Абе ок, не знаеме како се пишат 10ки, па и на магистерски на општествени науки.
Ете дур си преведувала гугл ти за семинарски навечер и си се тепала за 10ка, некој укапирал дека појака работа е да си фати врски. Ете, тој имал посилна врска со реалноста и како стојат работите од тебе. Фрустрирачки, за жал, али тоа е.
Јас никогаш не би вработила особа со 10 просек. Освен гениј, а кај мене на факултет истите беа далеку од генијалци, освен што се молеа за оценки и одеа на сите консултации и доживуваа еуфорија кога ќе добијат 10ка, а се помалце беше блага депресија. Имаш деца што едвај завршиле факултет, па ќе ја сработат работата пет пати побрзо од некој со фин просек, кој истото ќе го оди пешки пошто не знае да се приспособи и не е флексибилен. Бубалче, без некоја логичка способност во пракса.
Штом не можеш да најдеш работа за твојата струка, а си ептен паметна ко што тврдиш, тогаш можеш да се прешалташ во друга струка. Битно е да ти фаќа кликерот и да сакаш да научиш. Само не изигравај жртва, сите сме биле во слична ситуација некогаш, ни јас не го учев на факс она што го работам, светлосни години е различно, па ете, не ми е уште падната круната од глава.