Невработеноста близу 35%

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Бројот на невработени лица во Македонија во првиот квартал од годината изнесува 319.919 лица, што претставува 34,8 отсто од вкупно активното население.

Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека во споредба со истиот период од минатата година, бројот на невработените лица бележи намалување од еден отсто. Истовремено, бројот на вработени лица во Македонија надмина 600 илјади, што претставува 65,2 отсто од активното население, кое заклучно со март брои 920.512 лица.

Бројот на вработените лица во првиот квартал од 2008 година спореден со истиот период од минатата година е зголемен за 3,7 отсто. Стапката на активност во овој период е 56,3 отсто, стапката на вработеност 36,7 додека стапката на невработеност изнесува 34,8 отсто, се вели во соопштението.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Пренапумпана бројка. Ралната цифра не вика толку. Со оглед на тоа што индивидуалните земјоделци не се регистрирани како такви во заводот(поради неинформираност дека треба, за да можат после зем. пензија да зимаат). Исто така не се одделени ни оние кои имаат авторски договор за работа, па се вбројуваат во „невработени“...

Ама добро, за публика е „солиден“ процент. :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Исто така не се одделени ни оние кои имаат авторски договор за работа, па се вбројуваат во „невработени“...
Малку оф топик, но дали знаеш дека по ново оние кои имаат договор за работа на дело не можат самите ни да си платат здравствено осигурување? Не дека не сакаат, сакаат - ама не им се дозволува, такво било правилото.

И да, реалната цифра на невработени е многу помала ако се земат во предвид и илјадниците вработени со договори (а не пријавени) во државната администрација.

Нели државата едно време ги забрани договорите на дело? За потоа прва да го прекрши правилото и да почне да прима административци на договор.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.016
Поени од реакции
596
Исто така има илјадници што работат на црно
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Абе во секоја земја има иљадници што работат на црно. Има ли негде каде нема? :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Нели државата едно време ги забрани договорите на дело?
Забранети се т.е. укинати се, наместо нив, има нова форма на таков договор, се вика „авторски договор“, и оди преку посебни правни фирми. Исти к*рац, друго паковање.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
„авторски договор“
Можеш да пишеш некоја информација повеќе, што е идејата, како (и дали) функционираат... или каде може да се најдат повеќе информации за договориве (од легален аспект) ?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Можеш да пишеш некоја информација повеќе, што е идејата, како (и дали) функционираат... или каде може да се најдат повеќе информации за договориве (од легален аспект) ?
Јас ќе ти пишам од реален аспект - бизнис даден на поклон на одредени индивидуи :)

Не си пријавен кај работодавецот, туку преку агенции од типот на Декра :)
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Јас ќе ти пишам од реален аспект - бизнис даден на поклон на одредени индивидуи :)

Не си пријавен кај работодавецот, туку преку агенции од типот на Декра :)
Декра и сличните на неа се агенции за привремени вработувања. Договорот што се склучува меѓу работодавачот и вработениот е договор за определено време и за истоиот уредно се плаќаат надоместоци за пензиско-инвалидско и здравствено осигурување. Што значи дека сите вработени преку тие агенции не влегуваат во вкупната цифра на невработени.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Значи.. пак се сведува на пријавување, квази редовен работен однос.

Што би значело, ради моронизамот на Македонските закони, не можеш да имаш два авторски договори активни во исто време (би дошло еквивалентно на тоа да си вработен на две места), така?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Декра и сличните на неа се агенции за привремени вработувања. Договорот што се склучува меѓу работодавачот и вработениот е договор за определено време и за истоиот уредно се плаќаат надоместоци за пензиско-инвалидско и здравствено осигурување. Што значи дека сите вработени преку тие агенции не влегуваат во вкупната цифра на невработени.
Па да де, тоа е тоа. Не по врат, по шија.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Малку оф топик, но дали знаеш дека по ново оние кои имаат договор за работа на дело не можат самите ни да си платат здравствено осигурување? Не дека не сакаат, сакаат - ама не им се дозволува, такво било правилото.

И да, реалната цифра на невработени е многу помала ако се земат во предвид и илјадниците вработени со договори (а не пријавени) во државната администрација.

Нели државата едно време ги забрани договорите на дело? За потоа прва да го прекрши правилото и да почне да прима административци на договор.
На овој момент мислев. Сите оние што беа со договор на дело се префрлија на договори на определено време, што значи ги има во бројката вработени, а не невработени.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Доколку е така, се извинувам, не сум знаел.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Така е :).
Него мене друг момент ми е спорен у цифрата на невработеноста. Каде се луѓето кои работат на странски проекти и земаат бруто плата која што е прилично висока во однос на нашата македонска. Дали ги има нив во таа цифра, уствари колкав е процентот на тие лице во вкупиот процент на невработени?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Имам пријател што работи во странска мисија, постојано вработен, пријавен...

За други незнам, ама сигурно има и такви кои не се.

По проценка, уште 50.000 од бројкава сигурно работат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom