Негативна енергија, но зошто?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Во последно време како што ги читам постовиве во темиве се повеќе имам чувство дека луѓево се разочарани од се, сите некако се наоѓаме во некоја безнадежна ситуација, полни со нервози, разочарани..

Денес случајно во автобус додека се возев една жена до мене со голема воздишка заклучи:

“Се млади луѓе умираат, весниците се полни со млади луѓе. Што е работава не знам. Дали проблеми или пак “немаштија“, невработеност-не знам што е работата„

Што е работата, жената е во заблуда или стварно е така?

Кога ги читав последните неколку постови од темата Драга Кајгана имав чувство дека се некако луѓево се негативно располежени, дали поради некој пријател, некоја случка во текот на денот....сеедно.

Како што поминува времето имам впечаток дека се повеќе луѓето се разочарани од своите односи од блиските. Почнуваат да ја губат довербата во пријателите и блиските.
Сите некако гледаат со скепса на општата ситуација во државава, сите гледаат вести а истовремено немаат надеж дека ќе биде подобро.

Секој ден нов број за донации и секако нова желба за дочекување на уште едно утрешно убаво сонце.

На економски план: Невработеноста расте, платите се исти, а ценита вртоглаво се зголемуваат.

Вчера гледам на Вести на едно семејство во Прилеп (мислам дека беше) им изгорела куќата до темел-татко и син кои се невработени, синот болен од епилепсија, без ниту еден роднина на светот. Немаат кај да ја поминат ноќта....

Истовремено се наоѓаме во една лоша состојба во која ненормално е голем притисокот за да се откажеме од она што е наше, она што е наш идентитет....уште една болка за поголемите и помалите патриоти.

Имам чувство дека и најголемите оптимисти стануваат песимиста-ако грешам поправете ме.

Или во превод:

Живееме во сиво време кое не ветува многу.

Што е причината за ваквиот глобален негативен тренд?

Што е причината за глобалното сивило?

Што е причината за секојдневното лошо расположение, за скептичноста? Туѓа игра или сопствена негрижа?

Што е причината за секојдневната разочараност на луѓето?

И секако како она сивило од горе да го претвориме во розев(ило) и да почнеме да размислуваме позитивно?

Да се запрашаме можеме нешто да направиме? Имаме ли моќ за тоа?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.750
Така е.
Готово.
Those Are The End Times!!!
 
oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
се е така како што си напишал друже, само одговорите на прашањата што си ги поставил се деликатни.... Мислам дека има разлика индивидуално, од човек до човек, од ситуација до ситуација..... А што можеме ние да направиме за сето тоа да не биде така? И мене тоа ме интересира.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Прво, поминувам најголем дел од денот со мојот ми другар-компјутер.....Ме зрачи, ме замара, ми дава и убави и лоши моменти, ме радува, ме разочарува но не можам без него.....Зависна сум од него....
Живеам во време кога мојата најдобра пријателка сака да ме гледа несреќна, сочувствува со мене:) Многу е среќна што ме има за пријателка...Во моментите на среќа никаде ја нема....
Гледам дека комшиите се фатиле в гуша за пола метар...Влегол во неговиот имот...
Мажот на мојата братучетка го гледам гушнат со неговата швалерка, кога ме виде ме преколнува да ќутам и да живеам со таа неправда...
Доаѓа колешка ми на работа, смрштена на кавгите со нејзиниот маж кој постојано се коцка....
Се движам по улиците, ме молат за некоја железна паричка, денот да го преживеат....
Една птица пролет не носи, така и со позитивната енергија.....
Причините City:
*Немаштија, неморал, технологија, динамика, систем, лакомост.....
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Отсекогаш имало млади кои страдале, семејства кои останувале без покрив над главата, луѓе кои не можеле да си купат леб... но тогаш немало интернет, немало компјутери и место каде што некој ќе може да го каже тоа и да си олесни на душата што се вика, немало мобилни оператори преку кои би се донирало за да се спаси нечиј штотуку започнат живот, но луѓето имале верба и надеж за подобро утре и тоа им помагало да преживеат и пократ се` шо ги опкружувало, нешто што во денешно време изумира.

Поентата е што луѓето се повеќе ја губат вербата и се откажуваат за ситници, поради еден мал пад мислат дека изгубиле се`. Некој/а раскинал/а со партнерот, добил/а послаба оцена на школо, и` се скршил ноктот ( и ред други слични работи ) и мислат дека тоа што ним им се случило е лошо, а не знаат дека СЕКОЈ ДЕН во светот по 5 388 млади се уапсени, 80 се силувани, 2 816 го нашуштаат школото, 1 377 тинејџерки стануваат мајки, 1 116 тинејџерки абортираат, 1 000 адолесценти почнуваат да конзумираат алкохол, 500 адолесценти почнуваат и со дрога, 420 ДЕЦА се уапсени поради користење дрога, 6 тинеџери извршуваат самоубиство... и ТИЕ мислат дека имаат кој знае какви проблеми, наместо да бидат среќни зашто не се жртви на силување, дрога, што не завршиле во затвор и што имаат што да јадат и удобен кревет за спиење, и најважно- што имаат луѓе што ги сакаат и се грижат за нив.

Проблемот е тоа кај нас, пребрзо се откажуваме, немаме повеќе борбеност, немаме воља, сите гледаат само како да се пожалат за нешто, наместо да се потрудат да допринесат на својата иднина и на иднината на оние во чии раце ќе го оставиме ова парче земја.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Проблемот е тоа кај нас, пребрзо се откажуваме, немаме повеќе борбеност, немаме воља, сите гледаат само како да се пожалат за нешто, наместо да се потрудат да допринесат на својата иднина и на иднината на оние во чии раце ќе го оставиме ова парче земја.
Да ОК е тоа, а што е причината за таквата ситуација (за немањето волја, за немањето борбеност), изгледа повторно причините лежат во моменталното сивило и моменталната состојба...и пак се вртиме во круг.така:?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Да ОК е тоа, а што е причината за таквата ситуација (за немањето волја, за немањето борбеност), изгледа повторно причините лежат во моменталното сивило и моменталната состојба...и пак се вртиме во круг.така:?
Поентата ми беше дека сивилото не е моментално, дека отсекогаш постоело, но луѓето успевале да се справат со него, или ако ништо друго- се бореле до последно.
А причината за недостиг на волја и борбеност лежи во самиот народ, а не во тоа што не опкружува ( зашто одсекогаш постоело и ќе постои, но менталитетот се менува ). Едноставно, сите се научиле дека лошите работи не може да се победат и решиле дека само ќе мрчат и ќе се жалат наместо да дејствуваат.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Да ОК е тоа, а што е причината за таквата ситуација (за немањето волја, за немањето борбеност), изгледа повторно причините лежат во моменталното сивило и моменталната состојба...и пак се вртиме во круг.така:?
Далеку од тоа дека не се бориме, едноставно ги има моментите фрустрација во која што сите ние живееме, не може никој од нас да избега од моменталното разочарување, сите сме подоложни.
Никој од нас не живее во розова бајка, но токму тоа е она што не тера да се бориме, да го живееме животот со сите негови добри и лоши страни.
Тоа е она што не тера да земеме воздух и да се разбудиме наредниот ден!
Општеството секогаш било сиво, секое време си има предности и негативности, моментите што ќе ги живееме се тие што ни остануваат и не буткаат напред!

Само јас сум непоправлив оптимист, не ми замерувајте!:smir:
 
Во денешно време баш тоа што никој не живее во розова бајка го тера да се откаже и да крене раце, за жал.
Ретки се тие што остануваат до последно на нозе и се борат за да стигнат до тоа што го сакаат.
 
Животот никогаш не бил одличје на совршенство, кога некој тоа ќе го разбере и ќе престане сам себе да се имплицира и проектира како неверојатна филмска улога во која сите среќно живеат, ќе разбере дека ги има моментите за кои сепак вреди да се живее.
Човекот е суштество кое што се навикнува на се!
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Животот никогаш не бил одличје на совршенство, кога некој тоа ќе го разбере и ќе престане сам себе да се имплицира и проектира како неверојатна филмска улога во која сите среќно живеат, ќе разбере дека ги има моментите за кои сепак вреди да се живее.
Тука си потполно во право.
Никогаш не бил совршен, но за разлика од некогаш, кога човекот знаел да живее над лошите мигови и покрај нив сепак да наоѓа причина да се насмее, сега само наоѓа уште поголема причина да се намурти.
Да, треба да престанат сите да се самосожалуваат и да почнат да го ценат животот и моментите за кои вреди да се живее.:smir:
 
\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
па како да нема песимизам и останатото, кога ќе видиш во каква држава живееме, какви се има на власт што секогаш ќе ти најдат нешто да те украдат, па фала богу после сите изнервирани и депримирани, секој ни е крив...
се разбира неможе животот секогаш да е розев ама кај нас оваа боја се поретко се наоѓа.

добредојдовте во 21 век (на црнила)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom