Некои од чудата на Исус спомнати во Куранот

Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Чудата на Иса(Исус) а.с. спомнати во Куранот

Куранот ги споменува следниве чудеса на Месијата:

Уште додека бил во колевка зборувал како возрасен човек : „Тој ќе им зборува на луѓето уште во колевка, а и како возрасен, и честит ќе биде.“ (Али Имран 46).

И таа дојде со него кај народот свој, носејќи го. 'О Мерјем[1]'-рекоа тие- 'нешто нечуено си сторила! Еј ти, која според моралот наликуваш на Харун, татко ти не беше никаквец, а мајка ти не беше блудница'. Таа него им го посочи- 'Како да зборуваме со дете во колевка'- рекоа тие. 'Јас сум Аллахов роб-рече тој- Тој мене Книга ќе ми даде и веровесник ќе ме направи'. “ (Мерјем 27-30)
Од глина направил облик во форма на птица и кога вдахнал во неа, таа, со Божја волја, се претворила во вистинска птица. Исцелил човек кој бил роден слеп. Ги лечел лепрозните. Оваа болест била многу раширена меѓу Евреите и предизвикувала големи проблеми, ако го земеме предвид верозаконикот кој тогаш постоел во еврејското општество. Овие чудеса во Куранот се споменуваат во следните зборови на Возвишениот: „Кога Аллах ќе каже: ' О Иса, сине Мерјемин, сети се на благодатта Моја кон тебе и кон мајката твоја: кога со Џибрил[2] те помогнав, па со луѓето уште од колевка и како зрел маж разговараше; и кога на писменост и на мудрост, и на Тевратот[3] и на Инџилот[4] те научив; и кога со волјата Моја од глина направи нешто како птица и вдахна, и кога таа со волјата Моја стана птица; и кога со волјата Мојаод раѓање слеп и лепрозен исцелуваше; и кога со волјата Моја мртвите ги креваше; и кога од тебе синовите Израилови ги одбив, кога јасни докази им донесе, па тие меѓу нив кои не веруваа-викнаа: 'Ова не е ништо друго туку вистинска магија.' “ (Ел Маида 110). На луѓето им говорел што да јадат и што да складираат во своите домови.
На тоа укажува и следниов Курански ајет: „И ќе ви кажувам што јадете и што во домовите ваши натрупувате!“. (Али Имран 49). Од небото им спуштал на луѓето трпеза. Од оваа храна јадел тој и неговите придружници, а за тоа посведочува овој ајет: „Иса, синот Мерјемин рече: ' О Аллах, Господару наш, спушти ни од небото трпеза да ни биде празник, и на првите од нас и на подоцнежните, и чудо Твое, и снабди нè, а Ти си најдобриот Снабдувач.' “ (Ел Маида, 114).

www.povikkonvistinata.org
[1] Марија
[2] Гаврил
[3] Тора
[4] Евангелието
--- надополнето: 31 декември 2011 во 14:18 ---
А кога мелеците(ангелите) рекоа: „О, Мерјем, Аллах те ра-
дува со синот кој е создаден со Неговата Реч,
името ќе му биде Месих, Исис, синот
Мерјемин, ќе биде угледен и на овој и на оној
свет и ќе биде еден од блиските на Аллах!(3/45)

И кога Аллах рече: „О Исус, Јас душата ќе ти ја
земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам
од неверниците и ќе сторам тие што те следат
да бидат над неверниците сè до Судниот ден!
Потоа Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ви пре-
судам за тоа за што не се согласувавте!(3/55)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Какви црни чуда бе? Исус бил обичен човек како и Мухамед а Алах ако постои нема да ви се обраќа преку пророци туку лично и персонално ќе ви каже што како (пошо нели он ве создал).. чукнете си ја главата малку
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
A шо вели куранот за претварање на вода во вино?
Првото чудо кое по Новиот Завет Исус го направил беше претворање на вода во вино. Со виното тој му се преставил на светот.
 
V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Чудата на Иса(Исус) а.с. спомнати во Куранот
Иса, синот Мерјемин

(3/55)
Сваќам дека секој има право на свое одлучување какво име ќе носи во текот на својот живот но многу е апсурдно да се правите МУСЛИМАНИ а 50% од женскиот пол носат имиња на христијанска вера како на пр. Мерјем
Знам дека е офф-типик ама морам да ти го кажам ова .
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
A шо вели куранот за претварање на вода во вино?
Првото чудо кое по Новиот Завет Исус го направил беше претворање на вода во вино. Со виното тој му се преставил на светот.
не сакам да се вмешувам во религија, ама ова е- докажано

Кога ќе бидеш дрво пијан, да дојдам да ти дадам чаша вода и да ти речам дека во таа чаша виното е најубаво, 90 % би одговориле дека е најубавото.
Имав ист случај да бидам присутен каде што се пече ракија. Едниот човек беше пијан побара уште една чашка , и наместо ракија му дадовме вода, одговори дека таа била најубавата до сега што ја пробал. :D
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
не сакам да се вмешувам во религија, ама ова е- докажано

Кога ќе бидеш дрво пијан, да дојдам да ти дадам чаша вода и да ти речам дека во таа чаша виното е најубаво, 90 % би одговориле дека е најубавото.
Имав ист случај да бидам присутен каде што се пече ракија. Едниот човек беше пијан побара уште една чашка , и наместо ракија му дадовме вода, одговори дека таа била најубавата до сега што ја пробал. :D
Па не си читал библија, имено виното го пробал и како најдобро го оценил ПЕХАРНИКОТ. Во тоа време, побогати фамилии , аристократски, си имале на свадбата посебен човек кој се грижел за квалитетот и служењето на виното. Тој не бил гостин на свадба кој се пијанчел туку стручњак за оценка на вино , и спрема него виното кое Исус го создал било одлично.
 
Ќе проба од она буре од тоа буре , толку му треба домашно вино е. :D
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ќе проба од она буре од тоа буре , толку му треба домашно вино е. :D
Toј е професионалец, не голта него плука. Јас и ти да оценваме вино ќе се дамлосаме али тој - не.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Пишано ли е некаде во библијата или куранот дека водата ќе гори како плин? Ако не е тогаш одавна не се обновени и двете.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
Чудата на Иса(Исус) а.с. спомнати во Куранот

Чудата на Иса(Исус) а.с. спомнати во Куранот

Куранот ги споменува следниве чудеса на Месијата:

Уште додека бил во колевка зборувал како возрасен човек : „Тој ќе им зборува на луѓето уште во колевка, а и како возрасен, и честит ќе биде.“ (Али Имран 46).

И таа дојде со него кај народот свој, носејќи го. 'О Мерјем[1]'-рекоа тие- 'нешто нечуено си сторила! Еј ти, која според моралот наликуваш на Харун, татко ти не беше никаквец, а мајка ти не беше блудница'. Таа него им го посочи- 'Како да зборуваме со дете во колевка'- рекоа тие. 'Јас сум Аллахов роб-рече тој- Тој мене Книга ќе ми даде и веровесник ќе ме направи'. “ (Мерјем 27-30)
Од глина направил облик во форма на птица и кога вдахнал во неа, таа, со Божја волја, се претворила во вистинска птица. Исцелил човек кој бил роден слеп. Ги лечел лепрозните. Оваа болест била многу раширена меѓу Евреите и предизвикувала големи проблеми, ако го земеме предвид верозаконикот кој тогаш постоел во еврејското општество. Овие чудеса во Куранот се споменуваат во следните зборови на Возвишениот: „Кога Аллах ќе каже: ' О Иса, сине Мерјемин, сети се на благодатта Моја кон тебе и кон мајката твоја: кога со Џибрил[2] те помогнав, па со луѓето уште од колевка и како зрел маж разговараше; и кога на писменост и на мудрост, и на Тевратот[3] и на Инџилот[4] те научив; и кога со волјата Моја од глина направи нешто како птица и вдахна, и кога таа со волјата Моја стана птица; и кога со волјата Мојаод раѓање слеп и лепрозен исцелуваше; и кога со волјата Моја мртвите ги креваше; и кога од тебе синовите Израилови ги одбив, кога јасни докази им донесе, па тие меѓу нив кои не веруваа-викнаа: 'Ова не е ништо друго туку вистинска магија.' “ (Ел Маида 110). На луѓето им говорел што да јадат и што да складираат во своите домови.
На тоа укажува и следниов Курански ајет: „И ќе ви кажувам што јадете и што во домовите ваши натрупувате!“. (Али Имран 49). Од небото им спуштал на луѓето трпеза. Од оваа храна јадел тој и неговите придружници, а за тоа посведочува овој ајет: „Иса, синот Мерјемин рече: ' О Аллах, Господару наш, спушти ни од небото трпеза да ни биде празник, и на првите од нас и на подоцнежните, и чудо Твое, и снабди нè, а Ти си најдобриот Снабдувач.' “ (Ел Маида, 114).

www.povikkonvistinata.org
[1] Марија
[2] Гаврил
[3] Тора
[4] Евангелието
--- надополнето: 31 декември 2011 во 14:18 ---
А кога мелеците(ангелите) рекоа: „О, Мерјем, Аллах те ра-
дува со синот кој е создаден со Неговата Реч,
името ќе му биде Месих, Исис, синот
Мерјемин, ќе биде угледен и на овој и на оној
свет и ќе биде еден од блиските на Аллах!(3/45)

И кога Аллах рече: „О Исус, Јас душата ќе ти ја
земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам
од неверниците и ќе сторам тие што те следат
да бидат над неверниците сè до Судниот ден!
Потоа Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ви пре-
судам за тоа за што не се согласувавте!(3/55)

Во кyраишката верзија на Исламот вртат преданија во врска со Исус кои се познати не само од фолклорната орална традиција туку и од одредени апокрифи кои не се потполно веродостојни бидејќи се инфицирани од страна на антихристијанската и антиеврејската фракција, но затоа потполно атрактивни за сите оние кои што ревнуваат да го негираат, девалвираат или релативираат Спасението кое што Единствениот Вистински и Совршен БОГ лично го стори во Исус!

Таквите антихристијански ревнители забораваат дека Единствениот Вистински и Совршен БОГ (Елоах, Алах) во Исус не ни прати никакви книги, камени табли, или слично, туку преку својата Света Мудрост и својот Светол Дух ни се престави и покажа себеси, онака Каков што Вистински е’!

Тоа е вечното Евангелие и Совршената Вистина!

Се’ што е вистинско и добро во кyранот и кyраишката традиција, тоа е црпено од Вистината, сето другото е инфект на антихристијанскиот квасец, кој што потекнува од оној кој што го мрази Совршениот БОГ, Отецот на - во Исус Христос отелотворената - првородената Мудрост БОЖЈА!
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Сваќам дека секој има право на свое одлучување какво име ќе носи во текот на својот живот но многу е апсурдно да се правите МУСЛИМАНИ а 50% од женскиот пол носат имиња на христијанска вера како на пр. Мерјем
Знам дека е офф-типик ама морам да ти го кажам ова .
Dali bilo koja Hristijanka ima po ime "MERJEM" ?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Добро ти изгледа несваќаш дека Мерјем-Марија :tapp:
Ти знаеш дека некои имиња едноставно се интернационални? Марија е само еден пример. Кој може да стави власништво на име? Едино Христијан може да се каже дека е исклучиво христијанско. :tapp:
 
V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Ти знаеш дека некои имиња едноставно се интернационални? Марија е само еден пример. Кој може да стави власништво на име? Едино Христијан може да се каже дека е исклучиво христијанско. :tapp:
Но правилниците на верата поставуваат свои имиња за користење , а јас зборувам исклучително за мислиманите :D мислам дека сме јасни не зборуваме за глобализација па да ми кажуваш за интернационалност :tapp:
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Да но правилниците на верата поставуваат свои имиња за користење , а јас зборувам исклучително за мислиманите :D мислам дека сме јасни не зборуваме за глобализација па да ми кажуваш за интернационалност :tapp:
Ти изгледа само сам на себе си правиш смисла и си си во право....терај брат :rolleyes::facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom