Незнам што да правам..

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.521
Не го отварам топиков да кукам или да бидам attention-whore,туку искрено сакам совет како да пребродам овај катастрофален период од животот.

Влегувам во 17ка уште еден месец.Роден сум во релативно многу сиромашно семејство(ништо ново како Македонец).Со години живеев како во колиба,куќата беше разурната премногу..Пред 3 години со последни напори дома моите вложија некој денар да се реновира колку-толку.Цел живот сум тоа сиромашно дете од класот.Незнам што е тоа одмор,скапи алишта,скапи патики,да се курчам на инстаграм со Ауди-то на татко ми и тн итн.Годишно еднаш ми се купува алишта и патики и го носам година и повеќе,веќе патиките ми се искинати,алиштата не лича на ништо.Во средно се променив,ама околината во која живеам не.Родителите цел живот се оставале ама кратко,но сега беше финално да се отцепи еден од родителите.Останав со еден родител,со минимални примања.Ова беше најниското ниво на кое стасав сега.Незнам како ќе продолжам понатаки.Цело зимо носам патики,скоро секој ден нозете не ги осеќав кога ќе си дојдев дома.Во обид да си купам барем од најевтините гузерици да можам да газам и да не се тресам кога ќе стасам дома,пробав да најдам работа,ваљда како келнер,што и да е..Прашав кај што знаев за повеќе работи,но ништо.Искрено знам дека парите не носат среќа,но дојдов до тој степен што стварно ми требаа,и пробав да продавам тревче (никогаш не би помислил на вакво нешто,имам само 5 пати пушено пред година и повеќе,чисто од радозналост.) но и тука ништо.Имам еден другар меѓу малкуте,слична состојба како мојата има,правевме планови за грабеж (јеах од продавница фри сокчина си носевме дома оти немаше кој да ни купи) на продавница,или кладилница..Ама едноставно сега сум изгубен.Многу работи ќе ми се скрата во овај месец..Пари,пусти пари.
Другар генерација сме па ти ги знам маките.И јас потекнувам од работничка фамилија и не сум навикнат на убав живот но сепак сум имал лагодно детство поради способноста на моите и работењето од утро до мрак и пензии од нивните родители.Минус ти е шо се разделиле твоите затоа и си паднал и умствено и финански.Бегај од продавање на трава на ситно ќе те фатат ќе лежиш и уште толку ќе ти биде за никаде животот но овој пат до крај.Убаво ти дале совет за работа како келнер некој од Прилеп од форумов мислам дека ќе помогне.Со тие пари итно оди на курс по германски јазик и труди се да учиш за по некоја година да се прселиш во Германија.Ќе бидам искрен за ваквите случаји како твојот нема место во Македонија и не верувам дека во иднина ќе има.Немаш куќа ни пари па затоа ќе ти биде тешко да основаш фамилија а ако не ја основаш верувај ќе ти биде тешко цел живот.Запамети не влегувај никако во пороци ти кажувам од искуство.Со првата плата одма во курс за јазици а не во првата коцкарница.Инестирај во својата иднина.Далеку сум за да ти помогнам вака на било кој начин освен ако ти треба некој совет повели а инаку немој да се срамиш да ја прифанеш помошта која ќе ти ја понудат членовите од форумот кои се од Прилеп.Поздрав
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.864
Поени од реакции
7.552
Иди распрашај се кај некој бербер или фризер како што ги викаат сега дали ќе те земе таму. Може ради годините нема да можат да те вработаат но на пракса онака за помош може и ќе те прими некој да помагаш, метеш влакна, чистиш прашина, да ги зачистуваш после шишање муштериите и се што треба друго да помагаш. Можеби така и нешто ќе заработиш а плус ќе научиш малку и шишање, бричење, ќе стекнеш некој круг пријатели.

Исто добро е и ова што викаат да се вработиш во некој кафиќ како келнер.

17 години си можеби тоа ќе ти прави мал проблем за да влезеш на работа некаде но не се откажувај ќе има светлина во тој мрачен тунел кога тогаш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Претпоставувам дека имаш лап топ. Штом си одличен со Англиски, земи направи профил на Upwork.com и на Freelancer.com. Ако не си глота од човек, и ако имаш каква-таква работна навика, многу ке напредуваш.

Добрата ствар е што не ти треба познавање од конкретна област. Пробај се како Виртуелен Асистент ако си со добри организациски способности. Нема крај на тоа колку може да напредуваш.

Мило ми е што си свесен за ситуацијата во која се наоѓаш, и што си решен дека сакаш да смениш нешто. Само, ке ти треба упорност.

Ако имаш било какви прашања за платформата, слободно пиши ми, ке ти објаснам се.
Ова и јас сакав да го пишам. Каков келнер, работа во фабрика и уште помалку градежништво ако англискиот му е максимално усовршен.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.864
Поени од реакции
7.552
Битно е секаде да проба нема да изгуби ништо но само да се трга од лошо друштво, дрога, алкохол, кражби па и убиство. Во светот има луѓе кој посегнуваат и по вакви работи во вакви ситуации а најчести се самоубиствата поради семејни проблеми и финансиски проблеми.

Само позитивно и ќе биде добро.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Добар е малиот, отворил профил сабајлево, и чека да го одобрат. Ме радува што се труди.
Најбитно е што е свесен за ситуацијата и на еден или друг начин се труди да заработи и да им помогне на своите а и сам на себе.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Свесен е,но треба да вложи поголем труд.Со цврста волја,ќе успее.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.934
Поени од реакции
1.914
Без разлика дали е вистинска приказна на членот или не, вакви ситуации има многу на Балканот и ретко кој е храбар да збори и најчесто се подложени на предрасуди.


Обидот за криминал јас лично не го осудувам, луѓе сме сите грешиме поготово кога сме помлади, а и верувам дека нема човек што нема украдено на светов, така да момче не си сторил некој грев поготово доколку од ова си извадиш некоја поука...


Да кажеме дека таа вечер си направил добивка од 3000 ден, сума за која треба да работиш чесно 5 дена по 10 часа, а ти ги имаш добиено за 10 мин, без пот со забрзано чукање на срцето.
Лесни пари, зошто да не?
Ама запрашај се дали си човек или си џган, дали ти е битен образот или по секоја цена сакаш да си купиш сокче, чипсче, наик патика? Задоволстовот од сокот ќе ти помине за 10 мин, патиката ќе ти трае 1 год ама совеста ќе ти е за на век...
Знаеш како ќе провериш имаш ли совест или си џган на кој си го трошам моето време за одмор после 10 часовно рмбање граѓевина на студов?

Стави се на местото на тие што си ги ограбил или што и да е, тие се чесни луѓе кои хранат дечиња на твоја возраст, дали би ти било океј ти да си на нивното место?
Дали сакаш да го правиш тоа што не сакаш да ти го направат другите на тебе и твоите деца?


За работа работа има за преживување во државата колку сакаш само ако имаш воља да работиш...

Помошник во граѓевина, помошник во кујна, шанкер, бераш на овошје зеленчук не ти треба школа ниту години за ова,
ако си чесен и вреден секој ќе те прими, најверојатно ќе работиш на црно ама гајле ти е тебе оваа ситуација те тера на чесни пари.
И купи си сам кошула, патика, сок не чекај никој да ти даде или да ти најде работа, не ти треба милостина.
Засукај рукавите и бори се...
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
@downsizeArtist секој сам си ја креира среќата, ти тоа што (не) си наследил од своите родители заборави го, остави го во минатото. Гледај напред, вложувај во себе, во знаење, дај си цел и труди се да успееш. Нема предавање. Добри совети ти дале колегиве, да знаеш.

И уште нешто да имаш на ум - најдобрата инвестиција е инвестирањето во знаење.

Одлична вест е дека си го послушал видук! Така треба. (y)
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Значи дечкото праша за совет што да прави, а не да му солите памет за тоа како постапил или што направил. Ставете се на негово место и размислете како вие би постапиле, очигледно никогаш не сте биле на работ на егзистенција па затоа му попувате. Се прават грешки и тоа е тоа, живот иде даље не се замарај,
ОН: Отвори на vrabotuvanje.com.mk и креирај си CV на europass, најди огласи кои ти одговараат за работа и испрати на повеќе места, сигурен сум дека ќе те повика некој на разговор за работа. Со среќа друже!
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
По што дечкото е од Прилеп и има 17 години мој предлог би му бил да заврши средно, најпрво. Претпоставувам дека е добар ученик па би можел да се запише на Економскиот факултет тука во Прилеп. Скоро сите влегуваат во државна квота. Одзивот на факултетот последниве години е мал, посебно откако се изнаотворија еден куп факултети, во секое село што се вели.
Не дека факултетот нуди некоја голема перспектива тука во државава но како одскочна даска за студентска работа во странство ти е супер опција. Државна квота ти е 200 евра. Ако си добар студент и навреме си полагаш испити во 2 година комотно можеш да си аплицираш за државна стипендија. За стипендијата за социјални категории критериум ти е мислам да немаш високи примања, и 90% или 80% од испитите од прва година да ти се положени. Износот на стипендијата ти е некаде околу 500 евра, таман да си ги покриеш трошоците за студирање. Ако си добар студент, со просек, можеш да си аплицираш и за повисока стипендија.

Секоја година можеш да си аплицираш за работа во Германија како студент, McDonald's е најзастапена опција. Верувам си чул до сега за тоа, ако не, верувај ќе дознаеш. Само биди редовен на предавања и шири го кругот на пријатели. Јас имам пријатели кои останаа во Германија и се стекнаа со работна виза. Ако се покажеш како добар работник газдите сами ќе те побараат, дури и ќе ти понудат работна виза за подолг престој. Ако се одлучиш за оваа опција ти советувам да си го усовршуваш германскиот посовреме. Швабите ценат кога го знаеш јазикот.

Факултетот исто ти нуди и опција за Америка во текот на летото. Само оваа варијанта ќе ти биде малку скапа заради патните трошоци до таму и назад.
Кога мислам на факултетот не велам дека факултетот е инволвиран во наоѓањето работа во САД, туку дека постојат агенции кои што посредуваат за работа благодарение на твојот статус на студент. Само биди редовен студент и гледај да ги земаш испитите на време.

Ако имаш некакви афинитети кон компјутери или електроника, генерално добра варијанта ти е да си се запишеш електро, машински или информатика. Во Битола ги имаш тие факултети, мислам. На универзитетот св. Климент Охридски да бидам поконкретен. Е сега ќе патуваш со автобус до таму, малку е малтретирање можеби. Ќе треба да вадиш месечна карта, мислам оти е некаде 3000 ден. не ме држи за збор.
Ова зборувам ако си сериозен за учење и навистина те влечат овие работи.

Додека студираш можеш и да си бараш и работа. Да го искомбинираш факултетот со работата. Можеби ќе ти биде понапорно но ако си направиш план и правилно го користиш времето тогаш секогаш ќе си имаш пари во џеб колку за тебе, што да не и да помогнеш нешто и за дома. Келнер на пример ти е добра варијанта како работа додека студираш.

Додека студираш ти самиот ќе си видиш што најмногу ти одговара. Ќе се мешаш со колеги на факултет и од нив ќе дознаваш разни работи и мислења, ќе ти се прошират видиците со други зборови. Само биди активен, комуницирај и дружи се.

Е сега, ако сепак не се одлучиш да се запишеш на факултет од работните места кои ти се достапни во Прилеп за работа се: Гентерм - Прилеп, Кромберт и Шуберт во Битола, Дрекселмаер во Кавадарци. Од прилепските фирми немаш баш голем избор освен Гентерм и во некоја текстилна компанија од типот на Комфи Ангел, да работиш како магационер. Утовар растовар, градежно, за дистрибутер ти треба возачка, да земеш занает за редење "кнауф" кај некој мајстор, молер, чирак кај некој механичар...тоа ти се опциите горе долу во глобала.
Не значи дека и да дипломираш нема да завршиш таму. Факултетската диплома како што е општо познато не гарантира работа во државава. Ако немаш пријатели и врски тешка работа. Прилеп е мизерија за млад човек, како и секој друг провинциски град во државава.
Сепак, факултетот ти отвора некоја си мала искра надеж, баш поради работите кои ти ги набројав погоре.

Ако ти треба веднаш работа, некој ја спомена "печуркарата". Сезонска работа е, се преработуваат печурки, малини, вишни...зависно од сезоната. Мислам дека нема потреба да си пријавен за да работиш таму, нема договори и такви работи. Барем од она што го имам слушнато. Најдобро е да си се распрашаш.

Како и да е, што и да одбереш од предложените варијанти со сигурност ќе ти биде подобра одлука од колку тоа да крадеш или да дилаш трефче. Кога тогаш ќе наебеш. Мудро бирај ги пријателите. Некогаш е подобро да си сам од колку со погрешни луѓе. Арамиите и дилерите во градов се знаат, исповрзани се со полиции и со се живо. Еве кај мене во маало нема куќа каде што немаат провалено. Кај мене дома дури три пати до сега па ни трага ни глас.
Такви ситни риби ко тебе шо крадат сокчиња од продавница наебуваат во државава, големите арамии седат во фотеља во влада.
Затоа бери ум, подалеку од овие работи. Седи учи, усовршувај се. Учи занает, учи јазик, дипломирај...летни му ја од тука ако ти се пружи прилика. Млад си, имаш опции, животот е пред тебе.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Пошто си средношколец и уште се образуваш, ти треба некоја работа која ќе може лесно да ја прилагодиш согласно смената која си на училиште. Контактирав неколку другарчиња кои имаат кафич, во случај да им притреба келнер да ми дадат повратно инфо (прва работа што ми падна на памет). Второ, заврши средно, таман 18 ќе наполниш и ќе видиме со новава фабрика што треба да почни со работа, некоја апликација и влез во истата ако е можно. Тоа некаде на есен.
 
Член од
20 септември 2017
Мислења
174
Поени од реакции
230
Да се пофалам дека собравме еден куп алишта.
Едно големо фала до @Verdict и @Red John.
Детето денеска си ги зеде и алиштата и парите и искрено се заблагодари.
Шо е најважно, си нашол работа како келнер. (y)
Следен пат се надевам појчемина че се собериме и че му одиме на пиво.
п.с. @bucio слушнав имал нешто како бутик или продавница за облека, па можи да дај некоја пижама по набавна. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom