бутЕ
старлета
- Член од
- 29 март 2011
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 3.837
Во реакцијата, во која велат дека се згрозени од објавата на некрологот под кој се потпишани „негови македонски почитувачи“, Фондот и Меморјалниот центар потсетуваат дека Рудолф Хес бил именуван за заменик на Адолф Хитлер во 1933 година и имал голема улога во создавањето на антисемитските Нирнбершки закони две години подоцна.
- Би сакале да ги прашаме неговите почитувачи: Дали знаат што е нацизам?, Дали ја знаат идеологијата што нацизмот ја застапува?, Дали го знаат бројот на жртвите на нацизмот?, Дали знаат што значи конечно решение и холокауст? и Дали можат да одговорат на прашањето која е вината на милионите деца, меѓу нив и на новороденчиња на кои во гасните комори им беше окончан штотуку започнатиот живот? Се надеваме дека почитувачите на Рудолф Хес ќе се одважат и ќе одговорат на поставените прашања. Воедно би го поставиле и прашањето - дали не е време да се донесе закон за забрана ширење на антисемитизам и негирање на холокаустот?, стои во реакцијата.
Некрологот беше објавен во дневните весници „Вест“ и „Дневник“ чии уредник е Латас!