Недела неработен ден

Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.039
Поени од реакции
505
законов е катастрофа, глупаво е 2-3 града да работат (тапа е во недела со промет и со луѓе) а остатокот од државава да не работи башка скопје не работи а најголемо туристичко место е...Или сите да работат или никој да не работи
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
491
Поени од реакции
1.638
Највеќе го јадат тие што работата во маркетите во трговските центри како Capitol,City Mall, East Gate, кога ќе влезеш внатре мислиш митинг е. Или никој да не работи вклучувајќи ги и овие маркети или сите нека работат. Глуп закон како и да е, како и се друго во државичево што се прави "ради реда" така и овој закон е донесен, "ради реда".
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
759
Поени од реакции
290
Топ е законов, недела треба да си биди неработна. Одете Грција и видете колку повеќе слободно време имаат. Во Вторник попладне да одиме нити една продавница(освен тие за храна) не работи. Исто е и во Четврток. Банките во 14:00 затвораат. Недела не работна.

Е тоа е држава со силен синдикат.
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
491
Поени од реакции
1.638
Никој не вика недела да биде работен ден, туку да се донесе закон како што треба а не вака луѓено што работат во трговските центри во маркетите да не знаат глава кај им е.Како што кажав како и се друго во државава така и овој закон е тежок фушерај.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.039
Поени од реакции
505
Највеќе го јадат тие што работата во маркетите во трговските центри како Capitol,City Mall, East Gate, кога ќе влезеш внатре мислиш митинг е. Или никој да не работи вклучувајќи ги и овие маркети или сите нека работат. Глуп закон како и да е, како и се друго во државичево што се прави "ради реда" така и овој закон е донесен, "ради реда".
во право си бидејќи знам блиски што реаботат во маркет, законот требаше поинаку да го дефинираат (пример да се работи до 31 авг и крај пак недела не работен) а тие намерно оставија секој посебно да си го толкува законот...и во недела тапа е по маркетиве а се лакомат да работат цел ден
Автоматски споено мислење:

Топ е законов, недела треба да си биди неработна. Одете Грција и видете колку повеќе слободно време имаат. Во Вторник попладне да одиме нити една продавница(освен тие за храна) не работи. Исто е и во Четврток. Банките во 14:00 затвораат. Недела не работна.

Е тоа е држава со силен синдикат.
Законот е глуп, требаше за сите да важи а не како сега, струга охрид да работат а другите градови не, било ради туристите..пффф врска нема ето сега нема ни Т од туристи..шу преаиме? Тапа е низ градовите...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Глупав е законот, многу пари и државата губи пошто не работи трговијата еден ден у неделата. Настрана што нема живот у недела.
 
J

joli1

Гостин
Со законов се покажа вистинското лице на газдите широм државава, се покажаа колку се алчни и колку воопшто не сакаат да одвојат ни денар за вработените, а притоа максимално експлотирајќи ги.

Значи ОК беше кога вработените работеа цели викенди (сабота-недела), без денар плус, ама проблем е кога од газдата се тражи работникот да биде дополнително платен за работање во недела?

За мене лично најдобар закон донесен од оваа власт, ако сакаш бизнисот да ти работи и у недела што у цел свет се смета за неработен ден, тогаш лепо фино ќе си го искешираш вработениот.

Не знам ја за кое трпење на бизнисот зборите кога најмногу пари праат оние кои што си ги плаќаат работниците дополнително и работаат недела, лол, дуќани, тобака кои што работаат недела скоро сите дополнително се проширија со нови локали на сметка на оние смешни газдичиња што проблем му е дополнителна дневница да му даде на вработениот (која што патем четирикратно ќе му ја извади).

Не знам од кај моабети дека не се плаќаат, јас работев недела пошто таква ми беше работата и дополнително бевме платени.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.039
Поени од реакции
505
Во право си за законот и газдите, алќноста им е преголема. Законот е супер ама ако се почитува до крај а не вака како што е сега. Во врска со работата во недела и плаќањето не секој сака да работи и да биде платен, знам блиски луѓе што просто не сакаат да бидат платени туку сакаат ОДМОР, не е се во парите.
Ништо не губат таканаречените газди ако недела не се работи секако прометот тој ден им е помал него други денови дури сега им е помал во споредна со недели кога се работеше нормално пред Нова година. А тоа дека не плаќаат од прва рака ти кажувам на мој близок роднина што работи во голем и познат маркет, 2 месеци летово исти сати...едниот 2 недели другиот 3 недели...платата иста за двата месеци. Многу дубари се прават од страна на газдите на сметка на вработени и гледаат само ншто да им земат а ништо да не им дадат..РОБОВЛАДЕТЕЛСКО ОПШТЕСТВО
 
точно, не секој сака да работи во недела и да биде платен, но подобро е да си платен и да работиш во недела, отколку да работиш во недела и да не си платен.

јас четири години пројдов работејќи у недела бидејќи таква беше работата, денар не ми беше платен се додека не го донесоа овој закон, не дека милиони заработував после овој закон, но сепак тоа што работев во недела ми беше дополнително платено и ми значеше.

фирми кои што работаат во недела вртат солиден промет затоа што тие се единствена опција каде што можеш да пазариш или пак завршиш некоја работа, практички доколку работиш во недела немаш никаква конкуренција или пак е минимална. од моја перспектива - донекаде и се исплати.

иначе не ме чуди твојот моабет, не само што некои не плаќаат во недела, туку и К-15 сеуште не секој вработен зема, голем е и бројот на луѓе кои што работаат неосигурани, ама сепак, кривицата во овој случај не е само кај газдата туку и кај вработениот кој што чути и трпи, лепо фино анонимно ќе го пријавиш како што направи една колешка кога и исплатија само неколку илјади К-15 после повеќе од 6 месеци работење во компанијата, па инспекции, казни, па газдите сфатија дека поевтино им е да исплатат к-15 колку што треба, отколку да плаќаат казни за правни лица и инспекција да им го ремети работењето.

јас искрено не трпам многу работодавци, можеби затоа што сум млад и немам жена и деца за гледање ниту пак некој ќе трпи за леб, у случај да ми касни плата, да не ми исплатат к-15 целосно или воопшто, или пак да не ми ги платат прекувремените, одма ставам кључот на врата (како што имам еднаш направено), ги пријавувам анонимно и ќе ги тужам за непочитување на договорот за вработување од нивна страна.

во ниту еден случај да му се плашиш на работодавецот не се исплати, ако сам не си ги знаеш правата како работник и не си го бараш тоа што ти следува, нема никогаш ни да го добиеш од страна на работодавачот.

иначе мило ми е што се сложуваме дека газдите во Македонија се најголеми експлотатори, ова е држава каде што ни конобарот не е само конобар, туку и менаџер, и шанкер и чистач и бејбиситер на децата на газдата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom