум 10-тина години постар од него... може и да потврди ако му е баш воља, еднаш сосем случајно се имаме видено, кај негов познаник...

и сега за што уште ке ме нападнеш? не несум дете, веројатно свати... во 4-та декада од животот сум...
ај сега да те видам тебе.. зашто си толку против овој закон? што тоа лошо ке му донесе на тебе и твоето семејство (жена, деца и родители)?
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.265
Поени од реакции
8.889
Прво Финска не е цела европска унија, кај ја најде баш неа.
Од таму колку се држави членки околу 20 ти баш ја најде една држава од каде господ корнер шутка.
Оти не ја зеде Грција на пример. И таа е во еу или не е ? Оти не ја зеде бугарија?
Така како поблиску до нас, ти се спири за Финска.
Toa e целта, нели? Финска била во корнер, Шведска била во скратен корнер, Луксембург е мал и безначаен, Австрија - исто. Зошто да се угледаме на нив, зошто да ги препишеме нивните закони? Според тебе, треба ли нам идоли во ЕУ да ни се Бугарија и Романија, земји корумпирани и зависни од Германија и евтин пазар на работна сила и млади жени спремни да си го продаваат сопственото тело за да опстанат и со национални политики кои им се темелат на режимите на Живков, Чаушеску и ним сличните? Или треба да се угледаме на Грција - една од најфашистичките и најксенофобичните земји во светот? Ама ним им се може, имаат јак грб и служат како последен одбранбен бедем пред малоумните милитанти од Блискиот Исток, затоа Европа ги трпи и им дава кредити. А нас зошто би не трпела?

За тоа ли требаше да ги земам за пример?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.817
Поени од реакции
12.118
иако не сум должен ништо да ти објаснувам, темава е за нешто друго а не за споредување социјален статус, сепак ке ти кажам... сум бил во ситуации да ги бројам металните парички за да купам леб и млеко... многу добро знам како е да немаш скршен динар... стручно лице како мене во својата професија не се фати за торбата да биде хаус мајстор. кога ми пукна филмот од тоа, не отидов да бидам нелегален мајстор туку си го најдов патот до запад, гастербајтерев некое време па со спечалот отворив фирма тука и легално работам, веќе скоро 15 години... да, за разлика од повеќето во тоа време што изнесуваа од државава, јас внесов некое денарче и почнав од 0 тука, да развивам сопствен мал бизнис, од стручен карактер...

и сега за што уште ке ме нападнеш? не несум дете, веројатно свати... во 4-та декада од животот сум...
Во четвртата деценија од животот си, а сепак се однесуваш како да си сеуште во втората деценија од животот, бидејќи во спротивно, би знаел дека не сите луѓе кои се на прагот на сиромаштијата ја немале, односно ја немаат твојата среќа да заминат на гастербајтерење во странство, па да се вратат со заштедени пари и да си започнат сопствен бизнис.

Но и меѓу тие кои успеале да отворат сопствен бизнис со заштедени пари откако се вратиле од гастербајтерење, не сите ја имале, односно не ја имаат твојата среќа да не им дојде инспекција и да не им го затвори бизнисот за најмала ситница.

Целта на овој закон е продолжување на досегашната политика на актуелната влада за истребување на средната класа, па сега кога сите со завршен факултет, а некои и со завршено средно, почнаа да вадат татарски пасоши и да фаќаат џаде во странство, на ред се тие кои себеси не се гледаат како бизнисмени, туку како локални мајстори кои ќе бидат викнати за поправка на телевизор, телефон, бојлер, шпорет, климатизер, фрижидер, или за молерисање, или за менување на врати или прозорци, или на фасонки, неонки, осигурачи или слични работи за кои баш и не е потребно некое посебно образование, а уште помалку па лиценца.

Целта на овој закон е истребување и на овие малку луѓе кои останаа и сеуште ја одржуваат средната класа во живот.

Со тек на време ќе секнат и парите кои Македонците од странство ги испраќаат на своите семејства, па кога-тогаш, порано или подоцна, ќе ви дојде редот и на тебе и на твојот легален бизнис, но кој ќе те брани тогаш тебе ?

Ти во своја одбрана ќе продолжиш да тврдиш дека работиш легално, но кој ќе ја поткрепува твојата одбрана ?

Како некој кој е во 4-та деценија од својот живот, би требал да ги знаеш зборовите на Мартин Ниемулер, германски лутерански пастир кој е познат по својата изјава за подемот на Адолф Хитлер и на нацистите во Германија, насловена Прво дојдоа:

Прво дојдоа по социјалистите, а јас молчев
бидејќи јас не бев социјалист.

Потоа дојдоа по синдикалците, а јас молчев
бидејќи јас не бев синдикалец.

Потоа дојдоа по Евреите, а јас молчев
бидејќи јас не сум Евреин.

А потоа, дојдоа по мене - и немаше повеќе кој да говори за мене.


Слично како тебе, Мартин Ниемулер на почетокот отворено и јавно ги поддржувал Хитлер, нацистите и нивните политики кога дошле на власт во Германија.

Кога му станало јасно дека поддржува тотално погрешни луѓе, веќе било предоцна за него, бидејќи завршил во концентрационен логор, каде што бил затворен од 1938 до 1945 година.

Но среќата била на страната на Ниемулер, бидејќи успеал да ги надживее Хитлер, Нацистичка Германија, Втората Светска Војна и Холокаустот, па така овој некогашен анти-Евреин станал многу попријателски ориентиран кон Евреите откако со свои очи посведочил за третманот од страна на нацистите кон Евреите во нацистичките концентрациони логори за време на Холокаустот, дочекал длабока старост и починал како слободен човек од природна смрт во 1984 година, на 92 годишна возраст, во Западна Германија.

Што мислиш, кога ќе ти дојде на тебе редот да завршиш и ти исто како и нелиценцираните мајстори кои толку ги нејќеш бидејќи наводно ти го крадат лебот ?

И какви ти се плановите за кога ќе дојдат такви времиња ?

Ќе останеш и ќе го жнееш тоа што си посеал со твојата поддршка кон оваа влада која е заколнат душман на средната класа и на работниците, или бидејќи веќе си бил на гастербајтерење во странство, ќе фатиш џаде надвор од Македонија и ќе ликуваш од надвор, гледајќи низ какви маки поминуваат Македонците поради владините одлуки кои луѓето како тебе ги поддржуваат ?
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.537
Поени од реакции
59.099
Господ од Финска шутирал корнер, ама ние не сме на терен туку на јужна.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Приватникот ако сака да си ги задржи муштериите ке оди кога ке има потреба да оди. Нема сакам нејќам. Ако нејќи тој ке оди некој друг и овај ке го изгуби муштеријата за цел живот.
У која држава живееш, мене тоа не ми е јасно, јас фаќав врски да ми стават интернет од T-HOME т.е за да завршам работа побрзо, да не правам муабет за Aircon (фирма за клими), се јавувам и она ми вика ние работиме до 16 часот, па и македонски пошти новото работно време им е од 9-17, само Комерцијална банка работи до 19 часот, сите други се до 17-18.
Кога луѓето се на работа и они се на работа, кога луѓето се слободни и треба да завршат некоја работа, тие не работат.
Мислиш гајле им е на фирмите за муштеријата, чукни си ја таа главата 3 пати во дрво[DOUBLEPOST=1414910016][/DOUBLEPOST]
Треба мислам, посебни дозволи за тоа. Кои коштаат.
Сакаш да кажеш, дека ми треба посебна дозвола да си го сменат работното време, како на пример, бидејќи од понеделник-петок немаат толку гужва може да работат од 15-20, а сабота и недела може од 10-21 ?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Како и да е јас разбирам дека лиценците се океј работа но да бидеме реални да имаше во Македонија реални плати немаше да има компјутерџии или молери кои излегуваат втора смена после работа за да заработат дополнително парче леб ќе си бркаа своја работа .

А фирмите кои нудат услуги кога им се јавуваш имаат работно време мораш да ги чекаш и на пример ако имаш дефект во 10 часот вечер нема шанси да го средиш истиот ден мораш да им се јавиш да дојдат утре во работно време кога си на работа и на крај плаќаш ДДВ за услугата.

Значи поентата ми беше нема срамота да има занаетџии и да си работат приватно но нема ни потреба државата да ги оданочува се додека својата работа ја работат само по потреба не се јавно рекламираат затоа што прометот е многу мал за да плаќаат данок.

Тука треба да се направи разлика меѓу занат кој носи многу пари тој да се оданочи и занат кој не носи доволно приливи на средства и тој да не се оданочува.

Еве една разлика кој прави повеќе промет тој шо мести прозори или тој шо тргува продава прозори.

Тоа ми беше поентата!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.265
Поени од реакции
8.889
парно, струја, водовод, плочки, паркет, малтерај, зидање, гипскартон, кров, прозорци, столбови, стопи, браварија, заварување, тишлерај, столарија, дограма.. има уште, ме мрзи да пишувам... СЕТО ОВА ШТО ГО НАБРОЈАВ е нешто за што постојат фирми, даноци, магацини..
Toлку ли не разбираш? Сите овие занаети што ги наброја воопшто немаат потреба од лиценца. Или да ти објаснам пластично:

Jaс ако градам вила, сигурно нема да викам самоуки мајстори, туку ќе ги викнам најдобрите фирми од Македонија.
Ако градам шупа, полско веце, кокошарник или плевна, зарем треба да ги ангажирам горенаведените фирми?

И ако навистина оваа држава се грижи за своите граѓани, ќе ги донесе финските закони.
А не милион пати на телевизија да слушам: Бранко е крив, криминална приватизација, дрн-дрн јариња.
Има транзициски богаташи кои си ги присвоија фирмите? Има. Има корумпирани функционери? Има. Има многу што се занимаваат со нелегални активности? Има.

Тогаш повелете, донесете го финскиот закон за потеклото на имотот, не плачете по телевизиите за време на предизборна кампања, не повторувајте како папагали едно те исто и не ни продавајте магла.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom