Некој што бил на Brainster (Графички Дизајн)

Член од
2 септември 2021
Мислења
6
Поени од реакции
1
Сакам да се запишам на академијата за графички дизајн на Brainster па сакам мислења и искуства од академијата.
Не сум почетник во Photoshop и Illustrator па сакам да го усовршам моето знаење во овие програми па сакам мислења за истата академија
Ви благодарам однапред. :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
382
Поени од реакции
1.284
Ако веќе имаш основни познавања на софтверот, пушти си Skillshare годишна претплата, 30тина долари е и имаш милијарда различни курсови ем за програмите, ем да опипаш правци во кој би се развивал. Останатите 1800 евра чувај си ги за хардвер.

Има многу, многу сериозни играчи кои вадат курсови на SH, и ем ќе се запознаеш со workflow-от на професионалците, ем ако си баш на почеток на ќе сфатиш шо ти е попривлечно за да се насочиш.

Исто би ти препорачал на долг рок да размислуваш за анимација (т.е. motion design) и/или 3D, пошто пазарот за регуларни дизајнери е доста сатуриран моментално и ќе ти треба додатен скил за да се одделиш од просекот кој преовладува.
Тука би ги препорачал курсовите на School of Motion, ако се потрудиш се наоѓат пиратски.

А ова нашиве академииве мене ми се преценети, не гледам шо би научил некој таму, а да не може сам онлајн, освен то и „приликите“ за работа по завршување кои ги нудат, ама па да платиш 1850 евра за „прилика за работа“ е ужасен концепт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom